Жени имав болка во јајникот од десна страна така како клукање. кратко траеше 10тина секунди. ама ми беше како да кажам, непријатна болка. ако продолжеше подолго ќе беше неподнослива. нормално ли е? ви се има случено? 15+3 сум денес.
Како бодеж, боцкање? Да, ми се има случено и во порана бременост и сега веќе во трето тромесечие. И поминуваше побрзо, затоа и не паничев ептен.
Добро сум, колку може да се биде дојдов дома ставена на строго мирување, под терапија и ќе чекам да поминат 14 дена за второ зреење да примам. Бебе е подигнато но доле држат само конци, извадивме жива глава благодарејќи на докторот и успешната интервенција. Не останува ништо друго освен да чекаме и секој ден ни е добивка. Но не се откажувам ќе издржам
Кај ни е @Tess36 долго време ни ја нема во темата... мислам дека со едно две недели беше пред мене.. Добро утро мешиња јас ранобудна ова потреба за мочкање ме пробуди па малку повраќање и сега ми олесна ама не ми се спие.. малку возбудена дека денес полнам 30 недела дека поминав од кај 20 и ++ поточно мојата страшна 28+... сега се надевам на побрзо минување на неделите и успешно без проблеми... со другите бремености се радував на стомакот и сакав да ми трае трае тој период што подолго и сега си го сакам посебно кога ми претка малово и кога ќе се појави некоја формичка на стомак ноџе раче главче ама сакам побрзо да ми поминат неделите до раѓање да ми се роди живо и здраво вака на штрек сум...
E toa malku me zbunuva, kako znaat za sto se raboti koga brisevi cesti, samo mikrobioloski pravese ili i papa? I sto ti dadoa mila za da lecis?
како си задоволна ? ти стаса ли? ај ако сакаш пушти ми во лп слика кога ќе ти стаса да видам какви се. и јас сакам од тука да порачам.
@Lina-Detelina како што те прочитав вчера, вечерта и кај мене како затегнат се направи, како топка. Мене ми е да не се има извртено пак некако. Кај тебе како го осеќаш? Јас стварно не знам да кажам, осеќам движења и долу и странично. Вчера многу нешто долу ме притискаше, се движеше, како да ќе излезе. Јас повеќе како туркање и испапчување имам, а од други места нежни движења. Исто и ме чеша стомакот сега, можда има врска со затегнатоста, бидејќи се шири.
Тука сум уште, одбројувам ден за ден да издржиме барем до 36та, а да, толку сум, малку понапред од тебе, 32+3. Инаку баш така, ем сакам да поминат деновите и да се родат живи здрави прави, затоа што веќе ми е многу мачно од лежење, а не можам да се движам од огромни отоци, болки, стомак тежи, од друга страна пак ненормално ми е страв и од царскиот и од тоа по него, па си викам нека си седат во стомак, макар што како што клоцаат ми се чини ќе излезат низ папок. Фала ти што ме помисли, лесно да ти минуваат неделите
Моево на секаде го има, сега дури повисоко од предходно. Ама друго е тоа кога ќе испрчи некој дел од себе, се познава дека е дел од тело грб, газе. Ама другово мене ми е што цел стомак, цела мускулатура ми е топка права, цврста. И кај тебе е така?
Сте почуствувале ли како бодежи на отворот на вагината, не внатре туку накај нанадвор? Некако чудно не можам да дефинирам, вчера ми се воспали хемороидот па се двоумев дали ми е од него бодежот,ама го чуствував накај вагина. Малку ми требаше да почнам да паничам,ама сум заспала за среќа. Од утре 14та.
Денеска да. Можда расте сега забрзано, јас болки не осеќам туку ми е ептен како топка и ми тежи. Осеќам и влечење од кај кичмава, навистина е голема тежина, плус на други места немам ставено тежина, едино само бебето ми е. А вчера баш мек ми беше на допир, а сега потврд и затегнат. Постелката назад ти е?
Леле баш така како топка цврста, и јас немам болки. Сега со ракава несакајќи се удрив облекувајќи се, како во дрво да мавнав. А кога лежам цврст е само кај што е бебето. И мене ми тежи ме тегне. Малку сега постојав на нозе и не можам, ептен ми тежи. Постелката последно мислам горе ми беше. На почеток на заден ѕид беше. Само знам дека и таа е скоро целосно зрела. Едвај чекам четврток за преглед. Побрзо ми минуваше кога имав на месец преглед отколку сега овие неколку дена.
да се надоврзам на муабетов јас за малата земав од Машнички за деца имаат и фб и инста за нијанса се поевтини а квалитетот одличен може да се одбере апсолутно се