Јас на почеток кога имав пробував и сливи и семе и незнам што не пробав веке ништо не помогна.. А и вода требало да се пие многу,па јас пијам 2-3 литри на ден и џабе и тоа. За болките магнезиум колку толку помага ама пак си боли,ке мора да издржиме. Да ти кажам искрено се радувам кога имам закажано некој преглед негде или пример крв да треба да идам да дадам,колку само да излезам од дома. Да се тргнам од креветов. Пред да ми откријат постелката дека ми е ниска дома не се прибирав,нонстоп шетав негде и многу пешачев и ептен ми беше убаво. Вчера отидов до Локо Кроко со кола на 5минути,неможев да одам од што сум улежана Ова и навечер сега неможам да заспијам од што имам енергија непотрошена и се мачам. Дај Боже да се кренала па да можам барем по саат време да шетам на ден. Ке известам на 25ти сум на контрола
Devojki, aj pomos Sto e ova TVCL? Dali e cerviks? Mi rece doktorkata deka 1mm otstapuva od normalno I malce se isplasiv. Rece ne e strasno ama taka treba da ostane vo narednj 4 nedeli + zgolemena doza na magnezium 21+4 sum Nekoja iskustva?
И јас се разболев, тт денес блага, малаксаност, грло почна да ме боли и половината ме кине, малиот затоа е бил бесен вајда, осетил дека сум неарна. Пиев парацетемол, супа, чај и ќе се молам да пројде. Со душа чекав 6м одмор и сега никаков одморот, од дома не мрдам што ми е мака, едвај со моите се видов. Ужас.
Да цервикс е. Не е совршено ама не е ни за паника, само можеби почесто да се следи ако има потреба. Јас во таа недела имав околу 35-37 зависи кога колку ќе го измереа. Веќе бев на утрогестан вагиналети заради претходен кафеав исцедок и магнезиум секако си примав. Матичната беше позагрижена, додека докторот што ме следи во Систина рече дека е ок и да не го мислам. Па еве за некој ден почнувам седми месец и фала богу се е во ред.
Јас користам утрогестан сабалје и вечер уште од самиот почеток па до сега сум немала запек во бременоста секое сабалје си излегувам во вц во поретки случаеви на два дена ама тоа не го сметам за некој запек... можеби е до самиот организам слаб метаболизам...
Можно е,кај некој делува повеке кај некој помалце,ама уверена сум дека мене ми е од тоа,а и од бременоста плус,пошто порано никогаш сум немала запек во животот,ретко ептен ретко да не речам ич.
Јас најдов единствено во H&M. Имаше и комплет бодиња и шпикозни и панталончиња со горен ден. За разлика од трудничките работи, бебешкиве се со понормална цена. Некој спомна дека има и во Ваикики ама јас не можев да најдам, хаос беше со попустиве. Има и во Картерс ама таму се доста поскапи.
Колку долга/тешка ти се роди првата ќеркичка? Чекам последни прегледи да видам колку ќе ја проценат да знам ако е големо бебе да не се залетувам со премногу 50-ки.
Здраво, пишав во друга тема но не добив одговор, оваа тема е поактивна па се надевам ќе добијам одговор. Дали некоја го правела пренаталниот CentoNIPT преку Генеа па да сподели искуство. Матичната рече дека е добар, но би сакала да слушнам искуства.
Ај леле, дојде и тој период. Како вчера да бевме на почетоквака така истеравме. Ќе закажуваш веќе датум? Наскоро ќе е нели? Како се припремаш? Јас како на шилци сум цело време мислам одма ќе се деси и не се осеќам спремно а знам дека нема ни да бидам хахаха
Не ти ја знам приказната, во која недела ти пукна водењак? И кај мене истото се случи во 16та недела, и не е од инфекција зошто се беше чисто, 2 недели пред тоа на брисеви и уринокултура, ама од што се случи не знаеме. Јас оваа бременост ставив превентивен серклаж. А веќе сега во 28,29 недела почнав да имам фанелинг. Претпоставката е освен што имам аномалија на матка и во оваа фаза од бременоста може да е таа причината за фанелингот, е дека цервиксот ми е некомпетентен. Инаку аномалијата на матката ја исклучија како причина за спонтаниот зошто било во 16та недела и не можела толку рано да направи проблем. Инфекција, некомпетентен цервикс (скратен или фанелинг), и аномалија на матка се најчести причинители за предвемено прскање на водењакот.