За ехо пишува 3Д/4Д ехо. За жал не сум зачувала ниедна сметка. А за брисевите ќе ја прикачам подолу. 100 евра скрининг,100 евра приска во Систина. Или 11500 во Ремедика. Една докторка е во ординација, нејзин печат имам во книшка.
Да се јавиш во фонд и да прашаш дали ова е дозволиво. Ич да не даваш пари за Приска. Ако си одлучна да правиш, земи упат за на државно, бесплатно е и одма се завршува работа, само оди пред 11, пред да им почне паузата.
Матичната ми рече да правам,инаку свесна сум дека е само статистика. Ќе одам утре повторно на гак,втора среќа белким ќе завршам таму работа.
Страшно тешко нас, јас во плоднос за скрининг платив 4000 денари,а кај матичен за брис и пап тест платив само 100 денари ни денар повеќе еднаш бев во болница на преглед и таму се изненадив прељубезни беа сите услужни и докторката немам зборови и таму ништо не платив
Ајде и овде да се испофалам денес конечно ни кажа за полот го прашува мм докторот му вика се гледа што е тој вика како женско, јас му викам кажи ни со сигурност да не се радувам за џабе, гледа гледа да вика девојче е се е во ред и со неа и јас,јас уште не можам да верувам дека е женско ми се исполни желбата а сите што ме праша му викам како женско да е ова е различно не сака благо,јадење не сака многу можам без јадење цел ден да си издржам. Мм вика а ти се исполни желбата да му викам колку убаво и молчи цело време и вика ајде третото машко се изнасмеав му викам озбилно сакаше машко да вика леле му викам тешко тебе. Синко па сега сакал братче за нова година ќе му правам изненадување со балон така девојки убав ден на сите
Здраво на сите. Сакам да прашам дали е нормално кога лежам на страна стомакот да ми спласнува. Како да имам сало мн ми е лабав и ми паѓа на страна. Во првата бременост ми беше тврд и кога лежев на страна пак ми беше како топка не ми менуваше форма.
Јас да си кажам само што бев кај Драшко џабе паниките на матичната моја,заради поставеноста на бебето неможеше да види некој работи и се поклопуваа па некое голф топче спомна и ме прати кај Драшко. Супер си е срценцето на бебето се е во ред како што треба да биде,фала му на Бога
Здраво. Со сопругот се обидуваме да имаме бебе. Но тој вчера го снимаше на рендген умникот и му го извадија со анестезија. Дали сега треба да паузираме со односи, за да му се обнови спермата, поради снимањето на рендген и анестезијата?
Кога те прочитав си помислив па и мене ова ми се случува со стомакот. Ама прва бременост и се ми е ново. Денес бев на редовен преглед на гак и ми рекоа се е супер . Сигурно е нормално без грижи. Инаку 22 г.н близнаци
Траги од протеини во урина сеуште укажуваат на прееклампсија/еклампсија? Или треба поголемо количество од 'траги' за предзнак?
Мене изгледа ни падна чепот, имам крвче на влошката. Синко мајкин има приредба за еден час па ќе одам да го гледам и потоа ќе одам во Чаир. Се надевам нема да ме вратат. Болки си имам јас постојано еве 3 дена веќе. Значи вчера ептен сме се спремале со тие болкички. Мојов бараба не му се чека до 1ви очигледно, нит тв го интересира, нит ништо.
Ко за чоек што едвај чека да се породи прилично сум кул и еве се спремам за на приредба ич не се потресувам. Малце ми е смешниот вака.
Prodolzi da si bides kul, i daj boze da ne te vratat i da pominis so ubavo so lesno. Da se olesnis i da si go docekas angelceto tvoe.
Ми се допаѓа што си смирена. Убаво да поминеш на приредба, а после како треба така иако знаеш чепот ништо не значи. Битно го проби термонот на @fana сега може да одиш да се пораѓаш
На почеток од бременост имав протеини во трагови и советот беше да пијам повеќе вода , да пратам притисок и да повторам урина за неколку дена.