1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Има ли некој на ГАК да отидам? Вчера при вртење во кревет да сменам позиција, се случи нешто со мешето не можам да објаснам, мислам дека се шинав, едвај се исправив за да се свртам на друга дтрана, и инстантно забележав како да ми се формирало топче на левата страна. Многу е тврдо и на допир знае малку да ме боли. Мислев бебуш да не е со некој дел од телото таму, ама многу е тврдо и ако е бебе стварно таму нели не би требало да боли. Мислев до денес ќе се среди ама топчето си стои тврдо така цело време…
    бебето е активно ама страв ми е да не сум направила нешто
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.290
    Допаѓања:
    111.759
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев кај матичен денес пројдов од работа и гледам колешката не таму, прашав, рекоа дека трудните дома седат.

    Ај добар ден!

    Сто пати сум рекла, иди си по орав пат побрзо ќе завршиш работа отколку со врски. Од влагање во Чаир до излагање, да 40мин бев готова и тоа 20мин ме гледаа на ехо, 10мин цтг и значи да сум почекала да ми заверат извештај уште 10мин толку е. И многу детален и убав преглед. Но....

    Секоја приказна има едно НО! Ме извадија од памет! Бебе цело време е малку назад, со мерките, ама овие ептен ме исплашија, цели 2 недели е назад со вкупен развој, не само меше или килажа, али кај мешето е најалармантно. Па и докторката со сестрата муабет си правеа на албански, ми стоеа загрижени доста, сто пати ме проверуваа, па почнаа да спомнуваат дека може и да се извади па да напредува надвор побрзо.... ми вивна у глава! Од таму кај матичен, тој на ехо ме гледаше пола саат, ми извади пресеци од цела бременост, се провери, вика да, поназад е малку и да стомачето е 2 недели помало ама не е алармантно, бебето во глобала е мало, ситно, но е доста активно, доста подвижно (му викам на докторот, Речи докторе многу активно) и нема место за паника. Во Чаир го измерија 2800 без некој грам, кај него 3000 без некој грам. Ми кажаа во Чаир контрола за 1 недела, он вика ако било алармантно ќе ти рекле контрола за 2 дена. И сега не знам што да правам. Се мислам да одам да земам кредит да си идам после 1ви во Систина да си се породам ко чоек, маж ми вика А да идеме у Плодност?! Барам врски сега па да ме види некој доктор така малку подобар, да ме прегледа, па ќе видиме, женава што ми бара врски и реков дури и Државна иде у предвид ако и е сигурна врска, па имам и една сестра таму може ќе ми излезе у пресрет. Иако реков врски не фаќам, ме јаде црв, што ако во Чаир убаво виделе а овде кај матичниот не? Ипак изненадена сум од условите и апаратура во Чаир, колку им е се убаво и ново и опремени...
     
    На Nala37 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    1.605
    Пол:
    Женски
    Имаш дежурни доктори , оди нека те видат да се ослободиш.
     
  4. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Јас да си кажам моето од короната и стомачниот вирус цервиксот ми е скратен 24, а бебето е малку пониско од што треба. Планови за нова година - уништени мора дома да се лежи. Инаку сум тазе 28 недела а дечково одговара како за 29+ освен нозете тие се стандард две недели понапред како за 30+. A и на килажа буци кило и 500.
     
    На sweet.woman и Ano им се допаѓа ова.
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.347
    Пол:
    Женски
    Чим ти паднач чепот, пораѓаот почнува кај и да е, почекај уште малце за болница, шетај многу и качувај скали, искапи се со жешка вода, ако имаш када уште подобро една топлка купка. Можеш да јавиш ако имаш договорено некој доктор за пораѓај дека ти паднал чепот, доколку сакаш отиди нека те ѕирнат дали веќе нешто се дешава.
     
    На Cececece му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    18.731
    А зошто ти се врски во државна?
    Отиди си на преглед ако не им веруваш во Чаир.
    Мереа протоци,гледаа постелка? Има ли некоја причина што заостанува? Веќе си во безбедна недела за раѓање, ако сметале дека е сериозно верувам ќе те задржеле.
    Можеш да си направиш едно ехо во Систина да не те јаде јанѕа,да слушнеш друго мислење.
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    18.731
    Примаш терапија?
     
  8. Cececece

    Cececece Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Како и да е морам да почекам уште малку,да си дојде мм па ќе одам.фала ти инаку со првото вака не ми беше
     
  9. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Od denes ima merki za trudnici da ne odat na rabota poradi zagaden vozduh. Za onie koi ne se informirani da znaete :)
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    18.731
    Нели е како препорака? Ќе си го толкуваат менаџерите на кој како му одговара:?:
     
  11. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Ми дадоа утрогестан и магнезиум и да одмарам.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    18.731
    Дигај нозе во вис и листај ги темите во категорија бебе :) ќе ти поминат побрзо неделите. Мене од 24мм во 20та ми се качи на 34мм во 30та недела кога и ми дозволија движење. Веслав до 39та :)
     
    На sweet.woman, gothchick и Pipismel им се допаѓа ова.
  13. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Женски
    Ти ја разбирам вознемиреноста. Но мое мислење е дека во Чаир докторите се многу стручни и дека немаш потреба за грижа. Сама велиш дека убаво те прегледале детално, да имало нешто ќе ти кажеле. Плус знам дека имаш доверба и во матичниот, а во овој случај и тој ти кажал дека се е во ред. Опушти се и уживај:hug:
     
  14. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Значи има шанси да се зголеми? За досадно нема да ми биде, проблем е што е нова година сакавме до викендица да одиме :(
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.290
    Допаѓања:
    111.759
    Пол:
    Женски
    Мислиш во Државна без врски би ме погледнал некој? Еднаш отидов така и специјализант ме гледаше, задоволна сум, не викам не, многу убав преглед, ама не беше доктор, беше специјализант.
    Ќе морам на трето мислење зошто дијаметрално спротивно беше мислењето на матичниот и во Чаир, во Чаир беа загрижени, дури спомнуваа раѓање за надвор да се развива, за што докторот рече дека е нечуено. Затоа бараж и трето мислење.
     
    На mal.ecka и Nala37 им се допаѓа ова.
  16. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Мене 22 недела ми беше 40мм, 28 недела 30мм, крај на 29 се качи 34мм, за во 32недела да е помалце од 30. Постојано варира, се качил, симнал. За две недели ќе видам нова состојба.
    Многу зависи и од што е предизвикано и дали ќе се придржуваш до терапија и препораки, зошто од истражување на интернет нема краен лек, ни лежењето не е лек, има трудници што не лежеле а не им се крател повеќе, а има и обратно со лежење па упорно да се крати, но е единствено нешто што може да ти потпомогне и препорака да издржиш, викендици и уживање здравје догодина со бебче, уште поубаво ќе ви е од сега. Јас така се тешам зошто верувај овие 6 недели пропуштив многу работи и битни и убави, психата не ми е во ред не бев баш јака, и на почетокот од бременоста имав проблем лежев 10 дена, не успеав работа да средам, летото затворена го поминав (среќа во куќа сум) ама ништо ништо не се споредува со бебе! :l:
     
    На Bella_Stella, Bubish26 и Pipismel им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.981
    Допаѓања:
    18.897
    Пол:
    Женски
    Ке почека викендица за наредна прилика. Прослави нема да ти избегаат, можеш проблем да си направиш.
     
    На Pipismel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.459
    Допаѓања:
    18.731
    Кај мене на секој преглед растеше. За да во 30та на 34-5мм ми кажат дека е во нормала.
    Ќе те прегледа зошто да не. И специјализантот ако не е сигурен ќе повика доктор. Јас да сум на твое место би одела,зошто имаш спротивставени мислења.
    Јас "имав" врски во државна кои воопшто немаа никаква улога. Задоволна сум од приемот и делумно понатака како се одвиваа работите.
     
    На H.VAGA, AngelOfArh и Pipismel им се допаѓа ова.
  19. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека секогаш има дежурен доктор на ГАК.. Или во систина оди, да бидеш мирна.
     
  20. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Во ГАК во недела бев, 8 сабајле па докторка ме прегледа, многу културна и нежна со објаснувања на моите 100 прашања, маана што ја чекав може повеќе од 10 минути, ама недела, родилки којзнае што беше причината. Ако е тоа голем минус, во Систина и на закажано се чека повеќе. Имав лошо мислење за болницата, се мислев чаир или државна ама од прием на врата до крај позитивно искуство. За пораѓање не знам, здравје се надевам ќе ги фалам, без врски патем:rofl: