И јас ќе закажам утре на ендокринолог, да си бидам мирна. Само си мислам сега, како ќе знаеме дека се средил и дека не се качува повеќе? Колку што знам не се прави контрола со ваква анализа, а на крвна слика нормален ми е шеќерот. Многу анализирам јас изгледа Инаку јас не знам што ќе се прави со овој запек, пробано ми е се живо. Земав и сируп од смоква, нешто како тој што ми го препорача @Ano и пак ништо. Овошје, киви, сливи, лен 300 чуда веќе. Сега плус со железово што го пијам дополнително бетер мислам ќе стане
Предмалку се консултирав, и кај мене е слична ситуацијава,ама железото е ок...инаку дека не е страшно но да повнимавам малку со храната (за повеќе железо да внесувам, цвекло и сл.. ) па и така за брзо сум на контрола да видиме како ќе е ...
Четкав, баш така крвнички сите денови, нема крв и на крај сепак не отидов на забар (исто од уплав од ковид, си го искркав во второ тромесечие), туку кај матичниот. Испадна дека е синузит, страшно се воспалени, најверојатно ќе мора антибиотик, ама докторот ми препорача да пробам со топли облоги со ракија и парацетамол уште еден ден додека се видам со др што ќе ме пораѓа, па ако она ми одобри, да го почнам. Сама си го барав, од нова година сум болна и сама се "лечам", направив ковид тест, не беше тоа, кашлицата се смири, си викам не е грип, ај настинка е, ама тоа само се влошувало. А секоја година се борам со синусите, само оваа мислев дома сум, на чисто и регулирана температура и нема да ме фатат, ама ете врска немало тоа. Бебуши греотка, денес толку агресивно ме маваат, ваљда вознемирени од болкиве шо ги трпам, мислам ќе излезат низ папок.
Даа, чистев и со конец и со интердентални четкички, ама немаше крв, а пред да влезам во трето тромесечие бев на контрола на забар и се беше во ред. Баш сега пишав, од друго испадна болката, ми се воспалиле синусите страшно, од нив и глава, и очи, и вилици и уво
А да пробаш да ги испереш синусите со она хорн со солена вода? Може ќе ти помогне, мене ми помага кога имам проблем со синусите
Ние до ден сме исти, и јас во среда полна 34, само што ќе треба да се пораѓам за 2-3 недели. Се надевам ти ќе издржиш до крај, ако е се добро секако. За болката само парацетамол и топли облоги со ракија. И ова бабиново со облогите некако повеќе ми помогна и од парацетамолот, пола саат менував облоги (згреана ракија со вода, сооднос 1/3 ракија, 2/3 вода) и прогледав мислам, вечер уште една тура. Облогите за секунда се сушеа, чудо. Ќе треба и антибиотик, ама за тоа среда ќе одлучиме со др што ќе ме пораѓа, имам закажан преглед и цтг, само дотогаш да се издржи со овие финти.
@Hatula ако можеш пиј го Хемовит Плус ама внимавај со пренаталните зошто има и фолна и Б6 во него. Супер е и не го оптеретува дигестивниот систем. Јас пиев еден ден тоа, друг ден пренатални наизменично
Па нема да знаеш, ама ако било алармантно ќе ти кажеле после некое време да го повториш испитувањето. Јас дома имам апаратче за мерење па може некогаш чисто превентивно ќе проверувам после оброци.
И јас едвај чекам да се породам од киселини во желудник излудев веќе не се трпи,сеа во среда сум на преглед па да видам дали бебето е свртено или уште не е...
Еј да, добро ти текна, ќе го пробам стварно, го збореа на работа пред некое време и не го купив, ама сега крајно време е да нарачам да ми го купи мм. Матичниот ми кажа само инхалации не, уште повеќе се ширеле бактериите, а јас и тоа си правев, сам свој доктор
Те разбирам скроз, не знам стварно како се издржува до 40та, невозможна мисија ми личи. За киселините јас со кока кола зеро се лечам, знам колку е штетна и никаква, ама кога апче не помага...За вртењето мислам дека уште имаш фора, бар до 36та има шанси како што знам. Не се секирај, и царски и природно си имаат предности и маани, како е најдобро за тебе и бебчето така. Јас се помирив со царскиот уште од 25та недела, и на приватно и на државно ми кажаа толку мала карлица и близнаци, како сака да се свртени нема шанси да ве мачиме со природно и се трудам да не мислам на опоравување, се надевам ќе ја имам таа мајчина сила. А да се пофалам од денес и први стрии на меше, ќе си го памтам денов.
Може ли после недела дена уште да се чисти утрогестанот од мене? Кога користев имаше исцедок нормално бел, безбоен, секаков. Сега една недела како не ставам уште има дури и како парчиња бели. Чекам уште за резултати од брисеви, ќе се породам дур стигнат
Може ми е глупо прашањето, ама каде ги ставате облогите, на носот или челото? И мене ми се воспалија синусите, со зелени мрсули. Температурата ми помина за два дена, ама главоболката ме убива и цела сум затната
Јас испитував пред месец дена и денес пак испитував, по ново матичниот ми каже ке испитувам до крај по еднаш во месец, иначе ги испитувам државно. Дали проба со бедоксин и гаргара со сол и вода?
Јас на чело, малку ми се гади од миризбата, ама сепак се потсмири болката до ниво на подносливост, барем 3 саати. Сега еве пак почна и уште една тура ќе правам. Тоа од што ја влече болката, одма крпата ми се суши и на секое ја мокрам.
Докторот рече демек има време ќе се сврти, незнам во која недела беше со првото ама исто беше свртена на еден преглед па на нареден се намести, баш сега ке побарам во постари објави што сум пишала, знам правев вежби, ставав перници нешто...ама сум заборавила, баш ќе пробам за најдам што сум пишала тогаш
Inaku mila, sega citav za toj lek,neznam kako ti go ima odobreno lekot da go pies, na samiot lek si pisuva deka ne smee da se pie poveke od 30 dena. So taka napisano pa i ostava prostor za razmisluvanje kolku e toj dobar lek i plus I nema nisto napisano za trudnici. Iskreno jas ne bi go piela, a majka mi kako aptekar mi rece toa nikako nema da go zemes.
@***Bony*** Дали проба со бедоксин и гаргара со сол и вода?[/QUOTE] Б6 пијам секој ден, инаку нема заспивање воопшто. А гаргара не сум пробала, ќе пробам и тоа.