Напротив, ниту сум живчана, нит сакам да се расправам.Пак ми даде погрешна проценка.Се надевам дека кај тебе е се во ред цела бременост, дај боже до крај така да биде. Затоа најдобро е да не коментираш за работи за кои не си соодветна.Јас имам комплетно право да кажам таму каде сум видела мака..и совет да дадам...
Јас имав школска бременост, секс имавме редовно цела бременост. Последен месец и со свршување внатре за да омекне грлото. Последен секс имавме на ден пред да се породам. Со надминат термин бев. Си прашав за секс дали може, дали пречи, сите кажаа дека ако има уредна бременост, ништо не е забрането. Секако пливање во езеро не, секс во некои ризични пози не, алкохол, цигари, дрога, и слични работи кои се опасни, ама возрасни сте, разбирате што е логично а што опасно. Непочит кон бебето... Сериозни сте?
Јас останав бремена непланирано и случајно. И млада, да речеме. Немаш право да ми кажеш дека ти твоето бебе го сакаш повеќе и си попретазлива од мене, која не чекав ич. Засрамете се како жени и мајки од такви муабети. Јас кога приметив дека ми доцни, а не планирав бременост, скокав за да ми дојде. Мислев нема шанси да сум бремена. До спонтан не дојде. Ни со секс секој ден, пред да дознаам дека сум бремена, а и потоа редовно. До спонтан може да дојде од многу причини, ама секс е на најдолно место. Мене докторот ми објаснуваше, дека ако плодот има аномалии и икс причини за да не се развива, ке има спонтан, дури и во спиење. Секс како секс нема да смени. Ако бременоста е ризична и препорака е да се нема секс, јасно е дека нема секс.
А бе кој да се засрами жено, немислев дека до толку има неписменост. Не зборуваме кој колку го сака своето бебе..Засрами се ти..Зборуваме за компликации во бременост..да ти нацртам? Јас имам повеќе од 10 ин витра и сум научила нешто.
А кој рече дека сум соодветна, дали си ти соодветна да кажеш дека некоја болка е нормална или не, темава е за совети и искуства, ама дека на крај ако мислиш дека нешто е сериозно секако ќе прашаш доктор и нема да останеш на мислење од темава. Не знам како заклучи дека и тврдам дека може да има секс, па да ми речеш дека не сум соодветна да коментирам. Не ни читаш како што треба туку упорно одговараш и ми префрлаш мене дека јас давам несоодветни совети кога никаде не ги дадов, само сакаш да прекриеш дека си арогантна со одговорите за да не те сфатиме таква. Мој совет е ако е нормална бременост може секс, овоа од искуство.
Зборевме за крварење, значи реален проблем.Патем, ти се уфри дека односи ќе имаш колку сакаш..Па не беше за тебе наменето.)))
Зборуваш. Сега си бремена. Како си останала бремена и колку тешкотии си имала е соодветно во тема за поддршка за оние кои не можат да останат бремени. Овде на темава сите се бремени. Во секоја прилика ти и останатите кои се мачеле да останат бремени, мора да кажете колку години сте се бореле за бебе. Па наводно вие сте попртепазливи, посветени, повеќе љубов имате итн. Што научи? Дека со секс доаѓа до спонтан? Прво да, потоа многу кажаа дека е неморално, непочит кон бебето, можело после пораѓај...
Има гинеколог и гинеколог. Има доктори кои си даваат аспирини, клексани, прогестеронска поддршка за секој случај. Има и такви кои ке те убедат дека тоа што си имала секс е причина да изгубиш бебе, да направат да се чувствуваш виновно, пред да испитаат причина за спонтан, дали е навистина сексот или нешто друго. Мене матичен, доктор од државна, и Елена од Ремедика ми кажаа секс слободно. Ништо нема да му е на бебето.
Членката имала обилно крварење..не кажа дека од секс прокрварела..Не ја раскажувам мојата приказна, само споделувам..
Да и затоа и рековме да се консултира пак со доктор, никој не и рече оди сексај се одма. Мојот коментар се однесуваше на Елена и на тоа дека беше саркстична без потреба реално, во ред е да дадеш совет и жал ми е што го имаш тоа искуство ама не ти дава за право да велиш како сексот е ризичен по секоја цена. Толку од мене на темава. Среќни празници.
Сексот е ризичен кај ризична бременост. Жал ми е што не се сваќа поентата. Исто и на тебе..Среќни празници.
Кај мене не можеше да се испита зашто имав комплетен абортус, дома искрварев во туш кабина. На докторот му верувам, само тој што ми кажа и пред да останам бремена и додека бев бремена беше точно. Он не рече дека е 100 проценти причина сексот, туку оти е можно и тоа да предизвикало.
Точно. Можно е. Ама можни се и икс други фактори да предизвикале спонтан. Ама ти го кажуваш тоа како универзално правило. А не е. Во совет со доктор ке одлучиш. Затоа е докторот, да прашаш, а нема доктор што ке ти каже секс 9 месеци не, при уредна бременост.
Не се напнувам и јас навивам за секс и љубов. Но, зборевме за постоечки проблеми.Не за нормална бременост. Крварењето знае да биде сериозно во натамошниот тек од бременоста и секој доктор ти дава насока што смееш а што не. Јас не измислив дека мислењето на повеќето доктори е дека не треба односи кај што има проблеми. Не е прашање кој е најмајка..туку превенција од понатамошни проблеми.Поздрав
Кој кажа да се има секс при крварење? Јас сигурно не. Прва велам дека треба да се праша доктор. Ако каже може, и ако пртнерите сакаат, тогаш може. Тука филозофираат дека било неетички и непочит кон бебето. Прочитај цела дискусија.
Тоа за етиката, ниту се вклучив, ниту совет дадов. И за секс при крварење не зборуваме. После крварењето..месец два три..Патем ми викаш да се засрамам..Дека слушам доктор, дека сум дисциплинирана..Мислиш дека ти беше во ред постот?