Јас бев болна баш 3 дена пред Бадник и се чувствував многу лошо,температура,ужасна главоболка ,болки во коски ,грб,колкови,кашлица мислам никогаш полошо не сум била и др ми дозволи парацетамол само.
Исто. Сакав плетенка пошто видов едни мали негломазни и мислев дека ќе е добро само со тоа за да не се мава од страните. Ама сега веќе ни тоа не ми е опција. @Lavender13 значи по ова што видов детето никогаш не би требало да спие ни со родителот? Не дека планирав чисто ме интересира затоа што и тоа е нешто што често се практикува. Особено при ноќно доење.
Да, побезбедно е, а и многу практично. Две имам, максимум ги искористи малиов, а сега и второво ќе си спие во едното.
Многу застрашувачки информации има по интернет. Спиеме заедно од раѓање. Не би го ни нарекла спиење додуша затоа што не ни доаѓам до фаза на сон. Го осеќам секое вртење, вчера баш го доев заспана се закашла, веднаш срипав, како сирена за војна да има. Мислам дека не е безбедно ако земаш апчиња за спиење, ако си преморена, алкохолизирана состојба. Инаку се јавува еден необјаснив мајчински инстинкт. Исто, толку многу ќе прета и спие немирно, што ќе му ги држиш рачињата. Ај спиј цврсто такаЧудо и како функционирам, ама ете природата се погрижила да сме издржливи. Како си мисли секој дека е најдобро така. Кај мене ако не цица бара цице, во креветче ако го ставам нема ни 10 минути да поспијам. Сакам да кажам и јас бев во паника, но еве функционираме.
Не смее. Еден педијатар баш кажуваше дека една мајка на едно од децата што ги прегледувал, баш на ноќен подој го оставила да спие до себе и го нашла под блуза пикнато кај неа. Ништо не се десило за среќа, ама да се следат светските препораки за овие работи е најдобро без исклучок. 10 пати нема ништо да е, еднаш недај боже е доволно, сепак тие се истражени работи и статистиките не се поставени за џабе.
Кои статистики? Во Македонија нема ни една статистика. За Америка не сакам да коментирам. Улава нација, којзнае што прават, па се на сидс препишуваат.
Они се улави што сите студии за секоја можна болест се од таму, во Македонија најмногу знаеме. Прави како сакаш твое бебе, а дека не се безбедни некои работи се факти. Не зборуваме за стилови, туку за факти. Е сега кој не мисли дека фактите се релевантни нека спие со бебето, што да кажам.
И двете соработуваат. За биотек знам дека ако имаш над 10 пати дарувано крв дека не плаќаш нишѕо за крвна слика и мокрача(барем мажот ми ништо не плати)
Дискутабилно е за оградиците. На подолгиот дел, се врзува горе и долу на три места. Значи има 6 врвки врзани во чвор. Теоретска шанса нема дека може да ги скине па да му падне врз лице. Ги скина да, на 2 години кога дење рипаше во креветчето држејќи се за ограда. И јас не сум за мечки,прожектори и други украси во креветче. И делумно на штрек спиев за ќебенцето,иако му го затегав со решетките од страните на душекот да не може да го повлече нагоре. Инаку кога подпорасна се случуваше на страната од кај мене кај што нема оградица да протне ноџе и да го заглави во сред ноќ ,па да се расплаче.
Голем број на несреќи се зошто заспиваат по столици и фотељи со бебињата и тоа го вбројуваат во bed sharing. Тоа може да се случи и при доење, а да спие во свое креветче. И ред други ситуации, како на пример спиење додека си под дроги, алкохол, пушач. Фала богу дека тогаш не е безбедно. Еве еден убав текст https://www.npr.org/sections/goatsa...ng-with-your-baby-as-dangerous-as-doctors-say
Да, не би требало да спие во ист кревет со возрасен. А и не знам што е проблемот после подој да се стави во креветче наместо на спална до мајката, посекако скоро на сите креветчињата им се залепени до креветот, буквално едно движење треба за да се стави бебето во свое креветче. Доколку од старт се практикуваат вакви методи мислам дека не е проблем за натака. Ни во западна Европа не се препорачуваат вакви додатоци за креветче, препораката е иста како во Америка, а тоа е да се спие во празно креветче.Единствена разлика е што во САД препорачуваат бебето да е повиено вклучувајќи ги и рацете, во ЕУ препорачуваат вреќички каде рацете се слободни за движење. Секој си носи одлука на крај на денот,ваквите случаи се ретки но зошто да не се спречи кога може.
Јас имам од бебе хоум земено чаршавче на него си има мушама за да не пропушта, искрено 3 години се пере, нема ни абер да попушти квалитетот. А за душек исто имаме во Мк од бебе хоум некој си еко ли од бамбус.
Го прочитав цел текст. Вика дека е за бебиња над 3 месеци. Не пишува дека е безбедно туку дека можеби е помалку безбедно од спиење на фотељи, со мајки што пијат и пушат и дека треба да се проценува ризикот за секое индивидуално бебе. Е сега сидс се случува и кај бебиња што навидум се здрави, доносени, што спијат сами во креветче, па мене лично би ми било страв да правам проценка што може ќе е грешна и да зголемувам ризик. А имаше и една друга студија што покажуваше дека неспиен возач има сличен ефект како пијан возач, така што не верувам дека толку е силен инстинктот на мајка да се разбуди штом е преморена особено во првите недели по пораѓањето, како ете мајката што го нашла под блуза пикнато, не дека таа нема мајчински инстинкт, ама заморот си го прави своето. Не гледам кој е бенефитот, наспрема ризикот, да имаше некоја голема добивка, да се ризикува, но без некоја особена добивка зошто да се ризикува.