хехе меуу маа ама ме изнасмеа јас деновиве и не бев многу физички активна, и навечер често се будев оти ми мирдаше бебето, ама вчера многу се испешачив и цела вечер не го сетив може и тој беше изморен ама за тоа сабајлево ми наплати за се. А дали после 30та недела движењата на бебето ти се намалија? оти викат кога бебето станувало поголемо, немало место да се движи и не мрдало многу.
Јас знам дека кафето не е штетно, само да не се претерува, 1-2 кафиња дневно не се штетни. Јас имав среќа што уште во моментот кога ги видов двете црти ми се одмилија и кафето и цигарите, а не можев да го замислам почетокот на денот без кафе и цигара. И сеуште не можам да го поднесам мирисот на кафе и цигари, тоа е единственото нешто што ми пречи во бременоста. Инаку не знам како ќе ја уништев навиката за цигари. Се надевам дека желбата нема да се врати веќе никогаш, а и да се врати нема да потклекнам, и Сончко беше солидарен па и тој ги остави цигарите. Еве една добра страна за трудници и мајки, разгледајте ја, има се и сешто. Спојлер http://www.bebac.com/
И јас чекам да се намалат, амаааа....... торнада фаќаат сега, не се веќе земјотреси. Да ти кажам може и се намалени, всушност не се како порано има разлика, сега веќе се превртува , а тоа се гледа и осеќа многу добро, не е како до претходно само да те тресне од некаде,и како желе, туку сега е баш бебе движење. Многу по интересно од претходно. Инаку никако не се намалуваат до таа мера да не се осеќа цел ден, или само неколку пати во денот. Дури почнува да се распознава кога е будно бебето, кога спие, ритамот му се знае веќе. Еве што најдов за болницата во Чаир http://www.ringeraja.mk/statija/vo-pose ... html?page= “Во болницата има три апартмани со сопствен тоалет и дозволени посети до 23 часот (дозволени се двајца при посета во апартман). Детето е со вас, но доколку сакате да се одморите слободно можете да повикате сестра да се погрижи за бебето. Еден ден во апартман чини 1500 денари. “ Мислам дека ова ќе ми биде конечната одлука, кога веќе е дозволена подолга посета.
За државна незнам, мислам дека се дозволени, но во Чаир не се, само во апартманите има посета. Бебето секаде е цело време со мајката, освен мислам кога ги бањаат и кога мајката сака да одмори.
ако е така е супер, оти јас не сакам да го земат да го стават во друга соба да спие, и да ми го носат само за доење, оти нели 9 месеци го чекаме да го видиме па сега кога ке излезе да не може да го изнагушкаме. Многу често мислев на тоа прашање, каде ке биде бебето
Здраво живо мамички и мешковци во исчекување. Подолго време ме нема да ви пишам ама искрено со многу обврски и активности никако неможам да седнам како човек да исчитам се и да напишам некој збор. ... АКо има нови мешковци добредојдовте во светот на трудничките ако некоја се породила во меѓувреме честитки ... ако некоја сега се пораѓа или е во исчекување на брзо пораѓање со лесно нека е .... Јас со еден куп обврски натака навака никако мир нема ни за одмор а камоли за некои други работи. Со оглед на тоа што сме под кирија мм запнал до јануари да се пресилиме кога ќе ја пуштат зградата (во процедура сме за купување на стан) а мене краен термин ми е 20 јануари па ќе биде смејурија ако се пораѓам во лифт Овде веќе ми се носат на велико стварите за бебушот (ги фаќа мајками паника како ќе биде ако се селиме и ако спремаме за бебуш па вика дај прво за бебушов се да се среди па ќе се средува се друго) па немам више место каде да ставам ствари (како магацин ми е станов ) Утре сум на редовна контрола на бебуш , уште две недели ја почнуваме седмицата ) Бебушка има денови ја чувствувам поинтензивно и по јако а има денови е многу мирна. Гледам муабетот е за кафето денес па искрено да ви кажам јас предходно си бев љубител на кафенце со цигарче ама од кога останав трудна тоа се исфрли од употреба со исклучок понекогаш се на се може три -четири пати до сега со мајками едно ќејфско онака за лезет . Ништо сонца бидете ми поздравени да не пишувам големи реферати .... ве следам и тука сум присутна чатпат во денот иако не пишувам често ... поздрав до Уник ако денес се олеснила ...Меу ти уште малку и поздрав до сите други само позитивни мисли и многу љубов ..... Извинете на долгиов пост ...имајте убав ден поздравче еее
и сопругот како тебе на сите им вели готово веќе се очекува секој ден а мене некако шала ми се чини и јас си се спремив, све купивме и за мене и за бебче и испрано и испеглано ми е ми остана само торбицата неспремна. собата на мирјам веќе е спремна сопругот ми вели кога ќе дојде бебче нама да излегувам од овде ги гушка бакнува нејзините алишта абе срце инаку не ти е лоша идејата да дојдеш овде барем болки нема да трпиш , за место немај гајле
Bozem pominav ..mi rekoa nemale ova sto e kaj ZOIL.Jas baram farmercinja ko pumparici ama nemaaa nigde
Јас вчера прошетав и се подновив зошто веќе алармантна е ситуацијата. Во Певекс кај ЗОИЛ имаше хеланки по 200 ден., тренерки долни и дуксери поширочки како за трудници, а земав и фустанче/туника со долги ракави многу убаво. Разгледај убаво. Во Стружанка има убави панталони со каивче од истиот многу пријатен материјал по 600 ден. кои може да ги носат и трудници. Во подрумот во ГТЦ до бутикот за трудници Пре-мама има еден бутик со македонска конфекција, таму има шалвари и хеланки. А во бутиците за трудници некако многу ми е скапа гардеробата, не ми се даваат 2500 за панталони што ќе ги носам 2 месеци.
Nemam kirilica na tastaturava od rabota Ke pominam posle rabota do PEVEKS mada ne mi se veruva deka bi nasla prosli pat nisto ne mi se svigase A buticive za trudnici se izgor Ke skoknam i do Zelen pazar da vidam sto kako...Mene mi treba nesto sportsko-elegantno posto sum cel den na rabota (uzas..cel den sedam ) Ako najdam nesto i jas ke ve izvestam Fala vi najmnogu
мамици каде се наога продавницата певекс?јас сакам уште несто да си купам се подновив со панталони доле во ГТЦ 1800ден ги земав ама многу се згодни мислам дека цела зима ке си ги носам. што се однесува до цените навистина ги претерале ама тоа е...
Откако ќе помине визитата (8-9ч. наутро) може секој да те посети кога сака, не Ви требаат никакви врски, само ќе кажат на портирница дека носат работи за родилка и за бебето и толку. Јас останав 5 дена и 4 ноќи, мм секој ден доаѓаше, некогаш и по 2-3 пати дневно зависи што ми беше потребно да ми донесе и ниту еднаш не му направија проблем. Е сега, да не се разбереме погрешно, посета во соба нема , туку мора мајката да си стане и да оди до вратата и таму ќе си ја прими посетата, во ходник. Прво Вас ќе Ве префрлат во соба и после неколку саати ќе го донесат и бебето, ако има повеќе родени бебиња тој ден или ноќе ќе почекате додека сите ги прегледа педијатар и додека ги средат и ако е се` во ред бебињата се цело време со мајките. Ги земаат за бањање, преглед и пак кај мајката. Инаку никој не ја прашува мајката дали е уморна , ако бебето е добро, тоа си е со мајката за да почне да цица, да се види дали мајката има доволно млеко во почетокот или му треба дохрана и така. Ќе имате време за гушкање , не брзајте... тазе породени со рана, па и изморени од самото раѓање и бебето до Вас, не е лесно. Да не Ве плашам, ама раната боли така да не можеш убаво да седиш, да се поткренеш ти треба напор, па Ви треба и почеста хигиена, а тука ќе биде бебето, па ќе ја замолите цимерката да го ѕирка, па набрзинка туширање да не се расплаче....во прилог ќе Ви биде ако барем и на некој саат го земат за да поспиете малку. Така што, не се секирајте бебето е со мајката цело време.
Многу убаво име имате надеге Маж ми пак најсреќен беше кога влегов во 9ти , а уште посреќен ќе биде кога ќе се породам, тоа ми е повеќе од јасно. Сирот и тој со мене стресови и нервози цела бременост, но ајде за арно е Ние немаме посебна соба за бебушот, но креветчето кај што си го ставивме во спална, на зидовите со стикери правиме цели приказни, па ни дојде баш бебешко катче Уфф да знаеш колку само би сакала да се породам некаде каде што ќе се чувствувам сигурно, незнам дали има поголема желба од таа кај секоја трудница.
блазе вас, колку толку имате повеке избор за облека во скопје.... ние во битола колку и да сакаш да купиш нешто нема од каде во ред хеланки и туники имам ке си ги носам, ама и јас сакам некој како фармерчиња со ластик или некои пантолони ама нема... пред еден месец си купив шалвари ама се ленени и уште малку нема да можам да ги носам ке залади ај ако има некоја мамичка од бт да ми каже кај има кај нас стружанка??? јас никаде немам сретнато
Да ви помогнам малку на вас зимските тругници ,зошто и јас бев мече во зима ,во Пенти (или било каде што се продаваат нивни хулахопки ,па дури и во Веро) има хулахопки за трудници со 40ка денажа и ако добро паметам беа 150 денари.