1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    10.778
    Да, реално и за тоа има медицински истражувања, меѓутоа како што кажа и @Bubish26 не се случува ни тоа така лесно. Сексот во бременост секако треба да се прилагоди. Нормално не треба да се биде груб, треба да се најде соодветна поза, еве да речеме поради претпазливост и да се избегнува ејакулација внатре и слично. Но поентата ми беше дека не е забранет ако се е во ред.

    Ако некој не сака секако не е неопходно, но муабетот ми беше повеќе за тие што сакаат. Секако постојат повеќе форми на интимност, не мора да е оваа ако не им е комотно на партнерите.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Ауу не,какво е ова мислење воопшто "зошто би го штеделе" :x
    Вие свашта пишувате и прашувате па така и јас, може ќе налетам на слично искуство, а не дека од вас барам дозвола :D
    Вие може на ова моето ќе превртите очи,други на вашето,битно да разменување мислења и искуства.
    Само од тројца доктори едино матичната беше со тој совет,а исто не виде проблем и не знаеше што го предизвикало.. Сум немала хематоми досега.
    Битно само еднаш се деси и досега е се во ред,дај Боже до крај да не се повтори.
    Баш ќе прашам на нареден преглед,ако даде зелено светло ич нема да се бунам :$:D
     
    На Кена Рис, Rtulka, Ano и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Никој не ти забрани :)..ама ако не ти се допаѓаат мислењата, воопшто не ги ни барај. Имај си односи и чиста работа :)
     
  4. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Прв пат осетив контракција ама не беше само стврднување на стомакот туку и чувство на грч (безболно ама непријатно). Траеше може и една минута, подолго него ли претходно кога ме пуштало за 5 секунди. Бракстон е така? Може да се смени? Или како се наближува се поинтензивни ќе бидат дур не почнат да се болни? Бебе пак е слабо активно и скоро сите ми рекоа дека е можно пошто е поголемо, битно било да го осетам во денот, многу ме измачува ова, дури ми фали само го снимав и боцкав.
    34 недела сум.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.254
    Допаѓања:
    78.547
    Пол:
    Женски
    Ако не се чести и не се на ист интервал, лажни се. Вистинските иначе траат така по минута, грч скаменување на стомак и морници чудни (како мравки, нз како да објаснам), па пуштаат постепено се до целосно опуштање на стомакот.
     
    На gothchick и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  6. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Што треба за мама во болница освен влошки, средства за личнс хигиена, пижами??
    Нешто за гради брадавици мачкање?
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.750
    Пол:
    Женски
    Па мислењето на Елена беше малце саркастично искрено и не на место според мене, веројатно и членката така се осетила. Не сме тука да се осудуваме, жената убаво праша, тука сме за мислење исто како и што другата членка прашува нон-стоп дури и работи кои може делуваат едноставни и некому смешни никој не се дрзни да и одговори саркастично до сега. И да и дадеме ние мислење да нема секс, ако сака да има ќе има не мора веднаш со осудувачки коментари да се напаѓаме.
    @Chanell* јас би рекла да почекаш додека не прашаш, може нема место за паника ама сепак на сигурно да сте.
    Ние првите месеци немавме од што ми беше лошо, сега немаме од што сме преморени од работа и јас имам некои болки во бешика пошто бебето притиска многу таму, не ми рекле дека не можам да имам, бременоста ми се води како нормална, мада сакам некој конкретно да ми рече нема проблем. Сега кога ќе одам кај матичната во МК ќе се консултирам. И маж ми го е страв, вели дека му е незгодно, наоѓаме начини за интимност ама после неколку неуспешни обиди за пенетрација се откажавме. И така пред бременоста имавме периоди на намалено либидо поради хронична болест кај мм па навикнати сме. Не дека не ми фали секс ама се издржува, ќе надокнадиме, мене не ми е тоа тоа сло не ми е удобно пред се, па за сега се откажувам.

    Ама кој сака да има и кој има зелено светло од доктор, го ахед, здраво е и нормално.
     
    На Кена Рис, Hatula, Rtulka и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.265
    Пол:
    Женски
    Носи си ланолин за брадавици, мене многу ми помогна да не ми се разранат во болница брадавиците.
     
    На Angi266 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Се согласувам целосно. Овде секакви прашања да не речам без врска се поставуваат и се прават паники без потреба па сега членката испадна несаглам што сака односи да има во бременост . Совет од доктор ми беше при нормална бременост нема причина да немаш само со заштита обавезно. А членката секако кажа пак ќе си праша доктор.
     
    На Кена Рис, Chanell*, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    6.546
    Пол:
    Женски
    Дали сте се соочиле со помалку мрдање на бебето? 28ма недела сум бев кај матичен ми вика така е поставено затоа помачце мрда, главата му е горе кај папокот а нозете надоле...
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Да, имаше сарказам, бидејќи од подруго гледиште го напишав коментарот.
    Впрочем, сите сме различни, нели?
    Како што побара членката мислење, јас дадов мое, од мое видување, па да речам и така и ми дојде да се изразам. Кога јас би видела крв после односи, ќе се преплашам до смрт, нема да ми текне повторно, а не пак да бирам мислења и чекам потврда од доктори за зелено светло.
    И има ризици по плодот од односи, небитно што докторите дозволуваат при нормална бременост. Кој доктор ќе гарантира дека нема нешто непријатно да излезе од тој чин?
    Плус штом еднаш се случило, доволен знак е да се прекине.

    И моја познаничка си уживаше во односи, па во 5ти месец прокрварела, а таа решена, има да уживам и крај. А да не спомнувам колку е етички тој момент, ама веќе е друга тематика.
    Барем за мене е некој вид непочит кон бебето.
     
    На mommy's love, Suze18992 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.559
    Допаѓања:
    38.812
    Пол:
    Женски
    Членката имаше обилно крвавење по односи ако не сум грешка, и јас се зачудив што прашува пак. А и со докторите се чудам што не забраниле односи за до крај после такво крварење.
     
    На Suze18992 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  13. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    6.719
    Пол:
    Женски
    Здраво идни мамички!
    Многу ми е мило што пишувам во групата, после 4 год.борба еве сум 6та недела од бременост (ептен скоро) :)
    Имам прашање, бидејќи е најактивна групата, пишувам тука.
    Сум останала бремена со 4 тсх, иаку сите вредности досега беа 2.Проверив пак пред некој ден 6.50
    Немав можност да одам кај ендокринолог и не ми се чекаше до 3ти од паника, бев кај интернист и ми даде терапија euthyrox од 25
    Ќе се намали ли од таа доза? Страв ми е од некои последици...
     
    На ivance.., AniSk, Ano и 5 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.750
    Пол:
    Женски
    Не си фер, оти нема потреба од сарказам на темава, ти поставуваш секој ден прашања кои реално се нелогични дури ама никој не ти одговори саркастично сите сме трпеливи и ти даваме одговори со фер тон, ти реши да бидеш саркастична оти сметаш дека не е етички да имаш секс во бременоста, не е со почит спрема бебето.
    Извини ама што знае бебето што е тоа? Среќна мајка од оргазам, среќно бебе. Ниту еден доктор и студија не покажала дека при нормална бременост сексот е забранет.
    Крварење може да се појави и од други работи, кој доктор пак гарантира дека нема да се појави од било што, никој. Бременоста не е патологија, нормална состојба е и ако е нормална бременост без компликации и ние треба да се понашаме нормално. Не сме ние тие кои треба да судиме дали е етички или не, во темава особено треба да бидеме фини едни кон други.

    А кога збореме за познајнички и сите мои другарки имаа секс до крај и сите се породија брзо и лесно и немаа никаков проблем така да еден пример не ти е репер за правилно.
     
    На Biljanaavr, ForeverYoung, Кена Рис и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    26.897
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik Ти си преплашена реално од све и свашта и не си воопшто опуштена во бременоста, па коментарот не е ни изненадувачки. Членката не се буни на нашите мислењ туку на коментарот кој и не е баш ок, не е само напиши нешто пошо така ти дошло.

    @Pipismel И пред да ширите страв прво добро распрашај се дали си во право. Односи во бременост се дозволени, сексот нема да повреди бебе, нема да доведе до предвремен пораѓај. Позади тажната приказна на пријателката не стои само секс, тука мора да има причина зошто довело до пород толку рано. Точно е дека може да се добие инфекција, бактерија која може да предизвика несакани последици, затоа постои кондом, точно е дека спермата го омекнува грлото ама Побогу не од 3-4 пати ако сте се опуштиле. Пенисон немат теоретска шанса да го повреди на бебе, служниот чеп за што служи? Ако дошло до крварење, ако нема хематон,миом или нешто друго кое захтева мировање и терапии кои мора да се примаат,во странство не ни препишуваат терапија, камоли да се залегниш. Два пати сум крварела, нити ми забраниле секс, нити летови, нити да функционирам нормално.

    Членката рече дека има од еден доктор зелено светло ама ќе праша пак, не го разбирам вашето скокање.

    Најважна е состојбата на трудницата,има некои вежбаат, работат, во движење се нон стоп, летаат, патоваат по држави, се сексаат и тераат до 40та недела, некои за жал им е ускратено тоа се иако се пазат.
     
    На Кена Рис, Rtulka, Ano и 9 други им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Јас сум свесна дека моите прашања се и смешни и нелогични.
    Јас сум и љубопитна и исплашена и згрчена.
    И знам кога поставувам прашање, да спомнам дека е смешно, претерано, панично, тоа и самата го спомнувам, дури и на стравот сакам да додадам и доза хумор од моја страна.
    А крварење по однос е веќе ситуација подруга, симптом.
    Да релативизира бремена жена за да може да продолжи да има односи, а веќе искрварила, мене ми е несфатливо. Тоа е личен избор, лична перцепција на нештата.
     
    На Proletno му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    3.513
    Пол:
    Женски
    Ама @elenaklasik тебе што ти е несфатливо не е изговор за саркастичен коментар. Доволно е да кажеш јас не би ризикувала на твое место.
    Јас истиот совет би го дала за ваков случај, не дека не. Ама ако членката сака и доктор и даде зелено светло, нејзино е. И нема потреба од зајадливи коментари или осуда во смисол, како можеш на тоа да мислиш...
    На крајот од денот, секој за себе.
    Многу членки и тебе не ти ја сфаќаат испаниченоста (дури ни јас што сум со реална дијагноза и високо ризична бременост), па колку што памтам никогаш не биле саркастични, туку напротив баш се обидувале да те опуштат и подобронамерно да ти посочат дека премногу се стресираш.
    Малку повеќе емпатија и разбирање, дека не сме сите исти, а тука сме да се бодриме и да си даваме добронамерни совети. Особено со хормони до плафон, треба да сме малку потолерантни и повеќе да внимаваме на коментарите :)

    Среќни празници од мене, и да си ја дочекаме во мир и спокој 2023 со полни раце :*
     
    На Biljanaavr, Кена Рис, Sofi.ja и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Секој има различни гледишта на работите, но сексот е нешто што може да почека, вежбањето исто.. и ред други работи..особено таму каде нешто се случило. Јас имам ризична временост, плус два пати крварење...моите задоволства после породување..
     
    На AniSk и sweet.woman им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.750
    Пол:
    Женски
    Е добро де и таа е свесна дека може ќе има проблем, праша тука што впрочем сите го правиме за се, ама рече дека ќе праша и доктор. И јас и реков дека сметам дека треба да почека ама на убав начин, а ти одбра да бидеш саркастична и индиректно да навезуваш уште сега дека таа не е добра мајка оти сака секс. Бремени сме сите, со хормони до плафон, таков коментар недоличен како твојот може некоја жена многу да ја погоди, ми ја разбираш поентата?
    Во ред е дадеш мислење дека не треба ама начинот на кој го даде не ти е на место и јас поради тоа те цитирам, се разбираме?
    И нам ни е несфатливо зошто се понашаш како да си болна, а не бремена со стресување и паники за се едно нешто, според мене тоа е сосема неправилен пристап кон бременоста, разбирам дека си имала лошо искуство ама сега сее во ред и несфатливо ми е зошто си толку згрчена, ама не можеш против тоа па никој не коментира погрубо на твоите прашања.
    Како би се осетила ти да ти напишеше таа, нешто во смисла ајде ти со тие паники бебето замисли какви емоции осеќа, алал да ти е што не успеваш да се исконтролираш за него, не звучо убаво нели?
     
    На Кена Рис, Sofi.ja, Hatula и 10 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.750
    Пол:
    Женски
    Да секој има различни гледишта и секој е одговорен за себе, ако сметаш дека твоите задоволства треба да чекаат тоа е во ред, ако јас сметам дека моите не можат да чекаат и тоа е во ред, не сме тука да се натпреваруваме која подобро или полошо ја износува бременоста.
     
    На Кена Рис, Sofi.ja, Rtulka и 2 други им се допаѓа ова.