Ни мене странство не ми испитуваат ама тука Мк дур сум ќе си испитам пошо на скрининг беа зачудени како така не провериваат, индикации немам колку што ми кажа докторката ама еве една членка ми пиша оти почнаа нозете и прстите да ми потекуваат бар 2 пати неделно, и да си испитам.
Јас проверувам секој месец заедно со крвна слика. Ама јас примам од 0,4. Колку што прочитав и тука од членките секој месец се проверува. Јас мислам дека тие што имаат од почеток високи д димери треба да проверуваат, јас лично не ги примам заради покачени д димери туку заради двата спонтани што ги имав. Инаку до сега не сум имала проблем
Цело време десно ја осеќам. Ако сакам да ја осетам, се местам на десна страна и ќе се јави. Плус напречно ми е наместена, баш вчера бев на контрола и десно е со нозете.
Нормално е, има денови кога е преактивно а има и денови кога е многу смирено. Јас за празниците бев растрчана натаму-наваму и беше толку мирна што се загрижив. Кога почнав повеќе да одмарам се размрда, се превртува и беше супер активна. Јас сум скоро 24 недела, но памтам и со првото дека беше исто.
Леле мешиња ќе стигнам ли до 36-37 недела... денес идејќи си од работа (нели патот кој го одев за 15 мин сега некаде 25 до 30 мин ми треба.) Ама и на раб активна и по пат и како бодеж имав одоздоле во вагината краткотрајно ме пресече плус и притисок за мокрење тоа често си имам ама овој пат се исплашив од бодежот дека во одење бев среќа имаше клупичка во близина седнав се одморив и пак продолжив... сега сум спружена на кревет бебе претка мр теши од стомак.. многу се плашам пак да не ми пукне водењак. Тек 30+4 сум
Ќе стасаш, тоа ти е од движење и во тие недели е се почесто иако јас сега во вторава бременост го имам од 14-15 недела, моментално и цела крлица ме боли кога се движам,не пак ти 30та недела. Реално многу е тоа пешачење, не дека не е доброо ама ако осеќаш дека веќе не можиш, барај чаре за превоз.
Нормални се бодежите, бебе е или истегнување на некој лигамент, може и ако ти се одело во вц. Ако имаш предиспозиции да се породиш порано подобро избегнувај голема активност. Пред некое време зборевме тука за оргазмите во сон, посебно за нас што сме во ризик за предвремено породување. Вчера матичната ми напомена дека не треба да имам секс и да нема свршување ни од моја страна зошто така се правеле контракции на матката. Е сега јас сум си срамежлива па не и кажав за тие од спиење што ме будат и сега јас тие како да ги контролирам Од друга страна денес размислувам дека не смеам да ги употребувам ни оние методи што се за полесно отварање и породување, нели чај од лист од малина, пешачење, секс со свршување внатре, урми, ананас и сите тие слични методи. Еве утре сум 36+0, зарем нешто ако направам толкав е ризикот и одма ќе се породам? Матичната ми рече да лежам уште една недела, зарем нема пораѓајот да си го отежнам така? Знам дека е индивидуално секое тело е различно, ама и секој сака што полесно да помине, што ако ми се истенчи скрос цервиксот а не се отворам и до 41+? До кога да се пазам од сезошто приметувам дека и веќе немам сила ни кондиција за до вц да одам од што лежам 2 месеца, а потребна ќе е. Од една страна си викам безбедна сум, дај да си средам дома и за бебе, да одам да докупам што треба исто за бебе, ете 36 недела ама од друга па зошто да не е терминско да издржи до 40 недела
Таму дека што одам на работа нема место за паркирање иначе возам ама џабе.. само у еден правец одам пешки.. ама после работа изморен плус да пешачиш многу било...прв пат имам бодеж затоа се преплашив
Чим имаш клупа успат ќе седнеш и ќе одмориш враќајќи се назад. 15 минути пешачење не е ама баш ич многу, дури и малку е. Не знам дали во оваа бременост имаш предиспозиции за предвремен пораѓај, ама ако немаш не треба да ја поврзуваш со претходно искуство и треба да се трудиш нормално да си функционираш.
Кај секоја е различно, јас верувам дека од еден ананас и урми нема да се породиш одма, ни па од топла купка. Е сега, јас немав никаков проблем во првата бременост, немав индикации за предвремен пораѓај (иако си безбедна зона сега) јас све од тоа правев за да се породам порано 38-39 недела, за маж ми да е присутен на пораѓај и да мине подолго време со малото ама кај мене ништо ме упали, ни пешачење, ни секс, ни ананаси ии си се породив 40та полна недела. Ама тоа е кај мене случај и кај некои кои немаат стварно никакви знаци за предвреме ама дека ако каснеш сега ананас и ќе се породиш одма, не.
До сега се ми е ок и цервик cс последно ми беше 41 или 42 мм немам уринарна инфекција брисеви последно ок си беа.. ама јас и во претходната бременост каде што се породив предвреме немав индикаци за предвремен пораѓај од нигде никаде ми пукна водењак затоа најмногу се плашам... ќе издржам јас само да биде се ок со беба..
Те разбирам целосно зошто и јас самата сум со лошо искуство од претходно. Ама за жал тоа што треба да се случи некогаш не може да се превенира. Останува да мислиш позитивно и да одбројуваш недели.
Ја стварно не знам кај да пишам а овде највише трудници има... Никад не ми било јасно еве и ја трудна бев па никогаш не сум побарала стрикно тоа и тоа и да биде точно од таму и од никаде на др место, сега имам една познаничка трудна и бара нешто такво за јадење па ве молам просветлете ме дали и на вас ви е исто или стварно глуми лудило ко што мислам. Јас за 9 месеци ниту еднаш не сум добила желба таква па можда и затоа ми е чудно.
Мене ми се случуваат такви напади за храна. И ако не земам тоа да го јадам да идма да го купам или да ми донесе некој,ме тера на плачење и нервозна сум. Бог да чува,никогаш претходно не сум била ваква.
Е и тоа не е лесно... Јас никогаш за 9 месеци не сум осетила такво нешто а од другарки сум слушала и седам и се мислам дали малце претеруваат или стварно е така Лесна бременост
Не е намерно сигурно или со сила Од внатре така не тера не знам зашто,сигурно после пораѓај ке се врати во нормала Фала лесна бременост и лесен пораѓај и на тебе