Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    На сета мука со болки се воспалив на препони и имам и плускавци на препони од што акам шетам божем да се симне надоле да почнам да се отварам. Уф овој 9ти месец бетер од сите 8 што му претходеа... Пратив маж по мелем едвај го чекам да дојде, да се истуширам со благ шампон и да се нашлапам пред спиење. Плускавец исто ко изгорено имам... Ми се плаче, идеално би било утре да пројде приредба и да се породам, не можам веќе, мачно ми е ептен. Не е хумано една жена сама ова да го трпи толку долго време, нели?
     
    На Belabelinakinder, Bubish26 и Ano им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    40.609
    Пол:
    Женски
    Ич не е хумано. Ноќеска малку ме опушти, ама денес цел ден ми наплаќа. Прво беше горе напикан и снемував пола ден воздух, а за болката да не зборувам. После се спушти толку ниско, што ударите во јајници страшно болеа, а она чувство како да ми гази на цервикс и како да ќе излезе, па пак со паничните напади. Сега е на средина, ама така лошо удира и се истегнува мислам низ слабини ќе излезе.

    Згора на се денес се напнав колку може да се погани и безобразни некои луѓе. Ми е жал што се случува со колегите и наместо бар они да се држат сега во најтешкото, олоши се некои од нив.

    Сега идам на еден туш и да си легнам со мали и да се надевам дека бар ноќта ќе биде помирна, ако не мислам кај и да е ако не ме примат во болница за пораѓај, ќе се пријавам во лудница:drunk:
     
    На Belabelinakinder, 0ли, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Од која недела во систина се бесплатни прегледите? 33 сум, деновиве сум на преглед да договорам пораѓај со Гордана, ама бременоста до сега сум ја водела на ГАК. Има ли некој искуство да сподели знаете ли како одат овие работи?
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    Мене ми се спушти и сега ме болат нозете, колковите, како менструални болки. Стомак ме боли некако како постојано, не како болки да ме фаќаат. Изгледа се мести. А ниско е баш, гзенцето му е точно над папокот. Препони веќе ме кинат опасно.
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    26.898
    Пол:
    Женски
    Хаха акав и ја секој ден километри, јадев ананаси по еден на ден божем да се породам побргу за маж ми да е тука пошо со броени денови беше, на крај 40та ја дочекав хаха
     
  6. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Од 37ма
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.618
    Допаѓања:
    9.490
    Пол:
    Женски
    32+1

    Се повеќе болки во препони, нозе кога подолго одам или стојам. Уште неколку денови и одмор после. Мислам 372718 пати имам пишано и речено и помислено дека е време за одмор ама ништо од тоа. Веројатно и кога ќе сум дома пак ќе си средувам, спремам за празници, трчам по продавници итн.

    Преглед дури за 2 недели, да видиме бебе до кај е. Име немаме сеуште ама како и да е ќе треба да се избери, да не ни биди "бебе" главно име.
     
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    40.609
    Пол:
    Женски
    Баш тој период и јас се пожалив дека чувствувам жежење. Уствари повеќе она чувство како кога надоаѓа млекото. Тогаш почесто ако се оптеретев ми се случуваше.

    Незнам и јас сум деновиве на контрола па ќе ти кажам што ми рекле, ама мислам тебе рано ти е.

    Шета кај мене уште горе доле како јојо. Еве сега лежам и го осеќам во препони си чепка:drunk:

    Добра ноќ на сите се надевам вечер никој нема да дежура.
     
    На elenaklasik и Alishan30 им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    Дали е можно да почне породување со следниве симптоми? Ме боли цел стомак, препони, мускули, колкови и доле во цервикс ме здоболува... ме фаќа и кичма, ама не се болки да прекинуваат туку нон стоп ме боли, цело време ме стиска. Тоа симптомите од претходно си стојат, нервоза, нетрпеливост, почна и гадење.
     
  10. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    808
    Те притиска ли како да ти се оди во вц, незнам како да ти објаснам, како кога имаш дијареа ама појака болка
     
  11. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Да баш како да надоаѓа млеко, но не ли е рано?

    Болките кога ќе почнат за пораѓај верувај ќе ги осетиш и ќе знаеш дека тоа е тоа. Поразлични се од сите други. Плус ти доаѓа како нагон за голема нужда и не можеш да го контролираш.

    Ќе споделам мое искуство со првото. Кога те читам и тебе и @Ano, се пронаогам себе пред многу години. Не се породив предвреме но бидејќи имав ниска постелка цела бременост ми викаа да издржам бар до 36 недела. После 36 недела веќе секој ден очекував дека бебе ќе искочи. Бев тешка, со киселини, имав страшни болки од ударите на бебе, не можев да спијам навечер губев воздух. Баш како што опишувате вие. Секој ден барав знак, симптом дека тоа е тоа и дека почна пораѓајот. Тоа толку ме исцрпи што мислам дека последниот месец ми траеше вечност. Се породив скоро 42 со провокација. Бебе никако нејќеше да искочи :)

    Затоа мајки, искуството со првото тргнете го од мисли. Помирете се и прифатете дека бременостс трае до 40+ недела, кажете си дека имате време уште. Психички ќе ви биде полесно одколку да чекате секој момент дека нешто ќе се деси. Исцрпувачки е. И да знам дека е тешко со сите тие болки да мислиш дека треба до 40+ да се издржи но кога се прифаќа полесно се поминува. Можеме ние :muscle:
    Постот повеќе се однесува на Ангелка, но имам чувство дека и Ана е тука негде, најдобронамерно те означив. Ако погрешно сум протолкувала се извинувам однапред :)
     
    На 0ли, 1209, Starchild и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Звездичка30

    Звездичка30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Мешиња пак јас со прашање,насабајле кога се разбудам од спиење и кога мерам притисок ми е супер 120 со 80 и понизок некогаш 118 со 78 така некако,вчера и денес приквечер го мерам 133 со 90 сеа мерев,а вчера вечер исто така 130 со 91 имам отоци само кај глуждовите и некаде прочитав дека тоа е нормално,а со првото детенце при крајот веќе имав проблеми со висок притисок и многу отоци и ме породија некаде 37 ма недела е сеа сум уплашена пак да не минам низ истото...
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.521
    @AngelOfArh мислам дека е типична болка за кога си се мести/тежи бебето:(.
    Кога ќе почнат болките буквално само диши издиши ќе правиш во исчекување да помине контракцијата и да дојде паузата.
    Јас со јаки болки на 5мин отидов(предходно им се јавив и прашав) па сакаа да ме праќаат дома. Тестот со тоа хартијата покажа дека протекло малку плодова вода(иако покасно во текот на контракциите пукна) па ме оставија. Со болки на 10мин мислам дека џабе патот би било:(.
     
    На AngelOfArh и Ano им се допаѓа ова.
  14. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.927
    Пол:
    Женски
    Супер си е килажата, јас се породив во полна 39 недела со бебе 2.650грама, здраво право. Не се грижи ќе биде се во ред. :hug:
     
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    40.609
    Пол:
    Женски
    Еве и многу порано дум се пожалила дека ми се случува. Веројатно е нормално

    Ова се согласувам. За првото ни во сон не очекував ниту имав индикации за порано, па се се случи набрзина, за 3,5 часа од прво цтг додека да го извадат синко со одење до дома и враќање во болница. Сега имам многу повеќе симптоми, од силни бракстон, неоријатно чувство на цервикс, а и тоа дека бебе е преактивно ме прави дополнително раздразлива. Плус тогаш бевме сами, сега имам 5.5 годишно човече до мене кое без разлика што е умно и разбрано, си бара внимание, а се осеќам дека делумно му е скратено:(.

    Искрено јас незнам дали би имала сила да го издржам ова до 40+, ама нека пројде петок, па веројатно бар психички малку ќе се подопуштам. Ова повеќе благата форма на оцд во мене зборува:drunk:
     
    На *malenavolena*87, Nala37, 0ли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.829
    Допаѓања:
    114.813
    Пол:
    Женски
    Мислам дека помина. Повеќе е напнатост можеби поради тоа што сетилните функции ми се на максимум, се ми е пренагласено, емоции ме маваат, утре синко ќе има приредба во школо... Плус ужасно ме нервира и овој плускавец или шо и да е, плус иритацијата на препоните и под гради, како изгореница ми е, се намачкав мелем после туш, се напив магнезиум со б6 и сега ќе пробам да заспијам, ако ми помине ништо не е, ако продолжи ќе будам маж и баба.
     
    На Ano, 1209 и danichap им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    47.762
    Пол:
    Женски
    Јас деновиве мислам дека брекстон контракции имам, не знам дали е рано во 24та ама многу затегнато и нелагодно си го осеќам стомаков еве скоро цело попладне на моменти, а и доста тврд ми е и бебе е нешто мирно… кој знае дали е тоа.
    Ептен ми е тешко деновиве, многу нагоре е качено бебето изгледа абе одвај дишам, ниту перница помага ниту ништо, место не ме фаќа. Сабајле кога се будам абе толку ми е лесно како да не сум бремена, али попладне веќе друга приказна, а нешто како и да настинувам, се молам да не е сега пред патување.
    Едвај чекам да си одам, пола година се немаме видено со блиските, а пак и јадењата дома кога ги мислам, ауу ќе се поправам многу овие две недели сигурна сум:D
     
    На danichap и Ano им се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.534
    Допаѓања:
    18.930
    Моето патешествие на прв скрининг на ГАК:
    Закажано пред еден месец(инаку матичната понуди она да ми прави скрининг кој што го одбив ,сакав на ГАК).
    Сестрата ми дава упат со термин за соба 36.
    Одам таму,стигнав 30мин порано,уредно си чекам. Кога стигнав внатре немаше никој. Па се појави една девојка со врски,па си ја внесоа и прегледаа. Излези,влези,хотел промаја. Решив ќе чекам до 11:25 и ќе прашам за мене. Кога сестрата ги собра упатите,ме викна. Внатре уште девојката со врски,се објаснуваат како да и издадат упат за приска имало проблем во моментот. Излезе таа, имаше млад доктор(можеби специјализант) кој што со сестрата се договараше да оди по јадење. Јас чекам до кревет. Си излезе др, сестрата ми вика спреми се на кревет. Се спремив,легнав доаѓа млада докторка (албанка) јас лежам,она куца на тел. Еј извини ми вика. Јас викам во ред. Куца 10мин вика ќе излезам кратко. Лежам 15мин на кревет,на крај излезе и сестрата. Вратата отворена,пациентки влегуваат,си го покрив стомакот. На раб на расплакување бев станав и земав тел да му кажам на мм да си оди дека ќе потрае,кога се врати др. Не го ни виде упатот и викам за прв скрининг сум, да да вели сигурна во себе. Почна да го гледа бебето,да врти, да стиска,до причинување болка.
    Не ова не може вака,ништо не се гледа,бебето е мало(бебето до ден одговара на неделите 12+2),а зошто ти дале упат за тука,треба за во соба 37,тука не се гледа. Јас можев сега да те вратам,ама ај да порасне бебето дојди другиот петок (на 13+5 :x) во соба 37,јас ќе бидам таму ќе те прегледам.
    Јас не знаев кај се наоѓам од нервоза.

    Излегов,ме собра мм ,прво се изнаплакав како мало дете зошто ми закажува термин кога е последен воз (13+6 е последна шанса за прв скрининг) зошто ме зафркна матичната,зошто ми пропадна денот едвај се ослободив од работа.
    Се соземав па и се јавив на сестрата на матичната и велам сте ми дале погрешен упат,во соба 36 ехото е старо и бебето не се гледа. Не ти е погрешен упатот ми вика,немаше термини за во 37 затоа за таму ти дадов. Информација што требало да ми ја каже веднаш кога го издаде упатот. Викам добро,тогаш зошто приоритетен не ми дадеш? Па ако дозволи системот. Ако. Спуштам ,уште едно расплакување да не можам да се соберам.
    И нормално,во оваа наша скапана државичка ако сакаш еден основен преглед да завшриш никој и ништо си без врски. Почнавме да бараме луѓе и доцна синоќа ни потврдија дека утре ќе ме прими одлична докторка на гак. Се надевам дека се ќе е како што треба.
    Инаку бев спремна и приватно да си платам 200 евра,фатена во небрано.
    Патем,матичната за стапчето за брис утрото ми наплати 400ден. Секое ехо 300ден. Е до сега молчев,ама после овој кикс ќе отворам уста и таму.

    Извинете на долг пост,само сакав да споделам искуство.
     
    На danichap, АнаМаријаД, Freckles. и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Бруки. Не знам како е во 36 само еднаш сум била и навистина ехото е многу лошо, и јас на крај на бременост бев во 36ка и ми даде помали мерки на бебето тоа ехо т.е како бебето минимално да напреднало.
    Инаку, не знам зошто матичната ти дала упат за амбуланта 36, кога први скрининзи прават во 37, втор скрининг во 28. Мојата матична отприлика знае кога се на смена солидни доктори за одреден преглед и така ми даваше упати, ако немаше термин ми даваше приоритетен.
    А за матичната, штом ти наплаќа барај и фискална па види што ќе ти каже;)
     
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.534
    Допаѓања:
    18.930
    И јас за првото нев во соба 37 за прв скрининг. Баш се зачудев зошто чекам пред 36,но можеби сестрата што ме прими требаше да ме врати.
    Инаку матичнава баш и не се замара,препушта се на сестрата а таа една успорена снимка,мртва ладна...безобразни.
    Ми даваат фискална на секое,ама веќе ме испровоцираа и ќе прашам зошто никаде не ми наплаќаат прегледи освен кај нив.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.