Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Така е, можеш секој ден да имаш односи по три пати...јас бидејќи чекав 9 години за бебе , се ќе подредам за да ги елиминирам работите кои можеби ќе придонесат за нешто лошо. Буквално се...
     
    На AniSk и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  2. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Патем, за се си поставуваме прашања, ова не чеша, па дали сум напнала по голема нужда, ама за тоа..задоволството на прво место..дај олабавете малку
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Зошто страв? Мојот текст не беше наменет за членката што праша дали може да има односи, си има доктори и секој си знае за себе. Моето беше напишано во продолжение на текст на друга членка каде што пишуваше општо за секс во бременост. А тоа дека спермата го омекнува грлото го омекнува и како што си напишала можност од инфекции. А дали на некој ќе му се случи тоа неможе да се знае но според мене убаво е да се има како инфо и претпазливост
     
    На AniSk и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.750
    Пол:
    Женски
    Ама тоа што ти си чекала бебе 9 години не е наша вина, не е ничија вина и во ред е да бидеш претпазлива, ама ради твоето искуство да ме обвинуваш мене зошто сосема нормално функционирам во бременоста и поради тоа што имам сосема нормална бременост сум решила да продолжам да уживам во задоволствата не ти дава никој за право. Не ми е јасно со што треба да олабавиме? Не рече никој дека задоволствата се на прво место, секако дека бебето е на прво место впрочем сите сме на темава оти тие ни се на прво место, ама дека треба да се понашаме како да сме превилигирани, болни или не знам што оти сме бремени, не треба. Ако бремноста е нормална и ако доктор ми рече дека се е во ред и можам да функционирам нормално зошто би правела поинаку?

    Мислам дека вие треба да олабавите со прашања од типот напнав да какам дали ќе се породам, глупаво е возрасна образована жена да не размисли логички дека тоа не е можно, за чешањто ако е енормно е сосема оправдано да прашаме оти може да спаси некого од состојба која е опасна по плодот и мајката.
     
    На Кена Рис, ladystardust, Anchita и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Прво, никаде не пишав дека некој ми е крив мене за се што поминав. Второ, никаде не пишав за нормална бременост како твојата, ниту па тебе те обвинив. Убаво прочитај го постовите..
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Леле леле,во која насока отиде се од едно обично прашање?
    Ќе ве разберев дека сте со доза осуда ако напишев "крварев и имам забрана од доктор за секс,ама не можам да издржам па сепак ќе имам", а јас ниту сум имала секс овој месец дена после ситуацијата, ниту со мм воопшто нешто сме пробувале, не сме мали деца и иако ми е трета бременост што морам да напоменам да не испаднам лаик и напалена будала што едвај чека да легне со маж и свесно предизвикувајќи проблем, претпазливоста е голема.
    Почитувам се што ми кажаа докторките, муабетот ми беше дека две од три не дадоа забрана за ништо освен да не ја кревам помалата ќерка. Секако одам на редовни контроли,секако разговарам и сум отворена со докторките па ќе прашам тоа што ме интересира, ако дозволи океј е, ако не дозволи пак океј е.
    Има време,сексот може да чека нормално, секако не ги праевме децата гледајќи се во очи (facepalm)
    Мислев ќе наидам на мислење некое дека и друга трудница имала слично/исто искуство па како се одвивала проблематиката во понапредните недели, се средило ли, само односот ли бил причина.. А не "епа ок,оди имај односи ако не можеш да чекаш не мораш да не слушаш".
    Се изначудивте,се изнапрепастивте од прашање што би, а не од дејствие конкретно.
     
    На Biljanaavr, le.soleil, Sofi.ja и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Таман работа..:).. Јас воопшто не ти го сватив постот така, него "храбриве" провоцираат повеќе од што треба..Јас за секоја дилема што ја имав, разговарав..Иако јас веке знаев дека односи нема теорија :)
     
    На Lavica2602 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.909
    Допаѓања:
    10.004
    Не ми се верува дека прочитав дека не било етички да имаш секс ако си бремена.:rofl:
    Кој век сме бе.:worried:

    Сексот е нормална, дозволена и препорачана активност во бременоста, со тоа што треба да се одбегнуваат пози кои логично би му наштетиле на бебето или мајката (притискање на стомак, секс на лулашка или слични егзебиции)

    @Chanell* едноставно побарај мислење од другите 2 докторки и опушти се.

    Јас имав односи до 9 месец, возев кола, пешачев, значи потребата од одмор и забрана за било какви активности секако ќе биде напомената од докторите доколку има ризик, нема да остават сами да се мислите.

    И во темава стварно не е потребно да се вклучуваат било какви морални вредности, светци, религии и остало.
     
    На Кена Рис, ladystardust, le.soleil и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.595
    Еленке секоја акција која ти како трудница ја превземаш носи ризик за бебето. Некаде треба да се повлече здрава граница и да се опуштиш, не се може да се контролира. Пошо веќе даваме мислења, јас мислам дека твојот грч низ цела оваа бременост е поголем ризик отколку сексот на членката. Научно гледно (а кон тоа гледиште се стремиме, не кон бабини деветини ) поголем ризик е да излезеш надвор и да те мавне гром него нешто да му се случи на бебето од секс во нормална бременост. Плус не знам како така лесно го занемаруваш мислењето од докторот и се поставуваш како надлекар. За етичкиот дел не навлегувам, според мене тоа е чиста глупост, нели и тоа дете што го носиш е производ на еден таков чин ама секој со своето мислење на таа тема.

    Секој може да си има различни гледишта и да практикува различни работи според сопствените верувања и претходни искуства. Во здрава бременост ни сексот ни вежбањето не се забранети, баш вежбањето се поттикнува и е проследено со низа научни докази за бенефитите по мајката и плодот.
    Јас цела бременост сум активна, и со вежбање, и со движење, и со сексуални односи. Да чукнам во дрво не сум искрварила ниеднаш досега, ниту па сум имала некој поголем проблем. Баш напротив се чувствувам супер. А да кажам какви физички активности правам еден куп членки ќе ми се нафрлат бидејќи според нив тоа не е за трудници :D
    Има трудници на темава кои цела бременост ја поминаа во мирување по сопствено убедување, мое лично мислење е дека тој пристап кон бременоста е погрешен, но секој го прави тоа што мисли дека е најдоброто за себе и за своето бебе. Само малце ме напнува кога се даваат вакви совети бидејќи се формира тотално погрешна слика за бременоста.
     
    На AngelOfArh, Bubish26, Hatula и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Не беше тема нормална бременост. Сите активности се подразбираат доколку се е во ред.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.319
    Допаѓања:
    14.497
    Јас имав односи и спонтан истиот ден. Докторот прво што ме праша дали сум имала односи. Членката била со крварење и толку не ли може да се воздржи, некако ми е нејасно, ама ок.
     
    На AniSk и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  12. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Мене ме задржаа и во болница и тоа беше првото прашање..Ама никој не ја осуди членката..Нејзин избор си е.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.909
    Допаѓања:
    10.004
    Ама ти и она не сте исто, како да ти објаснам?

    Ти како не се воздржи тогаш?
     
    На Bubish26, Rtulka, Mantub и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Е да си ми жива за прашањето.



    НЕ СУМ ИМАЛА СЕКС,ВОЗДРЖАНА СУМ ЦЕЛ МЕСЕЦ! Не читате изгледа,џабе.
     
    На Калатеа, Kateruna, Снегулк@23 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.319
    Допаѓања:
    14.497
    Па не знаев дека ќе се случи тоа и после тоа со три бремености немав односи.
    Еве ти објаснувам дека наредни бремености не помислив иако од еден доктор ми беше одобрено.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.559
    Допаѓања:
    38.812
    Пол:
    Женски
    Ама ни овде членките, а ни доктор не може да ти гарантира дека нема пак да се случи. Штом не се откри од што е, а после односи имаше такво крварење обилно со парчиња значи било нешто поврзано.
    Пример да ти одговореше некоја ок е имај пак или доктор да ти рече еве сега се е во ред имај односи и да се случи крварењето повторно, кој ќе има одговорност?
    Мислам дека е добро што си ја послушала матичната, не вреди ризикот.
     
    На Iris-1234, Снегулк@23, Proletno и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.750
    Пол:
    Женски
    Значи колку сакате да преувеличувате страшна работа, јас искрено мислам дека на мене се однесува храбрите кои провоцираат, макар јас никаде не видов дека провоцирам, напротив нејзе и реков да се консултира прво и да почека. Ти ми се нафарли со коментар имај три пари секс на ден јас нема да имам, според мене твојот коментар кон мене е саркастичен без причина.
     
    На BadKarma94 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Зошто како жени самите се ставате после другите? Не требало да сме привилегирани кога сме биле бремени. Како па да не.
    Да, бременоста како функција е нормална, меѓутоа како одреден дел од секојдневието и сопствениот живот, далеку од нормална појава.
    Што нормално има од тоа да трчаш во вц на пола саат, да се подмочнуваш, да се качуваш едвај по скали, да ти се гади, да ти се повраќа, да те владеат емоции, да те болат сите коски?
    Продолжете си со муабетот, ама стварно ми се сере од вакви констатации.
    Испаѓа не смее човек да се пожали за ништо, бидејќи се е нормално и мора да трпиш.
     
    На Tess36, Снегулк@23 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  19. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Исто така не спомнав никаде дека ти се глупави советите и дека си необразована жена.
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.421
    Допаѓања:
    47.750
    Пол:
    Женски
    Да треба да сме емпатични кон бремени жени зошто е природно да си емпатичен кон луѓе кои се болни, стари, бремени или во некоја состојба, ама да очекуваш дека треба да си превилигиран зошто си решил да имаш бебе е тотално нон сенс според мене. Да ќе му замерам некому ако ми рече ее абе работи 8 саата без пауза шо има веза што си бремна, ама дека ќе очекувам дека ќе ме плаќаат, а ќе седам пола ден во канцеларија оти не можам да работам, не очекувам дека ќе ја добијам таа привилегија, ми ја разбираш поентата кога зборам за привелигираност?
    @Proletno ни јас не реков дека се глупави, само се надоврзав на твојот коментар, испаничени сме и прашаме се и сешто и барем на темава нема потреба да бидеме саркастични и злобни. Тоа ми е целата поента, ако сте расположени за уште карање и живчани од хормони, бујрум во друга тема, тука не.
     
    На Кена Рис, Lima24, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.