Штом поминуваат не се опасни. И јас сум 35+6 по циклус, бебето е поназад за нецела недела или па покасно се има зачнато, не знам Болки, боцкања, грчеви, стврднувања веќе се имам. Ако се краткотрајни и не се повторуваат не им се плашам. Сабајлево на пример, во 4 ме фати една болка како менструална мислев ау готово е, ама помина и не се повтори.
Јас ги користев пред две недели. Пиев антибиотик заради воспалена града и ми ги даде и овие матичниот да ги ставам.
Не можам да сфатам како воопшто да разликувам бракстон од менување позиција на бебињава. Стомакот веќе две недели ми е цело време камен тврд, буквално како лубеница и болен на допир околу папок и доле ниско, вртење во кревет е како со ножеви да ме сечат. 32/33 недела сум, на моменти, особено рано сабајле и навечер ќе се испакне од некоја страна и осеќам главче, газе, ноџе, раче, ама не е толку многу болно, само непријатно додека се спушти. Некогаш ми се укочува и цела нога и се шири болка накај кичма, ама тоа поретко. Менструални болки си имам цело време од 28ма навака и ги игнорирам. Сега ме фати страв да не се случува нешто, а јас да не осетам и реагирам на време, затоа што сум отрпната од претходни преболни циклуси. За цтг ми рекоа од следна недела ќе почнеме, кога ќе бидам полна 34та.
Да дојдам со извештај зошто едвај ја дочекав контролава. Бебе е добро, 4 дена поназад и е 2800гр. Лиценце криеше со раце срамежлива на мајка и. Скоро се е останато исто, положба надоле е со главче, вода има, постелката 2/3 степен. Ми го прекина утрогестанот и б6, само со магнезиум и фемибион да продолжам. Ми зема 2 бриса надворешен и внатрешен од вагина, цервикс не. Е сега 2 пати и спомнав и побарав да мери цервикс, ме праша последен пат колку ми бил во 32 недела (30мм) и ми рече нема потреба веќе да се мери и да се намалил не ништо страшно веќе и да се породам. А од друга страна ме остави на мирување уште една недела барем. Колку побрзо сум почнела да се раздвижувам толку побрзо можно е да се породам. И дека бебушка е поназад малце ми рече да почекам уште недела дена бар да е порасната за 36 недела. Тоа што се плашев и пишував тука дека помалце е активна нормално било. За испакнувањата на стомакот без грчеви ми рече дека се тегнела а ако има и како грчење тогаш е лажна контракција што е најнормална. Од наредна недела сум на цтг, гак многу емотивно ми помина прегледов, дека последен кај неа и што све ме чека ми даваа совети и ме удри уште толку реалноста, помина стравот за предвремено сега иде за пораѓај. Врски немам така да рандом ќе одам и на цтг и на пораѓај. Јас од симптоми имам боцкања долу како внатрешен дел од цервикс, како со игла да ме боцка нешто, стврднувања и бракстон, кога мрда со главата дека е долу ме боли и болки во цело тело од лежење. @Lina-Detelina нормално е она стврднување, им се намалува и плодовата вода внатре ги осеќаме бебињата нема вода да пливкаат па да е секаде меко. Не е контракција, од самото бебе е. И секое боцкање, трнење, колкови болење, карлица и тие таквите болкички биле нормални. Ако го нема ич бебето цел ден, менструални болки на интервали без разлика дали на саат време или на 5 минути и исцедок во боја и густ е за на лекар. Се друго било нормално според матичнава бебе големо, тело се спрема и ништо да не сме се плашеле ако не е од наведеното.
Исто. Не верувам да се брекстон, бидејќи кај мене јасно се осеќа дека бебе мрдка, се пупчи некој дел од стомакто како планина, па се префрла на друга страна итн. Болно е затоа што е затегнато премногу. Но тие породилни болки немаат врска со овие, не се плаши не можеш да не осетиш. Ве читам повеќето сте во грч да го наречам, јас па толку сум искулирана, секоја промена и случување ми е нормално. Со првото терав до 40+, си викам и со ова така ќе биде. А како само би сакала да се олеснам во 38+
Да, точно ме прочита, баш сум во грч и не знам што ми стана, ваљда премногу време сама и само мислам и анализирам. А на почеток викав ехее, да стигнам до 30та и ќе олабавам после ќе ми биде полесно, ама како што поминуваат деновиве се позгрчена и поуплашена сум, секое симптомче ме вади од памет. Ова лежењево ептен удира на психа. Апсурдно е дури, знам дека секоја жена го поминала и ќе го помине, ама додека помине неподнослива си сум.
Прва бременост? Знам дека е тешко лежењето, јас лежев една недела и се поболев. Но и одењето на работа е тешко во трето тромесечие. Обиди се да смириш, не анализирај се што се случува, секако не можеш да влијаеш на промена. Ти го правиш најдоброто што можеш за твојата бременост, имај верба во докторите. Недај боже да е нешто алармантно сама ќе осетиш и ќе одиш на лекар, па и во тој случај ќе бидеш во добри раце и се ќе се среди. Јас бирам да сум смирена, да уживам колку што можам, знам дека се ќе биде во ред, ќе биде како што е пишано Знам дека ако си правам стресови, само ќе наштетам и на бебето и на себе. Затоа гледам да бидам опуштена, и да спремам сила за тоа што ме чека после
Те чекав да пишеш, мило ми е што сте добри и напредувате. Колку си денес? Е сеа со исцедоков, си го имам јас цело време бел, густ, сигурно не мислела за него дека е за на лекар.
Јас ги земам воглавном поради тоа шо пијам мултивитамини и во нив има железо. А сеа го проверив железото, и покрај секојдневно земање на витамините и добра исхрана железото ми е во слободен пад.
35+5 сум. Нее, таков и јас имам. За чепот да не е она мислеше. Отвори на гугл да видиш одприлика. Мада и чим ќе има промена ќе знаеш, нема да е ист како сега. Она не ми опиша детално, ваљда пошто кај сите е различен (читам им бил со крв, кафеав, како конец), само ми кажа боја и густ како мрсул. А не ми спомна и за плодова ако видам да одам на лекар, ама тоа ваљда секој го знае па затоа Цело време си имам чувство дека ќе е порано, а мм вика епа за инат ќе те држи до 42
Ти благодарам на советите, ќе пробувам да се фокусирам на тоа кога ќе дојдат бебињата, не на тоа додека дојдат . Инаку прва бременост да, на стари години, и тоа со многу стресови од почеток, првин ми кажаа мирување после трансфер до тест, па по срцева реакција мислев ќе си се вратам на работа да тргнам мисли ама искрварив и крварев константно до второ тромесечие, па си останав на строго лежење цел тој период, а и отпосле препораката од докторите беше и цела бременост да си ја лежам поради други компликации. И така сама дома, маж работи по 20 саати, немам роднини во близина, сите другарки си поминаа школски бремености уште пред 10 години и не можат ни да ме советуваат, ниту па имаат време со по 2-3 деца. И така, психата отиде. Сега ќе се зафатам со припреми на собата, перење, пеглање, ден за ден колку што можам, па ваљда ќе ми се тргнат мислите и фокусот.
Многу поминало, малку останало. На крај најтешко поминува времето ама ќе си најдеш занимација и ќе помине. Мисли на двете бебулиња што уште малку ќе си ги гушкаш
и јас сум отприлика исто пијам магнезиум и сега почнав да пијам Фоливит Феро за хгб Гледам колку можам здраво да јадам и со првата бременост бев исто
Баш така, само уште малку и после се ќе се заборави. Денес си најдов занимација, еве веќе со саати сечам етикети, отпакувам, и делам кое со кое ќе се пере, богами ќе имам занимација за цела недела
Јас обично сум скарана со овошјето.. сега ќе каснам еднаш во денот киви, мандарини,калинка друго стварно не можам. А за ручек, па исто како и секогаш, манџички, мевце, ориз. Ми дадоа едни пренетални во аптека, мислам душата ми смрдеше од нив какви беа гадни. Сега нешто благо ми се пријадува повеќее, само вртам околу елка да чапнам нешто без да ме види малава