Добредојдовте нови мешиња! Времево мене супер ми делува, освен на отоците и притисокот. Денес и вчера носам холтер, и плус собирам урина за да испитам протеинурија, да се види дали имам протеини во урина. Колку е досаден холтеров, па и како боли!!! Стиска на секои 10-15 минути мери притисок, ужас. Се плашам многу од протеините во урината, тоа беше последниот показател за прееклампсија кога бев бремена со ќерка ми. Уплав имам! Утре влегувам во 23 недела, на 20 сум на скрининг. Да се погледаме со синко малку, да видиме колку пораснал!
Мешиња, ви се случува ли да ви се појават бели ситни мозолчиња како потпарци народно кажано на деколтето? Ми се појавија пред недела дена, ама бев зафатена околу свадбата и не ми падна на памет да одам на лекар. Дали е можно да се нормални во бременост или пак да се проверувам за алеригии, не се губат. Друго прашање, имам малку плодова вода. Не е за загружување, ама сепак ми рече гин.да припазам на исхрана. Некоја имала ли слично искуство и што и помогнало?
Мена ми се појавуваат такви ситни мозолчиња на деколтето, ама сметам дека е нормално и не сум им обрнала внимание
Јас обично исто не обрнувам внимание, ама бидејќи ми излегоа баш пред свадба, а сакаш нели да си топ така заприметив. А до сега немав ниту едно. Тебе кога ти се појавија? Во некој месец конкретно или постојано по некое?
tocno taka i jas imav mnogu jaki bolki okolu 4-5 nedela duri od strav bev kaj doktorot i se bese vo red,verojatno kaj nekoi zeni i e poizrazita taa implatacija na plodot
нека ти е успешна и лесна бременоста, со лесно да си ги поминеш овие 9 месеци, а после и порагајот... тоа презиме мденков, ми е познато, мислам дека те познавам, ама во лична порака ке те прашам,,поздрав
шо викаш нема ни п од порагај, па ни б од болки, не се секирај, ке си дојде само по себе, само веке ни е тешко да издржуваме, денес ти беше тебе терминот, без паника, по некој ден пак на цтг, и ке почнат болки, веке ке те водат со поминат термин, кај и да е ке се породиш. ама на нас не ни се чека, е тоа пусто чекање, само позитивни мисли...
Мамички, само да ве поздравам и баш ми недостасува темава. Се надевам сите сте супер. Инаку немам време да ве читкам, но не ве заборавив да знете. Имајте убава вечер.
значи не сум само јас бесна овој ден, изгледа ке е од времето, или тоа хормоните ни вивнуваат, за ништо се лутам, карам со маж ми, тој само вика еј што ти е, во минута ми се смене расположението, сепак мислам од времето е...хихихи,,, за крварењето не се секирај, и јас така после вагиналниот преглед имав крв на гаките, ама срека докторот ме предупреди, ми вика ти се појави малку крв на слузокожата, ја избришав, ама ако пак ти се спушти на гаките, не паничи од прегледот е,, и така јас не испаничив, а онака ке дигнев паника,,прво ти е нели, браво на храброста да го рагаш природно, а како што прочитав големко ти е.. нема веза, секој е индивидуално, со лесно да си поминеш,,,па ке пишеш...
јас утре одам да го земам резултатот од брисот, се надевам дека оваа стрептокока е излечена, иначе и мене бебушот ми игра фудбал во стомакот, ме изнасмеа синчето денес му викам, види лука ова твое братче колку ме рита во стомачето уште од сега е немирно, а лука ми вика, мамо па ке биде фудбалер,,, срце мајкино,, поздрав мамички,,,
ЗА Крварењето да ви пишам на кратко- Јас прокрварив малку три дена пред да се породам. Затоа внимавајте ако сте при крај со бременоста, крвта може да означува дека породувањето може да се случи секој момент. Со лесно на ситеееееее....
@Mekuska навистина ни е таков денот изгледа. Али да сме здрави и живи, не можеме секој ден да сјаеме од среќа и да го имаме оној сјај на бременоста хихиххи....како и да е, се ќе помине. И конечно можеби после некое време ке можам да облечам фармерки како нормален човек @makedonkamak чул те бог. да си се породам, само ја слушам комшивкава со двете машки деца и со новово бебе, и си викам, уште малку ќе стаса и моето засилување
и јас имав проблем со зачнуванјето, се беше во ред и со мене и со маж ми, но не можев да останам бремена, и моравме да одиме на инвитро, а како одвај чекаш да се породиш и да се исфарбаш? нема ли да чекаш 40 дена? И јас сум за фарбанје, ама ке почекам 40 дена, и така нема да одам никаде, освен на вакцините, па фарбанјето ке почека за пред крштевката
Во зграда најдолу имаме фризерка. Случајно она живее до мене она е задужена за сите жени во зграда и многу си ја сакаме. Јас во принцип си ја враќам мојата природна боја - светло кафено накај плаво и косата ми е баш порасната, така да малку само ќе ме шишне и исфарба. Не можам да се гледам ваква. Инаку, не сум расположена за одење никаде, така да тоа што она ми е врата до врата ми е огромно олеснување. Инаку ние останавме природно бремени, само што баш сменивме режим на исхрана, витамини....и најбитно - јас дадов отказ од адв.канцеларија. Останав бремена на одморот, па си го посветив времето дома да си завршам адвокатура. Здравје боже, кога ке пораснеме, се надевам дека никогаш више нема да доживувам стресови како порано. Голем поздрав
Нормално е да се има болки. Е сега зависи од прагот на толеранција. Јас пак, бидејќи имав мнооогу болни менструации, таа болка на почетокот на бременоста ми беше онака, многу блага. Само мисли позитивно и одмарај. Ти посакувам се најдобро!