Со лесно нека е мила! Пантенол за шмукање за грло и алпенкрафт сируп за кашлица. Многу цедени сокови, супи, прегорен шеќер со млеко и путер, диши над зовриена вода со морска сол и прави гаргара со растворена сол/сода.
Матичната треба да ти даде упат до кожно па они да ти закажат за на клиника. Јас се боцкав кај др. Сузана Николовска, прво ти прави доплер па после ако е се во ред те боцка. Тогаш имаше таму инекции а сега кога правев доплер пред некој месец ми рекоа дека немаат, така да ќе мора сама да си ги набавиш.
Секој втор е со кашлица тоа е страшно. Еве маж ми недела и пол мислам си ја распара плуќата од кашлање и вадење шлајм, фала Богу мене уште не ме фатило. Видете го времево, воздухов.. па не е можно да не залегни човек. Ништо, слупајте доктори,совети,одмарај те. Јас ова сабајле станав со страшна главоболка, пошо ми се спиеше уште и ми беше мака да вадам нова вода од пакетот, си се напив кисела.. ауу аууу кога ме фати желудникот да ми жари, едни киселини, душата си ја истадов, сега страв ми е да каснам нешто оти прошлиот пат кога ме фатија киселини, седнав да јадам и мислев ќе се задавам од повраќање. Се надевам само нема до крај да ме држат овие киселини и повраќања, таман спомнам дека сум ок, ете ги.
Ајде ќе си излезе што е можно побргу, не му дошло времето. неможе ние кога сакаме можеби е покасно зачнато. бременоста трае 40 недели плус 2 недели даваат што значи 42 . ти која си сега недела? мешето спуштено е ? Само со лесно, позитивно и храбро
29та недела сум и уште пред месец ипол така го осеќам понекогаш. Првиот пат од памет се извадив ама веќе навика ми стана. Дали некои нерви, лигаменти, канали удира ама некогаш мислам дека од некој отвор ќе излезе
Женски да ви се пожалам кај мене лежењето не помогна цервикс минатиот понеделник 24, вчера 19 и мали мафта од внатре на докторот. Денеска ме ставија на програма за серклаж, цела вечер око не склопив што од мисла што од болки. Денес сум свежа, сеуште со притисок и нелагодност доле но помалку размислувам и чекам да ме земат. Држете среќа се да помине како што треба.
29 недела си? Најдобро знаат докторите, ќе биде добро. Не знам дали на тебе ти напишав дека од толку читања на интернет дојдов до заклучок дека лежењето не е лек само може да потпомогне ако е тежината на бебето проблем, да притиска. Кај тебе изгледа друго е, се надевам не инфекција зошто немаше ни да ти прават зафат. А каде ќе ти ставаат серклаж, приватно така? Ќе биде добро само без паники
Еве ме на цтг си седам, цтг покажува контракцииии Ја осекам како ми се стега стомакот, како притисок. После сум на ехо со докторот да видиме до кај сме
И ја тоа претпоставувам, или утнале термин или едноставно беба не е спремна, кога ќе биде ќе излезе. Ама еве цтг си покажува контракции , шуЌур нешто да се дешава.. ми влева надеж дека се ближи. ја 41+2 така му доаѓа денес.. Нека биде се добро, Трубачи ќе викнам!
Во систина сум И 29 недела сум ама бебе е големо како 31 недела и притиска од горе, затоа и ќе прават серклаж зошто решен е да излезе, инаку брисевите ми се чисти. За лежење пак ќе се лежи ама нема правила кај секого е различно, кога кашлав и повраќав и ме болеше доле на крај памет не ми дојде оваа сцена се мислев дека се шири карлица...
Претпоставив, само они прават касно серклаж. Ајде ќе биде подобро, уште малку има останато ќе се придржуваш што ќе ти кажат обавезно за да не треба после во болница да лежиш подигната, сепак дома си е дома. Со среќа и пиши како ќе поминеш.
@Pipismel И јас сум со серклаж ама од 18 недела, превентивен. Знам дека до 24 недела обично ставаат ама сигурно имаат некоја математика и они штом се спремни сега да ти стават. Колку ти е цервиксот? Имаш фанелинг? Лежењето го успорува процесот само, не знам колку време беше на мирување и дали на строго? Кај мене серклажот држи и должината е сеуште добра ама мал фанелинг се направи па ме ставија на строго лежење и терапија. Јас сум 27 недела.
Почнаа поинтензивни болки, одкога видоа дека сум 1 сантиметар отворена и не знам која метода ја употреби гинекологот да се отворам побрзо имам кафена крв и денес на секое бришење лигав секрет. Имав вчера јаки болки ама не се со интервал и подносливи се. Треба да чекам или сепак да одам да проверам? Ми рекоа ради шеќерот да закажеме провокации во недела но сепак се надевам дека до тогаш ќе се породам.
Значи паднал служниот чеп и набрзо ќе се гушкаш со беба, со лесно само. Болките ќе ти станат се почести, ако сакаш можеш да отидеш и да им кажиш, да проверат дали пукнал горе водењакот и дали се отвараш уште.
Здраво девојки, бев денес на лекар ми се падна кај др Коста Василевски познаници се дм па си направија муабет, вака јас како неискусна не знам ни да проценам добро лошо кажете ми искуства ако некоја била кај него да продолжам или да го менувам со време.. 5мин ако траеше прегледов супер ми рече еве срце се слуша, за 1 месец преглед, според мерки бебе е 6недели и 4 дена, а според циклус 7недели и 2 дена и тоа беше, дали јас повеќе очекував или така треба да биде не знам што да речам збунета сум сега..
Па ок е нема ни што да се каже на прв преглед друго, срцева реакција и мерки според циклус и плод,витамини и упат за крвна слика мокрача
@Pipismel и @gothchick читајќи ве вака испадна дека сум била грешка околу серклажот. Цело време мислев дека колку подоцна се става толку подобро. Дека дури и чекаат докторите до 'по безбедна' недела. Зошто е подобро да е порано? Чисто информативно прашувам.
Заради можно пукање на водењакот или закачување на инфекции. Колку порано се види декс се крати и се превземе нешто тоа е подобро. Ова веќе е последен воз и во државни болници не ставаат, туку колку се издржи со терапии и лежење толку. Инаку јас немам ставено, сето ова ми е од читање зошто паничев кога мене ми се случи и сакав се да знам
Серклаж се става кога има индикации за истото, односно кога се крати грлото или како кај мене кога има претходни индикации за истото па и покрај добра должина на цервикс се решаваат да стават. Подоцна не преферираат зошто веќе бебето е поголемо а со тоа и воденикот и мембраните, кои како се скратува грлото така се спуштаат надолу и правењето серклаж носи ризик да се пукнат мембраните. Кај нас што сум се распрашувала до 24,25 ставаат обично. Може кај што има индикации и можност и подоцна. Во светот има практики и во подоцни недели да се става доколку е тоа можност а има позитивен бенефит на бременоста.