И јас сум стално мокра ,а на сите прегледи до сеа се во најдобар ред вода имам доволно така да сигурно нормално е...
Има да на ургентно. Бев и јас пред некој ден на ургентно и ме прегледа специјализант а докторката дојде се проврте и си отиде.
Отидов на преглед редовен во 37+4 и заради дијабетесот ми закажаа да се породам со провокации на 9ти јануари а термин ми е на 12ти. Што прави разлика пар дена не ми е јасно.
А имаш доктор што сакаш да те породи? Ако е така, тој доктор е тогаш на смена па затоа. Ништо не менува иначе.
@AngelOfArh во чаир не сум била ќе ти кажам за гак. Со врски и препораки газот плочка од чекање доаѓа умислена докторка од култура пробува да ти угоди зошто така и кажале. Со мој термин рандом специјализант те прима во рок од 5 мин услужив фин културен одговара на секое прашање и ти дава извештај од две страни со детални мерки и се објаснето. Мој заклучок никогаш повеќе не одам со врски.
@AngelOfArh како си? Се смири ли малку. Аман веќе од доктори, претпоставки и различни мислења. Искрено и јас мислам дека не е ништо страшно, штом не ти закажале побрзо контрола. Ова крајов излезе и покрај сите стравови, најстрашен. Работава подобро како првото што ме изненади, ама бар влезена во 9ти, отколку вака во исчекување и одбројување, па 300 стресови. Искрено едвај чекам да пречекорам праг на 9ти, па после што сака нека биде. Сега се надевам дека нема да ме дочека и мене некој шок на контрола во четврток. Ај добро вечер. Денес ништо посебно не сум направила, ама пак многу тежок ден. Ова ми наплаќа што ноќта помина помирно без лажни болки, пајични напади и малку киселини. Затоа денес освен што спремив и однесов дете до градинка и еден ориз што ставив ништо не сум пипнала, ама затоа цел ден со киселини и чудни болки се расправам. За активноста на бебе веќе нема ни да дискутирам. Цел ден сум на два кроасани со намаз од сирење, 2 мандарини, 2 лажици ориз и едно пакетче квики со чаша јогурт, а киселини ме уништија. Сега пијам чај од камилица, ќе влезам еден туш и ќе приберам дете да си легнеме со надеж дека веќе ќе попуштат и киселиниве. Секој нов ден ми е психички полесно, ама секој нов ден физички се потешко се справувам. Како и да е финалево искочи многу тешко. Имајте мирна ноќ.
Ова 9ти ми наплаќа за сите 8 месеци што бев толку опуштена по прашање бременост што дури си се чудев сама на себе (ако не се смета тоа болна кога бев, мада и тогаш бев опуштена). Не знам како некои доктори се без такт, стварно не знам. Матичниот многу убаво ми објасни, ама имам 2 дијаметрално различни мислења и уште не знам, кое е правилното во ситуацијава. Бебе па љуто дека денес го изнамалтретираа се напика горе и не мрда, се тегне. Малку ми е терсене, за воља на вистината. И како да качува килажа кога е живец невиден, мрда, прета, растура...
Дали некоја има нарачувано на инстаграм од montessoritoys.mk? Гледав играчки за подарок, ама не знам што да очекувам.
Во првата бременост цело време бебето беше помало. Докторот кој ми ги правеше двата скрининзи ми кажа уште од одма дека бебето генетски си е помало и дека ќе се роди помало меѓутоа нема место за загриженост здраво право бебе. Во скоро 8ми месец една докторка што се усра дека студирала во странство некаде, ме извади од памет дека бебето ми е мало и најверојатно нешто нема да биде во ред со неа. Дури сакаше да сум се породела порано, сѐ додека еден друг доктор на кој му се пожалив дека сум под стрес и што се случува, не ја стави на место за 2минути да не тресе зелени. Бебето ми се роди живо и здраво баш како што ми кажа и докторот во текот на цела бременост и тешка 2700гр. Така што знам како си се почувствувала и како се чувствуваш сега, само знај дека немаат осет и знаат да извадат од памет да не знаеш вратата од кабинет да ја најдеш. Ако до сега сѐ било во ред на сите скрининзи, сигурна сум дека бебето си е добро само можеби малку помало како што беше во мојот случај.
Mesinja, koronava mi pominuva, epten malku podkasluvam ama i toa ke pomine. Izlegov malku do prodavnica, i kolk desen boli, ova mi se desava stalno od koga ke popesacam posledniot mesec mesec i pol, kako da mi se dislociruva. Nekako poveke na desna strana cuvstvuvam bolka i vo stomakot. Na posledna kontrola bebe tamu i bese piknato, na desno. Izgleda omilena strana mu e . Na 4 ti sum na kontrola, edvaj cekam da go vidam. Se nerviram sto uste ne go cuvstvuvam ili jas nemozam da raspoznaam. Imajte dobra nok mesinja, ovaa vecer se nadevam ke se naspijam , snosti dezurav malku poveke
Искрено знам дека не ти е сеисто, ама ако имаш верба во матичниот стави го на игнор коментарот од Чаир и уживај си. Ако мислиш дека нема да си раат не си ги уништувај празниците оди на уште едно мислење. Мене така па матичниот ме пидисплаши на почеток на бременост. 6+4 бев во њуборн на прва контрола за срцева и бебе одговараше на 6+5. Во меѓувреме 10тина дена после тоа прокрварев, а докторот од ваму не беше на работа и ај до кај матичниот да ме види за раат, тој пак го мери 6+3(а реално требаше да е 7+,ако не и . Ама познавајќи го колку е ноншалантен не го ни исперцепирав тоа, битно ми беше дека бебе е добро и има срценце. По една недела си фатив ред кај докторката сега што ме води(ме водеше и во првата) и нормално се си беше во ред, а бебе цело време од тогаш си е една недела плус. Затоа матичниот во првата бременост не го виде бебето ниту еднаш, а во оваа инцидентно само тој еден пат. Туку моево ѕверче направи некој опасен мувмент пред 15 минути и изгледа испружи нозе на десно. Буквално осеќам нешто пикна и имам страшна болка. Се надевам брзо ќе реши да прибере екстремитет, претпоставувам нога некоја инаку тешко мене ноќва. Ајде ѕверовиве кога ќе се родат, манекени сигурно ќе се, иако мојов на последна контрола едни образи што извади. Првиот како што ми беше слабушко, роден 2400, а сега на 5,5г 15 кг. ова второво во споредба може и сумо ќе биде
Здраво на сите. Ме интересира до која недела пиете фолна киселина? Кои се препораките од вашите матични во однос на ова?
Во првата бременост пиев до 12та недела алкавит од 400мг. Сега пијам метил фолат од 1000мг и ми рекоа до 18та недела. Ми беше чудно дека не е мала разликата во недели па сакав да слушнам и други искуства.
Главната улога на фолната е во првите 12 недели за време на органогенезата, да. Ама добро е да си ја пиеш цела бременост.