Не сум трудница ама ми зафали времето кога пишував тука и ај реков да ве читнам, па еве баш ќе ти одговорам. Јас се породив пред 2 год во јуни. (Средината) На почеток и од болница и дома ја облекував само по боди на кратки и шпикозни по долги или комплетче по долги (танки) И за спиење така + ќебенце. Но по 2 недели кога почнаа жештини леле грев ми беше што ја облекувам така, прашав педијатар и ми рече слободно само по боди облекувај си ја. И цело лето си го поминавме на боди по кратки хаха и дење и ноќе. Сега кога ќе гледам слики си велам леле со кој памет сум го оставала детето така голо, но било прежешко сигурно
Ги немам ама ги меркам некое време. Не знам кое е посоодветно да го купам, дали подебелкото или потекното...
Не е неопходно. Јас ја имам полукружната од стружанка, ретко на почетокот ја користев. Можеш и со обични перници истото да го постигнеш.
Најлесно е: двете Ако за вадење од болница го искористиш потенкото, другото наесен ќе ти се најде за во транспортер, во количка, за дома. Ако подебелото е посоодветно, тогаш потенкото ќе се најде кога нема да е толку ладно. Се согласувам. Купив од БиБејби перница како кифла-ѓеврек. Ниту еднаш не ја искористив за доење бидејќи прво доев во топка позиција со обични перници, а потоа легнати со малиот. Никогаш не ми беше згодно во позиција со перницата пред мене и малиот на неа. @Nala37 Мислам да не земаш сега, да видиш како ќе доиш, па ако мислиш дека ти треба, лесно е да си купиш.
Ај кога сме кај облека, да прашам јас за мене, каде можам по фб да најдам спаваќи за трудници и доилки? И колку би требало да имам/носам за во болница? Може да се носат и пижами?
Докторот рече едноставно од слабост на водењакот и сега да не сум си терала многу причини и да си стварам лошо за мене... првите две деца ми се до крај износени во 40недела родени на последниот ден од предвидената дата..а третото во 28+ .. сега за сега сум ок и со матка и со постелка и со цервикс и со брисеви и уринокултура...па ќе видиме како и што...
Исто како и Теа имам порачано од Dak shop преку фејсбук профилот, земав неколку мултипак работи. Памукот е супер, уште не сум ги испрала ама мислам дека нема да се соберат или да пуштаат боја. Супер се и со дезени. Инаку од 0-3 бројчето според нивниот водич за големина одговара на нешто како 56-62ка или бебе до кај 5.5 кила. Споредено со некои 56ки што ги имам дефинитивно се поголеми, така што зависи од бебето ама чисто да имаш претстава дека не се баш за од одма. Инаку брзо стигаат, ги испорачуваат од Прилеп и за еден ден беа во Скопје на врата кај мене. Види го и Tiny baby shop профилот, имаат сличен концепт со мултипак шпикозни и бодиња, само од Примарк брендот носат. Планирам да порачам и од таму здравје.
Пижами не, треба да си лесно достапна за визита кога ќе дојде да види дали е се во ред, дали заздравуваш. Ништо од тоа не треба да носиш, таму ќе ти дадат. Мене лично ако ме прашаш, спаваќата е нешто што никогаш не го искористив. Цело време сум горе гола по дома. Евентуално некои стари растегливи маички, пери носи. Бебе е нервозно кога сака да цица, па секое откопчување ми е губење време. Најискористени ми се долните маици за доилки. За надвор, бидејќи е ладно, градник ако земеш пак си гол, а вака само градата ја вадиш.
Е да, бројчиња во дак носат од 0-3, нешто како 56ка му доаѓа, јас ги споредив со тие што ги имам од Зара, тие па се 1-3, и од Зара ми беа поголеми. А инаку џорџ на официјалната имаат и first size, тие се како 50ки ваљда, само не сум сигурна дали имаат и мултипек, ама ако на некој му треба, може да провери и сигурно може да се нарача преку џорџкидс и такво бројче. Јас мислам дека и 0-3 ќе ми се таман за почеток, не се некоја голема разлика со тие 50ките што ги имам од други места. И ги исправ и исушив во сушара, не ми личат собрани, порастеглив е некако памукот, боја ништо не ми пушти, дури и марамчињата за бои си излегоа бели.
Ќе видиш како се наеднаш ќе ти текне Јас имав се заборавено, ама веднаш се потсетив некако само доаѓа, мајка ќе кажам
@Pipismel од каде е комплетчето? јас сум се замислила во што ќе го извадам од болница. термин ми е крај на јуни почеток на јули. мислам боди на маица од тие со дупчиња да диши кожата и шпикозни на долги танки некои. сепак бебе штотуку родено е . некако на кратки да го облечам ми е страв бев денеска на контрола. супер е бебуш. пораснал . 150 грама мило на мама веќе личи на бебе. мрдка рипка.
Провери ги тогаш и овие. Јас од нив имам нарачано за 1месец и таа големина сега на мали му се таман убаво личат да не виси на него. https://instagram.com/baby.and.kids.by.george?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Бев денес кај матичната тука, го видовме бебе, пораснал машала 1.35кг. Уште е долу со главата и го видов јасно, убав на тате е И кажав за притисокот што осеќам, ми измери грло, рече дека е добро 38мм, затворено и доволно вода има, се си изгледа добро за сега нема што да се плашам. Инаку пулсот ми е пак висок ама изгледа тироидната ми прави проблем пак, ќе треба сега да ја проверат кога ќе одам, се осеќам така како да ме гуши. И друго му рече дека имам попуштена вена на вагината и од таму е болката, уште таму немав
Дааа, и нив ги открив ама сега пред месец, откако веќе имав испокупено бодиња и шпикозни за до 6 месеци да имам И од нив нарачав едни комплетчиња, боди, шпикозни/бенкица и панталонки, капче, лигавче, така малку подебели, тие се за месец, и да, помалецки се, таман за почеток. Плус мора да ги пофалам, многу се фини за комуникација. Што ти значат 8 месеци мирување, нема онлајн продавач што не изгњавив
Стварно се супер за комуникација и релативно брзо ми ги доставија иако не беа од веднаш достапни. Мене не ми се ни оди веќе во продавници. Ако можам да избегнам одење воопшто не одам