Јас веќе 2 месеци мака мачам по цели денови и мислам само од нив едвај чекам да дојде ден да се породам не се поднесува веќе и само рупурут таблети за шмукање ми помагат по малце др ништо.
За кожа последниве денови и покрај тоа што имам зголемен внес, на течности, гледам како пресушена дека ми е. Никогаш немам користено некои специјални козметички препарати така да и сега млеко за тело најобично и тоа. Од бременоста, веќе почнавме со бебе втора недела на лежење. Искрено повеќе не знам со што да се занимава ама треба барем уште 10-15 денови да истераме. Се зачитав во темите за бебе дека докторите даваат еден куп потребни и непотребни препарати и витамини. Исто е и со мојава матична во бременоста. Кога испадна опасност од предвремен пораѓај, покрај нели Утрогестан како терапија, покрај чисти брисеви, ми даде и рецепти (рекламни што би ги нарекле) за вагиналети за прочистување. Во случај да не имам жолт или зелен или не знам каков исцедок. Плус и на секоја консултација напоменува, да помини сопругот по нов рецепт доколку е потребно. Јас во живот сум немала жолт или зелен исцедок и сега повеќе ми личи како за пари/процент што би се рекло.
Здраво мамички, За мене е денес најсреќен ден видов голем плус и пишува дека сум бремена 2-3недели. Морам да се јавам на гинеколог ама додека добијам термин тррба ли да пијам нешто некакви витамини? Ова ми е прва бременост неможам да го опишам чувството кога видов дека е тестот позитивен и секакви прашања ми се вртат во главата. Ве молам за совети и искуство
Cestitki i dobrodojde megu nas idnite mamicki. Lesna i ubava bremenost da si imas. Ti odgovorila veke @Suze18992 sto da pies za pocetok.
Мене првото ми беше цело време една недела назад. Второво ми го водеа една недела напред, а се родија првото 36+5 - 2400, второво 36+4 - 2780. По мерки на ехо нормални се отстапки до +/-2 недели, ама тоа не значи дека бебе ќе се роди незнам колку големо. Освен ретинол кој е строго не, салицилна за која се поделени мислењата друго мислам дека можеш да користиш се. Ова бар од она што јас истражував.
Хело мешиња Идам од преглед и цтг. 36+2 денес. Па и беба е тука негде, околу 2600 тешка, Др рече и да го носиш цел девети нема да биде големо бебе, ама битно не отстапува. Па и јас сум мала родена, мислам не би требало тоа да ми ствара дополнителни мисли. За цтг Др рече добро е нема контракции. Ај ѕирнете го и вие, не знам кое што значи.
Не мора да значи, ете кај мене ништо не беше покачено, а на уринокултура излезе бактерија. Можеби не е многу 100.000 за да покаже покачени леукоцити на крвна слика.
Битребало да покачи и да покаже дека има бактерија ама ееве кај мене неколку пати правам урина обична не покажува дека имам бактерија,наводно излегува дека си е се во ред ама на уринокултурата бактерија во концентрација од 1милион што е премногу. Затоа испитувајте од време на време уринокултура,може да се јави вака ко кај мене бактерија и тоа без симптоми.
Нема врска. Кај мене од почеток ја носам бактеријава па никогаш не покачи ЦРП и леукоцити. Баш прашував докторката за тоа и она потврди дека не секоја инфекција го качува. Може да има а да не ги покачи.
Јас имам сува кожа и користам гел за миење CeraVe, а се останато Novexpert (маслен серум, тоник и крема) тие се 100% пророден состав и со сертификат за безбедно користење во бременост. Ако имаш проблем со акни, добро би било да се консултираш прво со дерматолог. Мене кожава уште посува ми е сега бремена, особено делот под колена и раце околу лакти. Земав Еуцерин лосион уреа 5%, мислам дека и тука некоја од членките го имаше препорачано. За туширање користам Еуцерин маслен гел и тој доста помага. Друго добро е на Weleda skin food путерот за тело. Честитки и со лесно Можеш да почнеш со Фолна 400, за другото ќе те посоветува гинекологот.
Незнам колку ги мереа пред пораѓај. За првото незнам ни дали го мереа, за ова мислам последно кај докторката што ме водеше го мереше околу 2600/2700(ама ова се мерки отприлика 2,5 недели пред да се породам. Муабетот ми беше дека секое бебе е различно. Првото го водеа поназад, второто понапред со мерки. Инаку со оглед на тоа дека и двајцата се родени во неполна 37 недела тежината е во ред. Има бебиња во 38, 39... па се раѓаат со тежина како моиве.
Од каде купувате убави чаршафи за креветче со ластик и дали ќе користите од оние непропустливи мушами за под чаршав и каде можат да се најдат? Креветчето не сакам да го трупам со оградици, сакам само плетенка и чаршафи повеќе да си набавам, ама не знам каде може да најдам убави? Исто и за душек ме интересира каков имате, не знам како да избереме..