Утре полна 38ма. @fana стварно не очекував Море да не надседи, за до крај еве го кај е, 2 недели Е сеа тешкичко е малку
@AngelOfArh ја мислев си 39-40 според последните постови твои . дека веќе е време да се породиш. а гледам во темата термини термин ти е 9 јануари . па имаш уште време ти. тоа не се знае кога ќе биде .дали порано или покасно. јас ќерками 39+3 ја родив. само позитивна мисла и ти посакувам лесен пораѓај
Баткото го родив во 34та, затоа беше стравот. Ама на ова му се уарни. Знам дека имам уште 2 недели, ама јас немам веќе сила. Стомакот ми е прилично мал и многу болат сите затегнување и мрдања негови, башка што едвај се движам од што ми тежи стомакот, не можам веќе. Движење, спиење, преместување, се ни е мачно. И сакам да поседи неделава, баткото ќе има приредба, дома да бидам за Нова година, ама па и сакам да излезе веќе да ми олесни, не можаааамммм....
@AngelOfArh ајде ситно си, уште малку . знам како ти е . веќе при крај е најтешко. јас пред да родам кога ќе рекле за некоја се породила еее супер зе излеснила. се чудев зошто така викале што е толку тешко. останав јас трудна.имав лесна бременост ама веќе при крај е баш тешкото и дури кога родив го дознав значењето на зборот се излеснила баш убав термин имаш можеби ќе биде баш новогодишно бебенце
Јас ви кажав дека имам чешање на табаните и дланките повремено, и кажав на бабица и ме прати да испитам крв, ми се јавија и ми кажаа дека имам малце покачени вредности ( не знам кои) и треба да одам уште некои испитувања да направат за да исклучат таа состојбата со излив на киселини, се надевам не е тоа, стварно не можам и тој стрес да го трпам. Вчера и денес многу ми е мачно нешто, бебе се качи мислам погоре и смени позиција и сега осеќам некаде под ребрата дека ме мава, ептен затегнато се осеќам и како прејадено. Цел ден лежам само, малце ме фаќа страв за летањево накај дома, ама не ми рекоа дека не можам, се води како нормална бременост, се надевам се ќе биде добро.
@1209 за другово не знам што да ти кажам, освен дека се надевам се да испадне во ред. За летањето, јас летав пред месец дена и супер поминав. Повеќе се измалтретирав со аеродромските процедури него ли летот што го осетив. Гледај да најдеш место да одмараш додека чекаш и немаш гајле. Тогаш тројца доктори ми потврдија дека не е проблем што ќе кетам. Потврда од лекар бараат после 28 недела мислам, ама секако бабицата ќе ти кажела ако било проблем. Не се секирај, башка Лондон е близу се ќе биде во ред.
јас од вчера 21ва бебе клоца штом решам да одморам денес прошетавме повеќе и се чуствувам дека ми тежи мешко па легнав ,може и дека ја дигнсв малава после долго време ....сега пиев магнезиум и лежам да одмарам абебе рита на макс......
Дали некој се соочил со мала тежина на бебе, и што сте направиле за да качи? 33 недела сум 1550 грама е, ми дадоа клексани 15 дена. И до утрогестан сум и скратен цервикс 20мм, на строго лежење. Јадам и количински и нутритивно колку што можам, и месо и јајца и млеко… цел живот сум 70 кила, сега моментално 81 кило сум, не знам од кај е килажава, стомакот ми е многу мал матичнава ми вика јадеш ли ти нешто…
Побарај совет за нутритивна и калорична исхрана, за тебе и бебето од нутриционист со резултат од крвна слика.
Прва бременост вкупно 8 лета, сега оваа бременост до сега имам 10 лета, а сум скоро 21 недела. Летањето воопшто не е проблем доколку е бременоста уредна. Малтретирање е само низ аеродром, само рачунај јас сега плис со 3 годишно дете патовам наваму натаму,шо е додатно малтретирање па така да се се издржува.
Дефинитивно втора бременост е поомачно хаха еве денес со маж ми чистевме и тоа основно, па ајде да искоростиме ден надвор, па ајде игротека и сега дојдов дома, пак ме стега кај попоков, а да не прам муабет како ми се кочат нозеве на вечер.
Имам страшно чешање доле … Мислам дека е од каде што мокраам. Што да ставам до утре додека одам на преглед ?
Измиј се со сода бикарбона за почеток, незнам друго што може во бременост да се мачка ќе ти помогне некоја друга членка
Добра ви вечер мешиња јас денес малку загрижена бебе го осеќам слабо и имам некои болки за прв пат така како да ме пече нешто доле и во стомак некои како менструални болки, прикачив слика каде што е означено со плаво не знаев како точно да напишам инаку 30+4 сум.
Недостаток на воздух знам дека се рачуна како нормално, ама кога во кои случаи не е нормално и треба да се интервенира од доктор? Многу ми е тешко после јадење, мислм дека ако почнам да зборам одма после тоа ко да се гушам, не можам да стигнам до воздух. Морам да застанам, да вдишам длабоко и да продолжам. И пулсот ми се крева многу во тие моменти, до 160 ми оди. Не знам дали е качено горе бебе за да притиска на желудник па од тоа да се осеќам вака. По ударите го осеќам подоле, во линија на папок. Многу ми е лошо и многу ме нервира, едно смути се напив сеа ти се чини сум јала цел казан манџа па сум тргнала на трчање. Стомакот преполн а се борам да земам убаво воздух.
Од желудникот и дијафрагмата ти е.Тоа знае да прави и недостатокот на воздух,и тахикардии дури.Јади почесто помалку и не се плаши ќе се смири