@elenaklasik да не ти стигна креветчето? Некако ми се засвиѓа истото. Па се спремам да го нарачувам. Сепак и ние се одлучивме за транспортно. Е сега, во него се става некаква постелнина или не, и душечето доволно е дебело за бебе или треба дополнително да се стави?
Тоа што оди со креветчето е како картон, не може да спие бебе на него. Ќе си земеш прописно душече и ќе си ставиш постелнина.
Сѐ уште не е стигнато. Од утре да стигне ќе пишам овде. А пишува душекот е исклучително удобен и дебел 3 цм Така што ќе треба плус душек од 10тина цм барем. Ама евтини има и за до 2000 денари се наоѓа, освен ако не се поскапени повеќе.
Ако ви е за утеха моето од 19та недела беше со главата горе и дури сега во 32ра се сврте со главата доле се надевам така и ќе остане, инаку и јас многу се плашам од царски
Некој да поминал Ковид во трето тромесечие? 31ва недела сум. Извадена од памет да не влијае врз бебето или цервиксот. За тие што поминале, ви правеа гинеколошки преглед додека сте биле позитивни и на колку време правевте крвна слика и димери? Со генетски мутации и скратени времиња сум.
Во 28 имав ќе си продолжиш со боцкање јас немав никаков проблем со крвта. Зависи како ќе го поминеш, дома моите еден само температура, друг ништо а јас најлошото кашлање. Мене тоа ме срози премногу напињање имав. Инаку не се секирај ништо не е страшно за бебето ( така ми кажаа). И ако осетиш било што слободно оди во Гак ќе те примат на преглед
Девојки колку е нормален притисок во 9 ти месец? Секогаш ми бил 120 со 80, но сега трети ден по ред 140 со 80, 135 со 80, и имам отоци на нозете. Дали имате искуство со ова?
Ми е како не ми е. Се надевам ќе се сврте и кај мене. Те молам кажи дали осети нешто(пораздвижено) кога се вртеше, со оглед дека било поголемо? Само чекам турбуленција да се деси, а тоа едвај претка само навечер
Во цела бременост треба да е ист како и кај небремени, нема "нормално" покачување на притисокот во бременост, значи треба да ти е околу 120 со 80. Ако прометуваш дека ти се крева, 130, 140, оди на лекар обавезно.
Не е за утеха ама моево воопшто не е завртено. Цела бременост си е карлично веќе 35 недели. Полека се помирувам дека ќе е пораѓај со царски, макар што докторите во болница очекуваат чудо во следните неколку денови. Бев скроз лабава по прашањето на пораѓај. Сега како наближува време со 300 прашања и паники сум.
Мене докторите на секој преглед ме прашуваат дали следам притисок, кај мене е низок максимум 110 со 70 отишол и насоката беше ако дојде до 140 со 90 веднаш да се јавиш на лекар за да се регулира со терапија и следи, небитно во кој период од бременоста.
@Lina-Detelina беше на преглед? За тоа што ти беше тврд стомакот праша? И дали ти/ви тежи стомакот? Едвај се движам, луѓе, како да ќе излезе во секој момент имам чувство, многу ми е стежнато, страв ми е да станам. Општо страв ми е за сѐ. Сега со 35та недела дефинитивно се осеќам тешко и трудно. Не можам многу да средувам дома, не можам да се движам долго.
До 36-та можело да се сврти. Се прашувам што ако не, одма закажуваат царски или? Ај те молам пиши што ќе направиш кога ќе одиш на лекар. Јас почнав да се спремам полека психички дека и царки можам да завршам, да не ми дојде после како шок