Јас не сум била во дуќан, така што не знам што се имаат. Од тоа што ставаат на стори бендисав две на биорганик, беа по 10 парчиња и цена им беше 3080. И кога имаа попуст во декември ми ја кажаа таа иста цена. Така што може навистина има и поевтини, ама од други брендови да се, не велам не. Инаку и hellobaby ги имаат истите нивни работи, и таму ми кажаа слична цена, 100, 200 денари помала, така што не верувам дека овие за кои јас зборам се 1800. А за вадење од болница мислам дека најдобро е ако можеш да си најдеш 0-1, и мене 0-3 ми личат многу големи, но сепак зависи и од бебе, ќе видиш што ќе ти кажуваат на прегледи.
Ќе видиш што ќе ти кажат. И да треба да мируваш знам дека е тешко ама кога мораш тоа е. Никој што сме на мирување не ни е идеално ама тоа е што е, важно се да биде добро на крај.
Зборите за облека, ај и јас мојата мака да си ја кажам. Иако има бајаги време а и 2ро дете ми е ама пак се осеќам како да незнам ништо, труднички мозок. Првото ми е пролет и што знам немав мака, се знаеше по долги. Сега второво ќе е крај на јуни/почеток на јули. Знам дека ќе биде топло ама до мене ли е или не ми оди новороденче само по боди и ништо друго. Како ги облакавте децата родени јуни јули? Не само за од болница и за понатака првите месец дена барем. Ноќе како спијат, по долги по кратки, збунки сум уште сега.
Од georgekids дали има некој нарачувано? Не им се најефтини работите ама бар дали се добар квалитет? Имаа убави работи што гледав деновиве.
Јас кревам рака пак Нарачав од таму оние основните работи, мултипек бодиња по куси, по долги, шпикозни за спиење и некои така поубави шпикозни и комплети ко за дотерување. Мене лично мнооогу ми се допаѓаат, мекички се, растегливи и прекјут, мислам ќе можат да се носат и подолго време. На нивната веб страна се преевтини, кај нас овие што ги носат дупло и повеќе ги наплаќаат, ваљда трошоци ова она, не се разбирам, ама пак се исплати. Искрено земав едни бодиња демек поевтини од Синсеј и материјалот е ко шмиргла, јас не би го ставила на себе, не на бебе, а и таму се по 200 денари, и од Џорџ ми испаднаа отприлика толку. Има една страна на фб Dak baby shop, они имаат нивни модели моментално веднаш достапни, можеш да пробаш со едни да нарачаш дали ќе те бендисаат, па после да си бараш тоа што ти треба од џорџкидс.
Adorebaby Shop на инстаграм исто имаат преубави работи според мене со ок цени, за квалитет не би знаела да кажам уште само гледам и ништо не купувам.
Мене во 20та недела ми беше измерено 24мм. Примав утрогестан 2х200-насабајле и навечер, по 2х375мг магнезиум. Примив 5 инекции прогестерон депо. Лежев дома ,станував до вц,за јадење и на секои 2 недели на контрола. Цервиксот се зголемуваше и некаде во 31ва недела ми беше околу 35мм и тогаш ми дозволија движење. По малку се движев,па од 36та турбо пешачење. Се породив во 39та недела. Имам внука родена крај на мај, на почетокот носеше и тенки хеланчиња надолу,а потоа кога пукна жешко само по боди на кратки и чорапки до некој период. И на мене ми е термин почеток на јули,баш и јас размислував како ќе се облекува бебе,па се сетив како беше она облечена. Таман и летна гардероба да ни позајмат,првово ми е есенско бебе,нешто ситно ќе се искористи од него
Зависи од температурата што ќе ви е дома. За спиење ако ви е претопло, само по боди ќе спие. Нема смисла на скопскава жештина да се наоблекува и прегрева, и онака е претопло. Нема да смрзне над 26 степени ако е со боди на куси Ако е 24-25, тогаш со тенка пелена ќе покриеш за спиење. Денски може со летни шпикозни на оваа температура, оние ромпери што ги викаат. Ако е под 24, тогаш со подебелко памучно ќебе ќе покриеш за спиење. Знаеш, дали му е топло или ладно, кај вратчето ќе проверуваш, ладни стапала и дланки е нормално да му се и не значи дека му студи. Чорапи на 20 степени ајде де, ама аман заман во лето немојте
@0ли Јас верувам дека кога ќе се потсетам на температурите во лето во Скопје ќе ми биде жал и по боди да седи, сега ме држи ладново и ми е чудно, а и мозоков не ми функционира нормално во бременост. За чорапи потполно се согласувам, знам и малата првото лето го помина само по боди и ништо друго. Ова дека новороденче ќе биде нешто збунки сум цела, ама ќе се оправам со размислувањата ваљда.
Сепак, сè зависи од температурата, ќе се потсетиш како било. Ваљда не сме заборавиле сè Иако, си враќам филм и, на пример, не можам да се сетам како го кревав, како го држев, сега страв ме фаќа како за прво. Се надевам дека нема и ова бебе првпат сама да го кренам дома кога ќе дојдам
Сега за сега со ова, ама не ми прави мерак зошто е бело и се што гледам за мали е без боја. Јас сум човек што сака бои сака весело, мислев дека во меѓу време ќе најдам нешто али со ситуацијава тешко.
Баш е убавко, нежно. Јас па сум љубител на бели работи за бебе, ептен бебешко, нежно, така некако ми изгледаат бебињата во бело И да не земеш друго, ништо страшно, ехеее весели и шарени работи какви има за поголемки бебенца и деца... Убаво е секако, како и да биде облечено
Девојки дали ќе купувате перниче за доење? Гледав денес во стружанка-прегломазно, во Ситник-премало ми изгледаат. А тие ми се со понормални цени. Препорачајте некоја што мислите дека ќе биде практична за користење.
Оли јас две од сестрами израснав, едно мое и тоа сеа брзо нема ни 2 години, па пак се чуствувам дека се имам заборавено. Се тешам дека ова летно бебе само со боди полесно ќе ми биде за облекување/соблекување додека пркне и стави некое килце. А да не зборам за лекови, прегледи се што треба има да се потсетуваме.
Не ни бегаат темите во подфорум Бебе Среќа за пресоблекување си имав боди и шпикозни што не се облекуваат преку главата додека е ептен мало, само со преклоп и копчања, патенти. Моево и со поголемо главче се роди, ќе се препотував ако требаше од горе да го облекувам
Имам шаренки комплетчиња 63, на форумов ме уплашивте дека се големи и малиов како убрза.... искрајно не ни знам што точно имам се ми е во кеси натуткано во плакар треба да се извади разреди
И ова е од истото за од доле ама ми се гледа како многу. Инаку мајками ми ги купила од стружанка. Комплетчето 600, бодито 260 мислам