Да сум дома нема да се замарам, ама вака одам на работа со 2 автобуса од еден до друг крај на градот и мака ми е многу. А неможам нон стоп да се симнувам од автобуси, па што е најтрагично на работа ми е бетер.
Не да пијам,се давам во вода од пред да останам бремена ми е тоа. Минимум два литра пијам,некој денови и повеќе. Така сум навикната. И џабе.
Хотел промаја е таму ,еден влези друг излези,специјализанти,студенти. Нема распоред на врата. Јави се на гак прашај
Во глобала се во ред одвен првото и третото време што ти се ептен малце скратени. Мислам дека примаш клексан така да покриена си со терапија
изгледа ќе настинувам. омалаксана цел ден. сега почна и грлово да ме наболува. и безвеза ми е некако. освен парацетамол смеам ли да пијам нешто друго?
Ништо освен парацетамол. За грлото пастили за лижење,прегорен шеќер,супи цедени сокови и многу многу течности и витамини.
Примам да. Ова втор пат ми е што проверувам откако сум бремена. Еднаш во 15+ и сега во 26+ недела. До крај секако уште еднаш ќе проверам. Докторката после првиот пат рече накај 32ра да проверам ама мене не ми се чекаше па сега отидов. Колку често се проверува обично?
Zdravo mamicki. Dali nekoj od vas ima vezbano online joga za trudnici? Bi sakala da pocnam pa dokolku imate iskustva ve molam spodelete...
А кои се индикации за проверка на Ддмери? Пошто да не де повторувам мене не ми испитуваат тука кој знае што, не верувам дека тоа ќе ми испитаат, уствари имав на првата крвна слика испитано ама само тогаш ми зедоа крв и толку беше, не знам дали да спомнам…
Дали ви се случува да имате денови кога бебето е екстра активно? Денес како почна да мрда напладне уште нема престанато, удари, бранови, превртување, икање, еве не ме остава да спијам, обично е активно ноќно време ама не толку преку ден, денес цел ден вака. Не сум нешто вознемирена или нешто посебно да се има десено, нормален ден. Исплашена сум малце, ново ми е ова, 26.5 сум… да паничам?
Во првата бременост контролите ми ги закажуваше трансфузиологот на 49 дена, по толку инекции ми препишуваше наеднаш. Во оваа бременост прва контрола ми беше исто после 7 недели, а следната ми рече да ја направиме после 9 недели. Најверојатно зависи од случајот, од резултатите. Обавезно носам и извештај од гинекологот, треба да види развој, протоци, лакуни и сл. Мислам дека резултатот ти е океј. На ехо гинекологот ќе види според протоците, постелката, развојот на бебето, лакуни, дали имаш отоци и сл.
Дали првите неколку удари ги почуствувавте на исто место? Пр. Од десна страна долу? Не знам дали си умислувам или е тоа..
И јас не сум баш редовна , но за второ тромесечие планирам прегназон да пијам, и со првата бременост ги пиев нив. Фемибион се по две апчиња и тие омега неможев никако да ги смислам, повраќав обавезно и џабе пиењето беше. А прегназонот се по едно апче и барем некако ги пијам се издржува.