Моето бебе беше поголемо од нормалните мерки, што аудицира на скриен шеќер. Мене докторот не ми побара да испитам, претпоставувам дека Само поголемо бебе не е потребно, потребни се и други работи кои што докторот што те гледал би ги приметил. И не треба да се секираш воопшто ако редовно си одела на контрола, треба да си мирна.
Смири се, не пали црвено светло, нема потреба. Мене тироидата ми беше под контрола, скриениот шеќер под контрола со исхрана, а на ехо го гледаа како поголемо за 2 недели.
Ги осеќаш контракциите некако? Те проверуваа вагинално со рака? Мене утре ми е прв преглед регуларен (не како досега вондредни) на цтг и не знам што да очекувам. Се си мислам ќе ме задржат. Јас немам менструални болки, само кичма боли а и ова со нозете што го спомнувате одамна го имам. Дека малку мрда бебево, сега баш во група на фб ми се појави дека можно е да е замотано со папочната и тоа да е причината и ми е страв. Па гледаат и на ехо? Или само цтг па другото ако има потреба? Може зависи од болница до болница, сакав да знам одприлика што да очекувам
11та недела сум и пак сум со затнат нос, иста бев од 7 до 9 недела и сега пак.. Дишам само преку уста и многу ми е тешко бидејќи не сум навикната на дишење преку уста. Посебно навечер за спиење катастрофа. Морска /солена вода ставав и не ми помогна претходно, не знам што да пробам сега. Да препорача лек за затнат нос некој со слично искуство?
Леле вчера те мислев сакав да те тагнам, те немаше некако во темава. Честитоооо! Нека е жива и здрава, да ви носи среќа и радост, да си расте безгрижно. Одмарајте, уживајте сега заедно, па пиши детали чекаме
Контракциите како стврднувања ги осеќам, болки немам сеуште. Матичниот не ме прегледа вагинално, ама ако има пак такво цтг во болница мислам деке ќе ме прегледаат. Ајде @Lavica2602 нека повлече нога да се олесниме. Да си ги видиме бебушки Пиши после прегледот.
Ние сме исто во неделите јас некогаш се осеќам многу влажно и има мокро на гаќите.. а на бришење нема којзнае што... плус ставам утрогестан сабалје вечер. Некогаш си правам филм водењакот да не е, и така триста работи.. а поминаа две недели од преглед пак почнуват негативностите кај мене.. @Lavica2602 честитки мила гушки сега почнуват најубавите денови..
@Lavica2602 честитки мајкаа, живи и здрави да сте двете Еве ме и мене, 33+1 денес, вчера преглед, бебе 2ипол кг, цервикс стои 2.5цм, затворен долг За две недели од 1 800 на 2ипол кг, на следен преглед колк ли ќе пркне прцле мало, и само мава ли мава, нема мир ова бебе 35та сега ми е цел, припремата во болница да се напраи, и да можам да си се породам там здравје Две недели беше мм дома, со ќере нонстоп, се он, се изнаспав за сите пари, сега чекам недела да си поспијам пак, да ми пројдат деновиве Спремање за бебе ќе почека до 35та, да сме безбедни Тогаш и ќе се чисти и ќе се земаат ствари, се одеднаш, мора до тогаш да ми биде мирен газот, а после нема да знам кај да пофатам Ама да сме живи здрави само до тогаш, ништо др Се осеќам ко топка веќе, па посебно од лежењево се ме боли, на моменти се ме нервира, прегладна се осеќам, пренервозна посебно зошто ништо не можам да напраам, а имам црви во газот, ама иште 2 недели што се Се спремам психички за се што иде, ќе лажам ако кажам дека ми е онака, нопе, ми е страв, како ќе минеме на царски, дали ќе е се ок со бебе, како ќе се кренам на нозе, ох тоа прво станвање после царски Како малава ќе отседи сама со мм, а не заспива со никој навечер освен со мене, како ќе биде со бебето, како ќе се снајдеме сами, дали ќе постигам се сама... Ќе знам за месец од сега де, ќе видиме Тоа е од мене, галете мешиња
Мешиња денес на преглед го измерија стомачето за 2 недели помало а постелката полека почнала да зрее и ме приклучија на цтг инаку бебе е 2 кг и 100 ,рече др да не се грижам дека таква му е структурата ама јас многу се плашам искрено, инаку од сам почеток и матичната и што бев претходно кај друга докторка го водеа за 2 до 3 дена помало а не за цели 2 недели и сега не знам што да мислам. Денес полна 34 недела сум.
Не е ништо страшно, сепак за да си мирна доколку си во можност побарај и второ мислење. Кај нас матичната го мереше две недели помало, па 4, за на другите прегледи кај друг доктор испадне само 2-3 денови помало.