Која недела си? Мене ми личи дека ти се добри. Еве ако сакаш да споредиш, јас последно правев во 25та недела, ги прикачив резултатите, тројцата доктори (трансфузиолог, гинеколог од Гак и гинеколог од Систина) ми кажаа дека се во ред и не треба никаква терапија. За право, прво ги виде матичната и ми уклучи само аспирин, ама многу ми крвареше нос од него, и по консултација и прегледи кај другиве доктори го прекинав.
26+4 сум, примам Клексан од 0.2 од прв ден. Ги проверувам превентивно зошто клексанот за друго ми е даден. И јас мислам дека се добри, фала ти.
Сигурно мислела за чепот. Ајде уште два дена па и јас ќе си ја видам мојава бебушка и почнуваме со цтг. Фала ти што ме помисли.
До негде исти сме, само што помлада можеби сум. Шанси за работа што сум ги чекала пред да останам излегоа ама и пропаднаа од крварење, лежев на почеток и останав невработена. Цело лето во куќа немам мрднато, после тоа опуштена бев месец дена за да прошетам, па пак ме врза за кревет и така до крај ќе терам еве. Мм работи, две смени менува ама која и да е се гледаме по 2-3 часа максимум. Малце сум на страна од центар на Скопје, па роднини другарки па и мајка да дојде на гости е малтретирање а и не можам кафе да им сварам а не па повеќе. Другарки сите до сега поминаа милина бременост и не можат баш да разберат, ме разубедуваат и не мислат сериозно. Знам дека трудници лежат и по 9 месеци, јас вкупно собрано може 12-13 недели ама и тоа влијае и тоа е тешко. И да е 1 недела е тешко психички заради стравот што го добиваш, а телото дали легнато или станато ќе боли. Ама времето поминува вака или така и најбитно е да сме ние со бебушките живи и здрави, све се трпи све ќе помине, стравовите ќе исчезнат ќе дојдат нови и се така во круг. Најнормален процес е. Мислам дека сум најголема паничарка и страшливка тука, мислев во 28 недела ќе се породам од тогаш секој ден со страв, секој симптом на анализа. Ама ништо ново и невообичаено некој со повеќе некој со помалку страв. Како сите така и ние ќе го поминеме ова и се што не чека понатаму.
за благо не збори сега се врстив о денес после одмор на работа донеле пациенти баклави бонбониери еден тон дома пакетчиња за малата само ги меркам
Јас сум 11+3 и неможав веќе да издржам. Се си викам ќе помине, ама неможам едвај одам на работа, ми се лоши, ми се повраќа од кога ќе станам па додека не си легнам. Ме боли некако желудникот, не можам се да јадам ептен прибирам, кога сум гладна ми е лошо, кога ќе јадам ( не се прејадувам 3-4 залчиња и најадена) пак ми е лошо. Дајте кажете нешто против лошење и киселини, не се издржува веќе.
⁸ Протов киселини семка од маслинка да проголташ и некое зрно ориз немиено ама против повраќање тешко нешто да помогне само малку да ублагне може.. земи антиметил апчиња така се вика мислам на база на ѓумбир или барај си инфузии во болница јас со првите бремености лежев по неколку дена за повраќање во болница и пак до крај повраќав.. такво е слатки маки
Девојки Klebsiella pneumoniae излезе на уринокултура, матичниот гинеколог ми препиша антибиотик Панацеф, со оглед дека сум 9w 3d дали е опасно да го пијам. истовремено сум и многу настината леукоцити 14 на крвна слика.
@АнаМаријаД ќе ти даде совет за бактеријата. Ако придобивката е поголема од ризикот, треба да го пиеш антибиотикот.
Исто исто. Осаменоста и стравот си го прават своето. И само една недела да треба да лежиш, ќе ти влезе бубачката во глава и ќе се сецкаш на секоја нелагодност. Ама истуркавме дотука, можеме до крај, може и само поцврсти ќе станеме. За другарките исто, кога ќе ме прашаа, не ме сфаќаа сериозно колку ми е мачно, требало да бидам појака, кога ќе се роделе децата било уште потешко. Ама сфатив да не им замерувам, фала богу не поминале низ борба со неплодност, не знаат што значи да ти кажат само уште оваа шанса ти е, не биле на патолошка и нормално дека не можат да сфатат, дури и да сакаат, па решив да си ќутам и викам се е ок, ќе помине и ова. Сега да собираме сили за породување, па после со гушкање ќе биде подобро.
Јас во 9 недела бев ептен настината, уринокултура ешерихија и бев 7 дена со Амоксиклав па бебе здраво, живо лежи до мене
и јас ке ти го речам истото доколку има потреба од Антибиотик подобро е да го пиеш за да не дојде до инф на плодот секако докторот што ти орепишува најдибро знае
Прво да кажам на никој не му посакувам да пројде низ ова јас што проагам уште заради бактеријава. Кај мене бактеријава си се покажа уште тогаш како тебе бев тие недели негде. И мене ми дадоа прво Цефалексин да пијам,само тоа било дозволено,па го испив,после во 13 недела пак ја имав не ја исчистил цефалексинот,па Панцеф пиев 10дена. Пак напраив уринокултура и пак ја имав. Не мрдна од милион во концентрација. Немаше што веќе да ми се даде ми дадоа Лендацин преку вена да примам 5дена по 2грама. И пак не се исчисти пак си седи 1милион. И тогаш немаа стварно веќе што да ми прават и ме пратија на нефролог. Тој ми зема урина со катетар за да се види дали стварно ја имам или ја контаминирам мокрачата некако,зошто премногу антибиотик испив и демек за да не се трујам пак ако ја нема. И таму излезе дека стварно ја имам. Пак 1милион. И сега он ми даде 21 ден пијам Фурекстил,тоа е уствари замена за Зинат. Денес последно апче ми е и за една недела ке испитам да видам дали ја снемало. Утре сум веке 24недела. Од почеток ја влечам и никако не се уништува бактеријава,подосадно нешто немам сретнато до сега. Пиев и чај од брусница и увин чај и таблети на база на брусница и други едни таблети за чување на уринарен систем,ништо и ништо не помогна. Ниеден антибиотик ниедно апче. Не мрдна од милион. Дај Боже ти уште одма да се отарасиш од нејзе да не се мачиш вака како мене. Јас за една недела ке дознаам на што сум. Да се надоврзам. Мораш да пиеш антибиотик немој никако да си дозволиш да не пиеш. Со бактеријава нема играчка,општо со секоја не само со оваа. Може поголем проблем да направи бактеријата отколку антибиотикот. Еве глеј ме мене колку многу испив до сега. Бебето си е супер се си напредува. Да е штетно нешто толку многу нема да го дадат,не се секирај.
Здраво, сакам да прашам дали некоја од вас имала проѕирна течност во 12 недела. Гаките ми се многу често намокрени со таква течност. Дали е ива загрижувачки?
Те читам цело време дека се мачиш со бактеријата. Се надевам овој пат ќе ти биде чиста уринокултурата, ако не е да прашаш во аптека Стојанови нивниот чај за бактерии дали е дозволен во бременост.
Дај Боже да ја средиме овој пат зошто незнам што ке се прави следно. Нема нешто што не пробавме до сега. Друг ниеден несмеам антибиотик,сите дозволени ги примив. Да видам за една недела на што сум и ке го имам ова во предвид да прашам за чајот. Фала ти многу.
Најнормално е во бременост да е зголемен исцедокот. Се додека нема мирис и не смени боја е нормално,не се секирај.