Абе мешиња нормално е па секоја недела ставаат по 200 гр. а некои и повеќе. Затоа и се жалат многу дека во последните недели па и денови стомакот им пука со стрии а до тогаш ништо. Ако некоја се слика како менесекоја недела тогаш може да се примети од 31 до 35 недела стомакот е дупло пораснат. Тек допрва ќе е стегнат и кожата нема да е растеглива. Јас се замислив исто, ама чим скоро сите го имаме тој симптом тогаш без гајле. Мене ми е чудно за болката што ја осеќам, како модрица горе под гради, па дали е што нема место или нешто посериозно ќе видам задутре. @Lina-Detelina мене постелката ми беше напред на последен преглед пред 4 недели, ама 2 накај 3 степен зрела и никој ништо не ми рече. Чим бебето си расте ваљда не е страшно.
Јас не сликам толку често, ама мм вика од вчера ти е многу поголем стомакот. Што значи расте засилено. И кај мене последно во книшка Др запишал степен на зрелост 2 во 3 степен за постелката.
Исто и јас како тебе, од задутре сум 14та, пред некој ден почнав да чувствувам такви бодежи, како мини грчеви, не знам како да ги опишам, но чудно чувство е. Се слушнав вчера со жената што ми ја води бременоста (претпоставувам во превод би му дошло акушерка, не сум во Мк, не сум сигурна), и ми кажа доколку немам јака или непријатна болка која трае/се зголемува или крварење, тогаш нема причина за грижа и е нормално. Ми објасни дека било поради ширење на матката, иако се чувствува како да е во вагината. И јас се загрижив ептен па се јавив да си проверам, тешко на нив со паничарка како мене.
И мене истото ми се случува, без грижа. Најчесто е во сон кога сакам да ги оптегнам нозете, бидејќи спијам на страна и со свиткани нозе. Болката знае да продолжи, како да сум тренирала претходниот ден
Мене ми се има случено, многу повеќе во прво тромесечие, сега сум 25 н. и знае понекогаш ама мн поретко. Кај мене бодежите беа како на интервали и исклучиво на левата страна. И јас мислев дека е јајникот, но матичната ми рече дека јајниците сега мируваат, можно е да е од ширење на матката. И ако ми се случува почесто, да зголемам доза на магнезиум
Јас отидов со брекстон хикс на доктор и стврднувања на стомак, што ми рекоа дека се нормални ама среќа што отидов зошто вагинално кога ме прегледа се виде дека нешто не е во ред. Во принцип за едно отидов а сосема случајно друго ми најдоа што е неповрзано. Јас сум ризична бременост и со серклаж. Една недела претходно на регуларен преглед се беше океј, брисеви чисти, грло затворено. Пап не правев зошто нема потреба да се прави, ако имаш направено 6 месеци пред бременост, особено кај мене што сум со серклаж и со ризична. Кога отидов со болките ми рекоа тие се нормални, ама за секој случај ме ставија на цтг и се беше во ред. Ама ете, вагиналното ехо покажа дека грлото е затворено и држи конецот од надворешна страна на цервиксот ама од внатрешна страна има слаџ, инфекција , која мора да се третира со антибиотик (сумамед), и имаше мал фанелинг односно горниот дел од цервиксот почнал да попушта и омекнува и со тоа воденикот да навлегува по малку накај цервикалниот канал. Ова се случува генерално кај жени кои имале третирана матка, односно, серклаж, конизација, киретажа, претходни абортуси. Така ми кажаа, така и прочитав. По терапија со сумамед, слаџот е исчистен а фанелингот е намален иако уште го има. Затоа ми е препорачано да мирувам и да станувам само за до вц. Има и други жени на форумов на кои истото им се случило. Ако се фати на време не е страшно иако јас во прво време бев преплашена. Сега сум океј, само мора да сум дисциплинирана со мирувањето.
Чај од мајчина душа може да се пие? Знам дека сите хербални не смее, ама не можам да најдам инфо кои може.
Jasno, jas ne sum na strogo mirivanje, ama od pocetok sum na patoloska imav hematom. Ete i sega mi kazaa so poveke da miruvam, i ke si prodolzam kako do sega. Sekako poveke lezam. Odkolku so se dvizam. I koga se dvizam kako rastrafena sum posle od so poveke miruvam
И јас кога лежам малку се олабавува. А станата ептен тегне напред. А да ти кажам и во вц вчера цел ден не бев отидена, тек денес, и тоа малку ми олесна. Можда требаше појас да си земеме, како поддршка на кичмата и стомакот, поарно ќе беше за нијанса. А вака како расте бебето, стомакот огромен, леле која тежина е ццц. Мене постелката ми е напред, осеќам движења ама не можам да издвојам кога се напрчува што е што. Колку кг имаш ставено досега? И последно колкаво беше по тежина бебето? И кажи ми особено ме интересира, ти де затресува нагло бебето, онака на стомакот да осетиш тресење? Кај мене да, и после почнува да ика.
Јас имав среќа иако касно откривме ја извлековме работата барем до денес 4 дена плус, а знам ќе тераме уште. Кај мене многу брзо прогресираше за една вечер и тоа лежев во болница од 19 се отворив 2 прста водењакот веќе беше излезен.
Обично многу бргу оди тоа. Затоа ради претходно искуство јас сега и превентивен серклаж ставив. Ама што читам искуства на жени од секаде, кај повеќето без разлика дали превентивен или како кај тебе итен серклаж, обично држи до крај, или барем пролонгира. Плус во комбинација со мирување ќе биде во ред. Веќе и 7ми месец го тераме така што побезбедни сме секако. Инекции за зреење ќе примаш?
Појасот е добра идеја. За празнициве пооптеретени малку со спремање, шетање и сега не можам да одморам. Дури и кога лежам ми тежи. Јас почнав со 63кг, сега имам 74. Ти? Во вторникот бев на контрола, според циклус бев 35 полна, а според бебе 34, тешко 2380г. И сега и тоа си се мислам, дали во вторник со полна 36 по цикус, ќе можам да сметам дека влегувам во 9ти? Инаку да, се затресува и моево, баш тоа не можам да откријам што му значи.
Примив една доза за зреење. Следната за 14 дена ( се надевам ќе ја дочекам) Кај мене проблемот е што ова ми се деси во 29+2 недела каде што не практикуваат да прават серклаж, самото бебе е поголемо па ќе видиме колку ќе издржи. Сакав да те прашам како лежиш? На грб само или се вртиш на страна?
Јас за 2 недели прва доза ќе примам. Си бројам денови само. За лежење ми кажаа како ми е удобно така. И полуседната некогаш со испружени нозе. И на страна и на грб лежам. Се понеудобно ми станува па менувам позиции како ми е згодно.
Јас на почеток имав 44 негде, со варирање, зависно како ќе јадев или колку мака ми беше. Сега сум 53 некаде, слабичка со напрчен стомак 15 напред. Па да, на праг си на 9ти си, мислам дека можеш така да сметаш. А тресењето, читав дека ради нервниот систем неразвиен така правеле. Ако добро разбрав. А за икање кај осеќаш? Јас долу, некогаш полево подесно или на средина. И ти вака?
Јас не сум многу дебеличка, елегантно пополнета . И сестра ми вака качи ама се врати дури и подолу. Икање најчесто и јас ниско осеќам долу, највероватно кај што е главчето, а некогаш цел стомак ми го поткрева кога ика.