Пречекани и испратени гости. Средена куќа и одвај стојам на нозе. Таков почеток на новата година. Од труднички активности, за 10 дена од кога го почнав 8ми месец стомакот ми се зголемил 2-3цм во обем и сега баш е голем, за разлика од претходно. За новата година си посакувам, само успешно да стаса бебе, здраво, живо. Се останато ќе си дојди на место. И следната Нова година, да ја дочекаме ние 3ца, опуштено, во пижами, пред ТВ
Среќна нова мешиња, во оваа година што помалце луди хормони, повеќе смиреност и трпение, сите со лесно да си ги дочекаме бебушите, да се живи и здрави и да уживаме во годината. Здравје, среќа и љубов
Среќна Нова година мешиња. Мнгоу здравје и сеќа во новата година и нормално најубави моменти со новите членови што сите со нетрпение ги очекуваме Се да поминува во најдобар ред.
Среќна нова година на сите мешиња. Да ни се исполни прво на сите заедничката желба што ја имаме, живи, здрави бебиња во раце! После се останато да ви се исполни!
Вчера ко за бремена ич лошо не поминав, успеав да отидам на дури две дневни забави се видов со скоро сите најблиски друштва, се наполнив позитивна енергија и на крај се паркирав во дневна со пижами свечено да ја дочекам новата Ситно мезе, кисела вода и 12:30 во кревет. Последна нова година сами ние двајца, се надевам од наредна година да си имаме еден куп нови традиции со беба Нека ви е најсреќна новата година, многу здравје, лесни породувања и убави моменти со најблиските
Среќна нова мамички што побрзо да си ѓи држиме бебушките во раце, здравје среќа и лубов...сега приоритет ми е да помине јануари па мислам веќе ќе биде полесно...
Не може да знаеме дали ќе се намали од таа терапија, секој различно реагира на терапијата. Обично откако ќе се смени доза се проверува после еден месец каква е состојбата. Ама со оглед на тоа дека си бремена и си на почеток од бременоста, мој совет е да ја провериш во вторник уште еднаш и да се консултираш со ендокринолог.
Среќна нова девојки! 2023та да ја паметиме по многу љубов, добро здравје и безброј причини за среќа. Да ни ги донесе бебенцата живи и здрави и да уживаме во најмеките прегратки!
Среќна Нова година мешиња, сè најубаво! Денес го осетив бебево, поточно сигурна бев дека е тоа, а не некое движење на црева Денес 16+5
Среќна Нова и од мене, бидете живи, здрави, сакани имајте лесна бременост и уште полесен пород Ние дома вчера со друшто, малоте ни се 3 месеци разлика, вторите ќе ни се исто 3 месеци разлика пааа да се договаравме немаше вака да се погоди хаха дома не се газеше од играчки на секаде, остадов се така и легнавме, фалаа му на маж ми што кога станав се средил, јас не знам кај се наоѓам, ми се спиет ми се плачит. За кратко пак гости, пак на ново се ама ајде за убаво нека е само, јануар ни е само со прослави. Бебе почнав да го осеќам се повеќе и појако, ептем почна да ме шутира, киселини еден ден имам, 5 ги немам.. ама ништо не помага.
Здраво, супер е што на време си почнала со терапија. Мене тсх ми е 3,2, и ја земам истата терапија. Мене ми беа зголемени антителата, 310, и открив во 22 недела. Ако не примам терапија, докторката ми рече има ризик плодот да престане да напредува добро. Особено пак на почеток, терапијата е неопходна. Другарка од почеток пиеше euthyrox од 75 поради висок тсх и роди здраво и право девојче. Инаку, по еден месец ќе направам пак испитување за да се види дали терапијата ќе ми остане иста или ќе се зголеми.
Девојки седев превиткана на стол, а можеби и бебе притисна некој нерв или јајник. Баш на тоа место кај јајникот од лево ме прободе некоја болка јакичка можеби 20,30 секунди траеше. Има повеќе од половина час од тогаш, не се повтори. Ви се случило? Се преплашив во моментот. И уште ми е страв седам ко укочена да не се повтори.
Ми се случува у последно време така да ме штрекне некоја болат при вртење у кревет, нагло станување..штом брзо поминува мислам дека не треба да паничиш.
Ептен ме доболе како да ме прободе нешто. Ме има болено на истото место и мене ноќе кога се вртам и кога ми се моча ама не толку.
I jas snosti go osetiv mojov cvrcko i sigurna sum deka bese toj. Nekako mi bese porazlicno od predhodno so me bunese. 19+4 sum jas pokasno od tebe
Антителата ми се 6.8 и тоа исти резултати во иста лабораторија во рок од 20 дена. Бев и кај друг интернист (ендокринологот не е во државата моментално и не ми се чекаше) тој кажа, ако антителата се ниски нема потреба од терапија. Ама за сигурно почнав со терапија. Исто ми кажа за еден месец да одам на контрола и ако не е намален ќе ми ја покачи терапијата. Фала ти многу Тоа е најбитно, само да се родат здрави и живи.