Со лесно да тие, како си денес, дали почнаа контракциите од провокациите и дали боли многу и што побрзо да си се породиш.
Мене исто никој не ми спомнуваше за должина на цервикс, сѐ додека истава болка не му ја опишав на гинекологот. Имав физички напор, пешачење и одеднаш во 22 недела почна да ме боли. Ми рече дека бебето е ниско и од тоа ме боли, плус прогестерон инекции, заедно со утрогестан и магнезиум. Сега во 30 недела изгледа дека сме во ред, немам болки и бебето си е на место, само малку поголемко
И јас мислев дека не ми мерат, а оно и на обичен ехо се гледало. Иначе таа тапа болка ти е од многу пешачење, ја имам константо после пешачење или некоја физичка работа, баш имаме неколку од нас пишувано. Магнезиум и нозете горе, ќе помине ама и пак ќе си се врати чим почнеш да пешачиш. Мене ете не ми е ниско, нити ми било првото ниско, цервикс ми е одличен, па одев и тогаш и сега како раштрафена од болка.
Јас од искуство сметам дека треба да му се напомене ма докторот проверка на цервикс и тоа вагинално. Читам дека кај некои пациентки воопшто не провериле. Они најдобро знаат, но наше е и дали ќе побараме. Оптеретени сме со витамини,ама и тоа е доста важно.
Здраво, можеби е дискутирана темава, ама како да имам слушнато дека трудница не смее да има контакт со сипаници, макар имала претходно прележано? Негативно влијае на плодот? Бидејќи ако поголемкото дете оди на градинка, може свашта да донесе од таму. Не сум трудна сеуште, само ме интересира
Да, јас имам чуено дека може да се пренеси на бебето макар и да ги има прележано мајката. И за жал, завршило фатално за бебето во стомак
Ако зборуваме за варичела нема врска. Ако си прележана нема ризик, ако не си прележана според инфектолозите да не си прво тромесечие или ептен на крај пред пораѓај. Големиот ми прележа сега, јас бев 32 недела. Си родив, здраво, право бебенеце
Имаш чуено или си прочитала некој научен труд. Немојте да стварате непотребна паника. Другарка ги прележа во бременост, па ене ја има 10 годишен син. Како што пишав и погоре според доктори од инфективна не е ризично за непрележани после прво тромесечие.
Јас од блиска другарка знам дека ептен и напраја хорор, после спонтан, па оваа бременост миом, хематон, и на крај малечката закачи сипатини, а она не прележано 6ти месец и тоа беше од испитивања дали е имуна, до дускусии да одлучи дали ќе продолжи бременост доколку има закачено.. ау ау и баш се сеќавам на твојот коментар ама ајде реков секој со свое искуство, секако не и рекоа дека 100% ќе има детето некое оштетување на вид или мозок ама едниот беше од инфективна, другиот од систина доктор. Фал Богу на крај испадна дека нема закачено, но беше изолирана од ќерка и. Да напоменам не знам за кој вид на сипаници стануваше збор пошо не препрашувам доколку не ми каже некој сам ама дека имаше плачки, испитивања, стресиви имаше..
Тоа е добра вест. Дали се однесува само за варичела, што ако е морбили или не знам некој друг вид(ако има)?
Имам чуено од близок, што значи за неа било така. Можеби за други е поинаку, но како и да е треба внимавање и изолирање ако имате во семејство некој со сипаници, макар и било какви болести. Секоја личност е различен организам, а дека постои опасност-постои!
За морбилите е поинаку, тие се секако ризични во било која фаза и да се надеваме нежа да се појави повторно некоја епидемија. @VikiVioleta$123 давајте повеќе факти и информации, а не само нафелени муабтеи. И висока температура од други болести може да е ризична по плод. Бидете малку поумерени во сеење страв. @Bubish26 затоа викам да не се прави паника. Не е исто варичела и морбили. Морбили и за здрав прав човек може да се ризични.
Втора ноќ помината со дежурство од неколку часа. Пред спиење обавезно имам киселини и засега немам земено ништо. Меѓутоа ноќеска и претходно ноќта на кај 3 часот јаки болки во половината и делот околу бубрезите ме будат. Предминатата ноќ не многу јаки. Ноќеска појаки, само во грбот и на различни интервали. Дали од гасови или потреба за Вц бидејќи и онака имам нередовно празнење или од фактот што бебе е преактивно овие денови, а барем досега беше завртено кон мојот грб не знам. Утрово како ништо да не било. Кај матичната не работат, па доколку повторно добијам болки така ќе одиме на дежурен лекар. Не верувам бебе да издржи до 40та недела ама барем 36+ да стасаме. Инаку при движење немав болки ноќеска. Плус некаде прочитав дека течна столица е знак дека пораѓајот се ближи, па паники уште толку. А утрово баш имав еднократно течна столица, претходно и после тоа нормални.
Болките се трпат засега, вчера беа слаби денеска ги има али на 10мин.. појаки се али се трпи..шетам по ходници, скали колку можам.. за понатака какви ќе бидат ќе видиме.. Фала ти
Течна столица имам веќе месец дена, па не сум се породила. Може ама и не мора да е знак. Дали имаш земено повеќе магнезиум можда или да се имаш напиено пред да јадеш? И болките не ти се како што ги опишуваат породилните. Нема потреба да мислиш дека нема да издржиш според ова. Земи си нешто за киселини, јас мислам дека грлото ми е распар од нив направено трпев цело време.
Ноќеска кога имав болки зедов магнезиум директ. За секој случај закажав екстра преглед да видиме до каде сме плус до некаде да сум раат за празниците, ако сум тоа Не знам дали има месец без паники. Во се си наоѓаме причина за паничење.
Ko jas da se citam, i jas od vcera sum voznemirena, sega drugata nedela pak ke si pojdam vo mk na pregled, ne sum mirna toa sto mi kaza doktorot deka gleda promena kaj cerviksot sekretalno. Dobra strana e sto bebe si e ok, samo toa me smiruva. A jas ke si lezam. Dali taa koronata mi poremeti nesto sto piev i antibiotik pa mi ja smeni vaginalnata flora, i toa sto kaslav mnogu. Samo mozam da si predpostavuvam sto mozelo da se sluci. Da bideme site dobri da si gi docekame bebinjata vrace drugo se ke istrpime.
Пред некој ден пишав имам јадеш од каде што мокрам 31ва недела сум уринокултура чиста. Од некои членки тука што ми дадоа совети се одмивам со камилица, пијам чај од брусница, мачкам кантарион и матичната ми даде Панцев да пијам , денес последното апче го испив но подобрување никакво. Веќе незнам што друго да пробам ако некој знае некој друг метод да сподели
Брисеви направи? Кај мене брисеви чисти ама интрацервикално инфекција, односно слаџ. Си истерав терапија антибиотик и подобра сум, иако на мирување сум сеуште и ќе бидам до крај.
Пробај со октенисепт спреј. Јас во претходната бременост имав некое чешање,при чисти брисеви. Докторката ми го препорача овој спреј и ми помина. Пече при прскање но делува.