И јас денес да се пожалам.Незнам како ќе се тера луѓе од болки во кичмава 17+ сум а се распаѓам.Прошетав низ Ист Гејт,еден саат и се распаднав,а сеуште не сум голема,имам меше ама не големо.Ме боли позади опашката ме корне и се рефлектира болката во лева нога.Господ напомош нека ми е натака со мојов проблем со кичма. Незнам некој дали го користел оној појас за трудници да сподели искуство? Мислам дека ќе морам да барам некое чаре такво натака. Од друга страна денес пеперутките поминаа во мали ударчиња за прв пат па се тешам добра е ми мава чврги мајкината
Јас го користам при подолги пешачења, ок е помага, стеснува некако ги држи колковите на место, сепак проблем е кога ќе седнам после тоа пешачење, пак не можам да станам саглам.
Фала ти многу,ќе морам да земам мислам дека 99% пошто катастрофа сум со кичма и колкови.Од каде имаш земено ти и каков е,гледам повеќе видови има?
Јас го добив овој од физиотерапевтот, ама не сум во МК така да не знам какви видови има таму. Спојлер: Слика Ми се свиѓа пошо е прилагодлив и сама си го затегаш колку што мислиш дека треба.
@Снегулк@23 @Lavender13 Фала ви девојки,ќе појдам баш ќе видам не се трпат болките, ќе го прашам и матичниот,а имам и другар физиотерапевт не ми текна на него за совет
Дежурна од 4. Има друга? Ме разбуди повик за во вц. Така како грчеви, подгаднување, омекната столица. Преку ден денес зедов два магнезиума набрзо, на помало растојание. Можно е од нив да ми е дури сега? Грдо во желудников ми е и кога ждригам ми се враќа некоја храна од прееска. Ваљда од нешто јадење е. Пијам чај од камилица. Се надевам ќе се смири.
Тука сум, пред 4 се разбудив и никако да заспијам. А треба да одам крв да ми земат, ќе пукнам за спиење. Уште сега едвај чекам малиов да има дремка за да се спружам и јас.
И јас кога зимам повеќе магнезиум обавезно имам грчеви и течна столица, некогаш и по неколку пати во вц одам на кратко растојание. Со желудник па среќа немам мака.
Истиот период и јас се разбудив. Ве видов дека кликате, ама ме мрзеше да куцкам само скролав. Таман ќе се фалев мали се имаше извртено некако и баш беше пријатно, без да осеќам тежина било каква ниту киселина, како да не сум трудна, ама ете пак си имав фаза на неспиење без причина изгледа не ми е судено да се доспијам оваа бременост. И после сум задремала, за да се разбудам од притисок, малиов се качил до горе и стиска ли стиска на граден кош. Воздух не можам да земам утрово од што е напикан. За среќа мали решив да не го носам денес во градинка дека вчера се раскива па да не ризикувам сега пред празници и олеснително да не трчам сабајлечки и на загаденово. Е арно ама забавно ќе двајцата дома затвотени денес цел ден. Ќе требада смислувам игри
Цтг, ехо и преглед со рака по потреба. Минатиот пат ми правеше, овој пат не, рече нема потреба, високо е бебе секако, што ќе те мачиме. Ама минатиот пат имав болки, овој немав. Во Чаир ова.
девојки јас да се жалам :/ немам никакви установени причини за мирување ама бременоста ја почнав со гадење со цисти и стравови ,па не бев мн активна .Одам на работа најнормално без некои посебни отстапки ,ама сум работа дома и по дома обврските ги префрлив на сопругот повеќе .....Овие денови сум поактивна петокот прослава (свадба без невеста) од работа саботата подолго шетање ,неделата прошетка и до соседниот град ,поред тоа и на работа мн напорно ....работам со седење ама со пациенти .....и дали вчера сум се виткала мн и што ли абе кичма ме искина....а тек сум 21ва ....ме фаќа страв дека можда и мене ми се скратил цервикс или нешто не е во ред вчера како си дојдов дома кичма ко пресечена само кога си лежам ми е убаво....а бебчо пу пу активен е врти низ стомакот .Ама незнам мене што ми е дали дека не бев активна па сега сум турбо или па има некоја реална причина едвај го чекам скринингот на 5ти а до тогаш ке си се притаам ке шетам ама без напињање ке разгледам и овие појасиве .....мене исто кога ке поодам повеќе ме боли што викате опашката ама сега ме боли кичма од вчера и тешко ми е да станам и да стојам мн :/ валда е од премореност
Zenski dali nekoj go ima praveno neinvazivniot Panorama test? Kako ste zadovolni? 10+6 sum deneska vcera bev na prv skrining se bese super, no doktorot rece ako sakas pravi go toj e najtocen, ne ni dade nisto drugo ni Priska ni ToRch da pravam, naredna kontrol brisevi (za eden mesec)
Ај здраво папочиња Си барав стари мислења, од претходната бременост и го начекав ова погоре од јануари 20та. Сега си велам, ех како не водев дневник на бременоста тогаш, ден за ден да знам што промени сум имала. Отвори си и листај си чкртки. Затоа темава ми била труднички дневник, барем. Еве истата недела, истите симптоми. И сега сум 33та и слично се осеќам, значи нормално. Океј океј, знам дека е нормално, ама мозок шта чеш, како ќе работи иначе @Lina-Detelina истата си со симптоми, се пратиме? Ама секогаш кога се црева, желудник во прашање, е многу ми е страв, и онаа тежина за какање и сѐ собрано ми прави страв, дека еве го, да не доаѓа бебето. Дали да продолжам да земам магнезиум ама по едно на ден од 250мг? Ќе продолжи да влијае на столицата? Се мислам, а вака психички убаво ми делува, демек се залажувам дека зедов и ме опушта. И уште нешто да ве прашам, која е желна, нека каже Дали кога ви кркорат цревата или да речам кога со потпрднувате, бебињата ви се штрекаат? Можда е добар знак дека веќе слушаат м? Понекогаш моево кога мочам или си прдкам хаха, се заштрекува на момент. Тоа внатре цревата којзнае како се слуша, ко труба можда