Ти си добра, во бременост си дознала… јас сега од тебе дознавам, минатиот месец се породив… значи се ок, ама на сите трошоци, за тоа што оди на рецепт треба да ни кажат и да ни дадат, барем тоа да не плаќаме приватно…
Ги имам уште од 21 недела, сега сум 33+ и не дознав начин да се справам со нив. Некои денови се само глуждови и стапала, ама други денови цели нозе од над колена па надолу ми отекуваат. Единствено кога ми се поболни ставам ладни облоги со борова вода, отоците не ги спушта, ама барем за болката колку толку ми ублажува. Советите од др беа исфрли сол, зголеми протеинска исхрана, ама демек тоа е, така ги носиш бебињата.
Јас порачав од али експрес нешто стално ми се појавува на тик ток, чекам да стигне па ќе видиме. Ако ти се допадне имаш време да порачаш
Фала ти мила. Си викам ќе попуштат, да поспијам. Пред околу 4 часа испив еден магнезиум, сега можам уште еден да стегнам?
Веќе две ноќи по ред осеќам дека бебето ми ика во стомак. Како благо клоцање е ама во исти интервали цело време. На последен преглед ни кажаа дека папочната врвца му е околу врат ама дека е лабава. Дали икањево е некој лош знак дека го затегнала или нешто друго? Има ли потреба да одам пак на лекар?
Го видов ова, ама после многу читање за swaddle и општо тој принцип, решив дека не сакам да му ги прибирам рачињата, сакам да му се слободни.
Јас му ја препуштив таа раб на маж ми друго се ја си правам.Првин морав да бидам на лежење ради крварење,после мн повраќав до пред 3 недели и така си остана.
Така е правилно И не само рачињата што треба да му се слободни, туку и нозете не треба да му се прибрани и стегнати. Нозете треба да може слободно да си ги крева нагоре раширени со свиткани колена, тоа му е природна положба која му се оневозможува со вакви вреќички што се тесни и што се стеснуваат надолу. Вреќичката треба долу да се шири за да може самото да си одреди положба на кренати ноџиња бидејќи и спијат така.
Да да, и тоа исто така. За swaddle кога гледав видеа секогаш се потенцираше да не се стегаат ножињата за да може да ги витка слободно. Ама исто така и за рачињата не гледам зошто би ги прибирала и се откажав од тоа целосно.
Тоа за рацете некои веројатно го практикуваат поради Моро рефлексот, за штрекнувањата. Но тоа поминува после некој месец, нема потреба да им се прибрани.
Застарено сфаќање е тоа дека бебе со замотани раце поубаво спие. Бебињата се штрецкаат од нивните рачиња, уште не им се осознаени. И рефлексно се плашат и се штрецкаат. Ама тоа е нормално и природно. Не се будат воопшто од тој рефлекс. Син ми се со раце нагоре спиеше додека беше мал. На темата, ни ракавици не треба да се ставаат. Памучни за дома. Така се затапуваат рефлекси. Ке се гребе бебе, ама нокти редовно сечење и тоа е тоа. Тие гребаници ги снемува брзо.
Моето е летно бебе, клима на 22-24 пуштавме. Поздраво е да спие во поладно а да е слоевито облечено. И за бебе и за возрасни е поздраво во ладно да се спие. Не 18 за новороденче, ама ни на 26 не е ок.