Јас мислам дека тие месечни контроли се за жени на кои им е откриено неправилно работење на тироидата во текот на бременоста, не за оние со дијагноза и што примаат со години терапија.
А ова под 2 за тироидна важи за тие што имаат веќе дијагноза и примаат терапија или за сите? Ме замисливте сега, јас немам дијагноза и рез. ми е 2.35 со параметри 0.55 до 4.75. Ми проверија на почетокот во 12 недела и сега повторно во 24. Јас како и да е закажав на ендокринолог и за другото па ќе види, ама ме интересираше ова под 2 за кого важи. А дека има не адекватни доктори што можат да лупнат некоја глупост на бремена жена и да ѝ направат непотребен стрес има. Сум осетила на своја кожа, осет да се немало. Што е најтрагично тие таквите скоро никогаш не се во право.
Мојов ендокринолог (очигледно има мој и твој штом различно постапуваат) ми ја знае историјата, знае дека во прва бременост не ми се покачуваше ТСХ со истата доза цела бременост, гледа дека и сега е стабилна вредноста и најверојатно затоа ми закажа контрола за 4 месеци. Тоа не ми се допадна, многу ми изгледа далеку тоа. Но тоа не значи дека ќе седам мирна, нема шанси, ќе си ја проверувам еднаш месечно.
Сакате да кажете дека секоја трудница треба да направи проверка на тироидни хормони? Ме замисливте. Јас не ја проверив ниту еднаш во бременост сега. Ниту во претходната. Кои се знаци за проверка? Требаше докторот да ми каже барем.
Луѓе не паничете, нема потреба да испитувате сите тироидна ако немате индикации или ако не сте на терапија. Се осеќа ако тироидната не работи добро, не се плашете, плус ќе приметат ако детето не се развива и ќе ве прателе на преглед ако имало индикации. И не мора да се испитува секој месец, мене каде што живеам ми ја испитаа на секое тромесечје по еднаш, не велам дека е правилно ама ако сметаат тие стручни доктори дека така треба ќе им верувам. И како што кажав мене апсолутно никој не ми рече дека мора да го држам тсх под 2, сите викаа во нормала да е, а нормалата е 4 за жени. И на крај не е само тсх индикација за како работи, битни се и другите хормони. Слушајте си ги докторите и ако осетите дека не е нешто во ред проверете си пак, јас барем секогаш осеќам физички симтоми кога има промена.
И според мојата докторка во бременост треба да е до 2,5. Јас примам доза од 25 мг еутирекс, и последен пат ми беше 2,16.
Која е разликата меѓу едните и другите? Јас пијам терапија веќе 3 години и потенцирано ми е од ендокринолог да ја испитувам секој месец во бременост, иако е стабилизирана веќе 2+ години и многу ретко варира ТСХ. Пред два месеци беше 1.71, за да следниот месец се качи на 2.59, докторката одма ми ја смени дозата. Ако не проверувам секој месец како ќе знае дека има потреба да се смени доза? Не кревам јас никаква паника, ама факт е дека живееме на такво поднебје и дека секој трет веќе има проблем со тироидна. Ништо не ве кошта кога зимате упат за општа крвна слика секој месец, да си побарате и за тироидна. Со едно боцкање ќе си имате резултат за двете, не гледам зошто толку се комплицира, кој требало, кој не требало да испитува. На крај кажавме секој си решава сам и си сноси евентуални последици. И не е точно дека секогаш има симптоми ако тироидната е со пореметена функција. Од се постојат исклучоци.
Кај мене немаше никакви симптоми, сосема случајно, по вториот скрининг докторката ме прати да испитам скрен шеќер, бидејќи стомачето на бебето беше поголемо, а пишала и тироидна. Така излезе дека немам скриен шеќер, но дека антителата ми се во плафон 310, тхс над 3, по што си добив терапија. За еден месец се се врати во нормала, ама терапијата ми ја продолжија. Да не ме сфати некој погрешно, не кревам паника, но среќа што специјалистот ме прати на ова испитување. Ми рекоа ако не сум трудна ќе немало потреба од терапија, но за бременост биле строги. Претходно никогаш сум немала проблем со тироидната.
Бебе со поголеми мерки е можна индикација за скриен шеќер, не и за тироидна, ама пак ќе речам среќа што навела и тоа да се испита. Инаку, докторката ми рече дека ако не примам терапија може да не напредува добро во иднина. А моето досега оди напред со мерките. Инаку во првата бременост никогаш немав испитано тироидна
И јас кажав дека секој месец испитувам,а неколку месеци пред да останам бремена откривме дека сум хашимото и хипо. И рече обавезно ке испитуваш секој месец во бременост. Да не испитував секој месец ке немаше да дознаам дека секој месец ми скока тироидната се повеќе и повеќе и покрај појачаната терапија. Џабе се збори како треба или како не треба,секој доктор што не води знае дали треба или не треба да се испитува секој месец. Може некој требаат може некој не требаат. Ама мислам дека секој што има проблем со тироидната треба секој месец да си испитува,мора да се следи,нема играчка со тоа. Битно и да се нема проблем со тироидната мора да се испита пак зошто знае да скокне во бременост иако немала жената претходно проблем. Прајте си како ви кажал докторот и готово.
А зошто тогаш ова е пракса само кај нас, во странство ниту имаш шанса секој месец да бараш преку крв да ти испитуваат тироидна, ниту пак ќе ти дадат упат и да бараш ти секој месец. Не знам јас мислам дека секој месец испитување е претерано ако ти се движи генерално во нормала и ако си со терапија покриен, за месец дена не почнува ни терапијта да делува реално за да се увидат разлики. Ама кој како сакате, ако сметате дека треба испитајте си.
Во Странство еве во Малта на пример е братучедка ми уште е на почеток на бременост никогаш немала проблем со тироидната ама ја пратиле да испита тоа. Следно испитување ке и биде ко ке и кажат од таму не кога сака сама. И јас не испитувам секој месец од што сакам сама туку од ендокринолог ми е кажано и така правам. Терапија за тироидна со Еутирокс делува одма за еден месец веќе е средена работата ако е погодена терапијата. Да се дополнам. И јас сум покриена со терапија ама да не беше тоа испитување секој месец немаше да дознаам дека скокнал тсх и дека сум за појака терапија.
Па добро тоа велам зошто е пракаса само на нашите доктори, ете мене во Англија само два пати ми испитаа до сега и кога беше над 3 пак ми ја оставија старата терапија. Инаку и јас пијам Еутирокс повеќе од 4 год и ми требаше повеќе од месец да ми се среди, секогаш ми оставаат простор барем 2 месеци да видат како влијае терапијата.
Незнам зошто се вознемири толку? Јас си напишав мое искуство и мое мислење, никого не натерав да не оди да испитува секој си знае за себе и си го слуша докторот што ќе му каже.
Девојки дали последните недели ви се случува да имате како немирни нозе? Како склет што се вика не знам како да објаснам, не можам и кога лежам и кога седам почесто ги мрдам
Ваљда докторот што не води ни ја знае историјата како би реагирале на промена ко што е бременоста па според тоа дава инструкции дали да се испитува или не секој месец. Тие таму океј им е до 3 да иде тироидната ама мојата докторка сака до 2 да биде. Мене ми е 2 и пол и рече не е страшно добро си е ама сакаме испод 2 да е. А и мене пред бременост ме оставаше по два три месеци за да ме следи како иде терапијата ама сега во бременост нема толку време ваљда и сака секој месец за да има време да се регулира ако треба нешто. Мене четири пати ми качува терапија во бременоста. Да испитував на три месеци немаше да ја држам под контрола вака како сега. А и корона прележав во 13та недела па тогаш почна ептен да скока.
Ама не може за еден доктор поголемо бебе да е индикација за проблеми со тироидна, за друг не. И јас ко @1209 не сум во Мк и тироидна досеа не ми испитале и не е стандардно испитување доколку нема индикации. Ниту па можам да одам и да му речам успат дури испитуваат крвна слика, да испитаат и тироидна за да ми е мирна душата. Некогаш сами беспотребно си ствараме стресови, прво нишо не се дешава преку ноќ, второ има еден куп симптоми пред нешто да премине во сериозно нарушување и да му наштети на плодот.