Ќе ви се измешам за Генц бебе, сетови со 10 парчиња беа 1800 а со 20 - 2800ден последно кога бев, амааа ако можете на попист кога имаат да земате се исплаќа ептен општо за се. Јас земав поклон, 780ден боде фистанче и хилахопчиња, на каса 320 ми испадна За од болница гледав еден сет и го чекам на намаление за синко мој здравје Материјалот е премекан, ич да не се мислите за тоа Е сега, сетовите им се 0-3, некако ми изгледа ко големо, не ? Немам ориентација, првово ми се роди 2740 и некако пливаше во 50ка Да барам 0-1 за од болница? Или да видам отприлика колк ќе го мерат последни денови?
А обично кога имаат попусти ? И ако некој дознае дека има да сподели на групата бидејќи сум 150км далеку
Јас немам искуство во пракса, ама од читање и некоја логика 90% од работите што ги имам за почеток се 0-3, т.е. 56ки. Имам само едно комплетче од Би Бејби 50ка што ми е планирано за од болница, ама ќе имам и втора опција со 56ка зошто не знам колкаво ќе е бебето. Повеќе 50ки не планирам да купувам , особено не шпикозни, зошто може да е долго бебе, имаме предиспозиции, и ќе останат необлечени. Во случај да ми требаат ќе се докупат, исперат и исушат за 2-3 саати, не е страшно.
Од отокот те чешаат најверојатно, се собира вода и во бременоста е нормално, треба да намалиш со сол велат ама мислам и да намалиш пак ќе де деси. За секој случај кажи и на матичната, ќе ти земаат крв да испитаат конкретно како работи црниот дроб. Кај мене чешањето испадна од тоа и сега сум на контрола секои две недели да видат во кои граници се движи.
Да наполнам 34та недела и ќе одам кај нив и ќе ги прашам, ќе кажат когс ќе имаат отприлика, ќе ви пишам овде И ние долги сме ама првото ситно се роди поради проблем со папочна врвца, и сега еве ја 3ипол години е, хеланки носи за 4-5год и тоа и се кратки ама тогааааш пливаше И брзо ги прерасна и шпикозни и се, ама сега барем батково да не плива во алишта, да се спремам на време, две опции ќе имам, во право си, и да остане едно неизносено, ништо страшно
Отиди на второ мислење. 12та недела е сеуште релативно рано и има простор да се реагира. Дали со вагинална сонда го измерија? Серклажот воопшто не е страшен, јас ставив превентивен во 18та недела и се покажа како добра одлука со оглед на тоа дека сега во 28ма почнав и со строго мирување зошто попушта цервиксот, како што е бебето поголемо. Ако те интересира нешто слободно пиши ми порака.
Се препорачува серклажот да се направи колку е можно порано. Види и второ мислење, но таа должина не ти е за занемарување. Ќе видиш од брисевите дали ќе излезе инфекција што го крати ,па дополнително може ќе пиеш антибиотик. Дали ти препиша утрогестан,магнезиум?
Јас имам прашање, мајки со термини март/април, во што планирате да ги изнесете бебињата од болница? Најнепредвидлив период е и појма немам што комбинации да направам.
И мене ме интересира, па чекам одговори од поискусни. Јас пишав еднаш. Планирам во ова комплетче, одоздола ќе имам спремно боди на кратки и боди на долги, зависно што ќе е соодветно и ќебенце. Мислам дека вака е во ред, ако грешам исправете ме.
Вака некако мислев и јас. Две бодиња да земам едно на кратки едно едно на долги, комплетче за одозгора, капче, чорапчиња и кебенце. Другарка ми спомна и скафандерче некое потенко да сум земела за секој случај и тука се изгубив зошто ич не ни помислив на скафандер
Ете на ова не ми текна, фала ти. А ќебенце какво е посоодветно? Секако планирам да земам две, едно потенко, едно подебелко. Ама ич не знам за тој период што е соодветно. Овие две ги гледав. Да и капче заборавив. А место скафандер мислам ќебето иста функција ќе заврши.
Ако не си сигурна, стави си во торба сè, ќе им дадеш на сестрите и ќе одберат што е соодветно во зависност од времето какво ќе е. Секако отсега не може да знаеш колку степени ќе биде.
Па искрено зависи какво ќе биде времето. Некогаш за 8ми март пука сонце,ама некогаш знае и снег да падне. Јас на пр. малиот го облекував во мече скафандер до 1ви април 2020 (тогаш имаше околу 6м) тогаш падна снег. За новороденче мислам дека е попрактично ќебе кое што лесно ќе можеш да го отстраниш во кола ако му е топло.
Здраво мешиња Зборувате за алиштенца во првиот месец и за земање од болница. Јас за ќерка ми купував 56 или 0-3 бидејќи сите околу мене ми викаа дека помало не се износувало и џабе ќе го купам. Е сега, ќерка се роди 2700 и 47цм и 56 изгледаа огромно па уште додека бев во болница сопругот купуваше бодиња и панталончиња 50. Така што точно не можете да знаете, но барем тоа за од болница имајте си и една 50 за секој случај. Јас не сум купувала првиот пат од овие сетови со 10 парчиња, а ни сега не планирав. Исплатливи ли се? Јас имав купено боди, шпихозни, машниче за на главче и ќебенце за првото дете, истото планирам и сега за второто. Е сега првото се роди во лето, второто ќе се роди здравје во пролет па немам потреба од скафандерче. За бодиња, мислам дека пишав еднаш тие од H&M со странично закопчување се најдобрите што сум ги користела, баш и сега земав такви. Има и 50, има и панталончиња исти памучни во комплет (по две одат и бодињата и панталончињата). Проверете си во h&m се надевам да ги има и малите броеви вредат 100% на нормални цени беа, одличен квалитет и премек памук. Сега си нарачав и од оние боди како ноќница (се врзува како чвор доле) ми личат многу практични за навечер за менување пелени. Од инстаграм kidsandco ги нарачав. Овој пат некако порано почнав да купувам, ама пусти мерак
И мојот термин е тогаш, слично како и вас имам комбинација. Боди долги/кратки на лице место ќе се одлучи, шпикозни, капче и тенко кебенце. На чорапчиња не ми текна искрено за под шпикозните, ама ќе земам за секој случај. Исто ќе носам и подебелко ќебенце ако е ладно надвор. На скафандер ич не сум помислила, мислам дека нема потреба, не е толку ладно и нема ни да го облече после. Башка не е долг патот од болница до кола, ако има потреба и колата ќе биде претходно загреана.
Ни јас не купував комплети со толку парчиња, а ни сега немам намера. Сè си купував посебно тоа што ми треба.
Веќе пијам магнезиум по потреба. Утрогестан уште откако разбрав дека сум бремена ставам навечер од 200 како превентива ради претходен спонтан абортус во 8ма недела. Друго дополнително ништо не ми даде. Со вагинална сонда да. Прво го виде дека е скратен под спекулум па мереше со вагинално ехо. Имаше проблем и да го измери, рече под чуден агол било, таква ми била конституцијата. Ме интересира дали треба строго мирување, некако тоа најтешко ми падна дека е многу рано, па што ќе правам ако треба строго да лежам цела бременост... ќе ме убие психа мислам... Утре сум на второ мислење секако. Ама ако бидат спротивставени мислењата, ќе треба и на трето хаха. Некако другиов доктор по телефон не беше многу загрижен за такво грло, ама ми рече ајде ќе видиме утре.