Со перница спијам веќе неколку месеци. Икањето го осеќав ептен ниско доле, мислев ќе искочи кај и да е. Цело време мислев главата е доле, но на контрола беше во попречна положба, односно лежеше хоризонтално. Баш ме зачуди. Овие 2-3 дена нема икање, не знам дали има промена. Ќе ги правам вежбите, ги погледнав, како релаксација ќе ми дојдат па ќе видиме како ке биде.
Осеќаше и притискање како со главче или само икањето го осеќаше долу? Јас утре сум на преглед, па да видам што се случува со положбата. Веќе полека 36та ќе ја фаќам. И ти си 36та? Велат дека вторите во последен момент можеле да се свртат, подоцна.
Како може да се познае како е поставено бебето од око? Пример да легнам на грб и ако се оцрта нешто, така се познава?
Јас да се пофалам. После толку мачење од почеток на бременкост и пиење антибиотици ,плачење на секој позитивен резултат на уринокултурата и пак лечење од почеток и од почеток. Денес резултатот ми е негативен Клебсиелата конечно сме ја уништиле со последниов антибиотик што го пиев 21 ден. Неможам да опишам колку ми олесни.
Резултатот од тсх ми е 3.14 (горна граница 4.94) докторот ми вика одличен е,не ми ја смени терапијата. На контрола сум за 1 месец, секој месец сама го проверував но се движеше околу 2. Денес сум 15+2, вчера имав слаби менструални пецкања,бодежи...повремено во текот на денот,се надевам нормално е?
Мојот ендокринолог го сака тсх во бременост до 2 да биде. Мене 2,45 ми беше последно и ми зголеми терапија. Најверојатно секој доктор различно. Не дека е страшен твојот резултат,да не ме сфатиш погрешно. Болките имав и јас такви ми рекоа најнормални се,магнезиум да пијам само,се додека не е нешто што не се трпи и додека нема крварење е нормално.
Нормално е ако е само тоа и ако поминува. Знаеш, сум ти пишувала дека мојава над 2 нема да ми го остави, но не значи дека твојот нешто погрешно те води. Секој различно, ете. Требаше на Ендокринологија месецов да имам контрола, но претходно во Авицена го проверив со крвната слика. На докторката и' ги набројав резултатите откако сум бремена, вредностите се 1.2, 1.7, последнава 1.0 и не ми направи проверка кај нив, ми закажа дури во мај Ама ќе си ја следам и ако забележам покачување, и' се заканав дека ќе и' се јавувам да ја замарам
И мојот тсх беше отприлика толку на секоја контрола од кога останав бремена и ме оставија на иста терапија, сега најновите со истата терапија 1.3, така да јас мислам дека е нормален, мислам дека нема потреба за промена на терапија.
Леле немој сега уште тоа ми фали во бременоста, таман на крај. Не знам и во средина на бременоста имав некои болкички во папок, тегнење и сл, никој ништо не ми искоментирал. Ама сега на гугл што гледав слики не би требало да е тоа. И да е, ќе се занимавам по пораѓај, сега скрос фокусот ми е на друга страна, прекинав за секој симптом да стравувам, еве утре 37 недела сум, го изгурав ризикот за предвремено и сега само пораѓајот ми е главна окупација После повеќе од недела дена добив резултати од брисеви, чисти секрвна слика и урина добри, спремна за раѓање
Нема мој и твој ендокринолог. Препораките на сите ендокринолози се или треба да се ТСХ да не е повисоко од 2 во бременост. Затоа се и тие месечни контроли, зошто има тенденција да расте како одминува бременоста.
Не е тоа и јас имав така дури болка неподнослива, не можев ни да се пипнам, само јас ти сум Боже ме сачувај, да беше друг ќе леташе одма на итно, болката траеше консантно повеќе од 6 саати, не можеб да се движам, попоков до непрепознавање беше. После 3 дена имав скрининг и спомнав, ме виде на ехо рече не е ништо од желудникот то е бидено и кој знае што се испапчило се шири све.
Јас сум 31 недела. Осекав само икање доле, притискање со главчето осеќав кај стомакот кај што му беше и поставено. Овие неколку дена мислам ке ми прсне стомакот, движењата стануваат непријанти. Да се надеваме дека ќе им текне да се свртат Ајде со лесно утре, па извести како ќе поминеш
17 полна денес . не ми се верува дека скоро пола помина. едвај чекам да се запознам со синчето мое. многу сум возбудена и среќна дека пак успеав да останам бремена и се да е во ред синче мое со нетрпение и многу љубов те чекаме јас тато и дада многу ќе те сакаме
Извини ако ти создадов дополнителни грижи Многу се потресуваме за се, незнаеме дали е нормално или не Уживај и не се замарај штом не ти посочиле на нешто конкретно. Со лесно
Ги знам препораките за тсх до 2. Затоа и ме загрижи резултатот, а од друга страна докторот вика во ред дека е. Пишав и претходно,откако сум бремена не сум била на преглед за тироидната,а во првата бременост ме викаше др на 4 недели. Друго што сакав да прашам е што значи матна боја на урина, 1-3 леукоцити во поле,ретко бактерии,доста плочест епител? Кај матичнава сум во понеделник, а ми претстои патување задутре во друга држава
Месечни контроли!!! Јас испитав еднаш во 3 ти месец и контролата следна ми беше закажана во фебруари 8-9 месец. Матичната кога слушна почна да ми збори како детето можело да ми биде заостанато, монголоидно со еден збор ме извади од памет. Прво на трудна жена не и се кажуваат така работите. Закажав кај мојот доктор во 6 ти месец, се изнасмеа на глупостите на матичната. Ми вика јас сум ти доктор 18 години знам како ти работи тироидата ќе направиме контрола само да се смириш. Топ ми беа резултатите, он беше во право.
Твојот случај е твој случај, исто како што мојот е мој. Тоа не значи дека не се прават месечни контроли, особено за трудници што примаат терапија за тироидна, задолжително е. Нема потреба од 100 извичници, на крај сами си одлучуваме и сносиме одговорност за евентуалните последици. Пристапот на одредени доктори не е соодветен, ама тоа не значи дека не се во право дека треба да се проверува почесто тироидната. Твојот доктор може колку сака да знае како ти работи тироидната, промени се случуваат преку ноќ без да сме свесни, особено во бременост.