Не видов по апликацијата хаха ама можно е пошо и лет не оставет после 36та недела, мислев 37ма зш као веќе си во безбедна зона.
Кога сме кај влегувањето во 9ти да разјасниме. Јас сум 34+6, утре полна 35та, а нареден вторник полна 36та, така? И тогаш влегувам во 9ти месец?
Јас цело време си рачунам според мерките на бебето. Покасно е зачнато и ми отстапуваат терминот според последна менструација и тој според мерки. Едниот ми е 3ти Април, другиот 11ти Април. Не ми е јасно и на мене кога ќе сум официјално влезена во 9ти, дали според ехо или според циклус. Претпоставувам првото, ама треба да прашам.
Да тогаш влегуваш 9ти,така јас знам од претходна бременост а така вика матичниот и сега.36+ е веќе 9ти месец
Jas ova go znam i skoro na sekoj sajt e taka 1-4 nedelja = 1. mesec 5-8 nedelja = 2. mesec 9-13 nedelja = 3. mesec 14-17 nedelja = 4. mesec 18-22 nedelja = 5. mesec 23-27 nedelja = 6. mesec 28-31 nedelja = 7. mesec 32-35 nedelja = 8. mesec 36-40 nedelja = 9. mesec
Добар ден среќна нова година многу здравје, среќа ,и здрави прави бебушки. Сте почнале дебати за секс ни во првата бременост имав ни па во ова не ни прашав докторот сами си одлучивме а најмногу ме нервираат пријателките ама ние имавме ама јас не сум вие јас така сакам и точка многу ми е криво вопшто немат разбирање за ситуацијата моја,дека сум бремена и дека не можам да правам работи како што сум правела тие шетале по кафани,пиеле алкохол играле ,епа јас не можам ми е страв зошто јас си знам низ што поминував од септември навака ама никој не те разбира .За дочекот собрани кај пријателите од 21 до 4 на сабајле плус магла не се гледаше од двај сум возела вчера скоро цел ден го прележав со некоја чудна болка после тоа спремав кај нас дојдоја па ти викат де па што до толку те болело не можам да ги сватам дали јас не сум нешто во ред или тие , ама го собирам вечер пак сме на собиранка ќе им кажам каде им е местото на сите
На почеток докторот ми рече дека ќе одреди возраст на ембрионот според мерките до прв скрининг, односно на која недела ќе одговара плодот по димензии така ќе го води до крај. После тоа може да варираат мерките и напредокот, ама колку што разбрав во првото тромесечие најпрецизно се утведува кога точно била овулацијата и фертилизацијата и според тоа одредуваат краен термин. Кај мене само еден ден се разликуваше. Ова е мое искуство, можеби има други поразлични примери.
Женски, 25 недела сум, бебето е попречно наместено. Ај ве молам за совети Дали нешто можам да правам да се намести со главата надолу? Сите доктори велат дека е големо, скриен шеќер испитано - ок е. Дали нешто сметате дека треба да внимавам во исхраната? Поздрав и среќна Нова на сите.
Ако бебето на прво ехо отстапува од циклус тоа може подоцна да си ја достигне гестациската зрелост на циклус па ќе ве породат според циклус. Кај мене до пола бременост според мерки краен термин ми беше 16-17.08, а после цело време си одговараше до ден на циклусот, а според него краен термин ми беше 10.08. На 27.07 се породив со закажан царски рез.
Јас знам отприлика кога ми била овулацијата зошто бев на ехо баш после неа, имаше излив. Бебето цело време ми е 2-3 дена +/- сметано по овулацијата (21-22 ден, зошто имам долги циклуси), а од последна менструација отстапува со 7-8 дена. Не се оптеретувам со тоа, се надевам на природен пораѓај, а ако треба царски докторите ќе си одредат кога е најсоодветно, уште ми е рано да размислувам.
Има време, ќе си се намести со главчето долу, рано е уште. Чим немаш скриен тогаш може и генетски да е поголемо, ако не ти рекле да внимаваш на нешто тогаш нема потреба, не е страшно 1-2 недели да е понапред или поназад. Јас 34+5 сум. Сме се собрале сите блиску
Ее и кај мене според мерките, не според последна менст. 5 дена е поголемо секогаш на преглед и така ми го скратија терминот за 5 дена. Иначе во право сте, само што мојава докторка во Мк и во АУТ ми велат дека од 21+1 е веќе 22ра недела, така и со ова јас сметав дека 36та полна веќе си е 37ма недела и со така идаме на исто дека тогаш се влегува во 9ти.
Туку има ли некој проблем со попуштени вени? Јас имам генетски предиспозиции и свесна бев дека ќе ме снајде ама буквално се шокирав кога си ја видов вчера ногата Имав една многу мала вена околу коленото што и претходно ми се познаваше ама сега се неколку поголеми, ептен изразени и искрено ме фаќа страв до каде ќе оди имајќи предвид дека тек крај на второ тромесечие сум. Читав дека некогаш се враќаат колку толку во нормала после пораѓај кога ќе се намали волуменот на крвоток, ама не знам, немам многу верба. Секој совет за третмани дозволени во бременост, па и после тоа е добредојден. Некој спомна флебодија апчиња дека пие, знам дека тие се препорачуваат, не знам за компресивни чорапи или некаков гел/маст што би можела локално да аплицирам...