Koga e pogolemo bebeto malku im e potesko i tocno da go izmerat. Ne se tolku potpirajte na merkite, 100 posto. A i do dve nedeli pomalo pogolemo e normalna bremenost. Nemoj odma da panicite. Ako imalo nesto, ke ti kazele sigurno. I da bidam iskrena pocnuvam da gi obozavam doktorite po stranstvo imas pomalku kontroli pa samo ke ti recat se e vo red nisto drugo info ne ti davaat. A ne ovde nas se ni kazuvaat, dostapni celosni izvrstai i si go opteretuvame mozokot citajki po net. I si pravime nepotrebni stresovi.
Cuvstvuvate li menstrualni bolki tie sto ste vtor trimester? Jas sum 22+5 I na momenti imam takvi bolki. Dali e normalno? Pijam magnezium 3×250 po preporaka ba doktor
Цтг мирно нема ништо рече да не се грижам и контрола за 1 недела. Инаку свртено е со главата надоле и тоа ме радува се надевам ќе остане така до крај.
Здраво девојки Дали имате да препорачате некоја убава апликација (за iphone) што ја користите за следење на растот на бебуш? Јас само што дознав дека сум бремена, најаверојатно 3 или 4 недела. Се уште е рано за било што, но би сакала да разгледам. Исто така, има ли некои книги/подкасти или било какви ресурси што ви помогнале да останете 'трезвени' и да не паничите, да се едуцирате за некои работи или едноставно некои совети да дадете што сте сакале вас да ви ги кажат кога сте го почнале ова патување. Фала ви
Здраво Честитки и нека ти е со лесно,јас ја користам pregnancy i pregnancy + апликацијата е сеа најверојатно е за сите телефони.
Да не се грижиш ич, ама ако ти ствара немир може секако да побараш второ мислење. Инаку денес и кај мене двете ги измерија со стомачињата по две недели назад дека се, ама др рече да не се плашам, се друго е во ред, а мерките се мерки, секогаш има простор за плус минус. Плус јас се секирав дека болна многу, плус ослабнав овие две недели, ама они мрднале колку толку. Немаат ни по 2 кила уште, а ми закажаа царски за две недели. И конечно ми дадоа и антибиотик, и аналгетици, џабе само се мачев досега ова било забрането, она не било испитано, се додека не дојде критично како ноќеска па со искривена фаца од болки да одам на лекар.
Девојки мислење ми треба. Пред 4-5 дена бев на вонредно ехо, бебето беше само 2 дена назад. Отприлика цело време е така. Денес отидов на рутинска контрола кај матичната, таа се' му измери помало за 2 недели. Не делуваше рамнодушно, бидејќи од последна контрола кај неа (пред 3 недели отприлика), бебето ептен малку има напреднато. Ми рече ќе видиме што ќе се случува, а притоа не ми даде ништо да испитам. Ни димери, ни хемостаза. Димерите во 22-23 недела ми беа 1000, хемостазата според трансфузиолог уредна. Тсх на последна контрола пред 3 недели беше 1.50, успешно симнато од 13. Бебето и во најлошото тсх се развиваше прилично добро, а сега наеднаш заостанало. Претходно ми има споменато дека имам 'мали лакуни' на постелката, ама не ми кажа што понатаму и дали треба да преземам нешто. Дали е можно толкав лапсус да направи ехото на матичната? Од две недели? А претходно да не се случило. Трето мислење да ми ја реши дилемата, или да не паничам...?
Еве и на моето денес стомачето му го измерија за 2 недели помало,а до сеа беше самп 3 до 4 дена помало и јас сум малце загрижена иако она рече дека нр е ништо страшно таква конструкција имало.
Еве сум после прво Цтг. Во Чаир бев и иако со врски, од 9 ипол сабајле до 1 окапав. Толку чекање, внатре претопло, јадена уште сабајле за бебе да е активно, дур стигнав на цтг заспавме и јас и она. Во Чаир не ставаат два ластика, мерат само срце на бебе така да поима немам за контракции дали имам или немам. Докторот ми рече само дека е во ред цтг-то. Плодова вода има, си има место уште да расте, постелка 2/3 степен уште стои на толку, 3270гр е. Не беше така како што очекував, многу чекање, многу напорно а докторот 2 минути ми посвети, иако беше префин. Контрола дури за 10 денаи ми спомна како низ шала, вие со лежењето обично го поминувате терминот, ме израдува, не можам веќе сега сакам да е што поскоро, боли кичма, нерви немам за ништо, се нешто ме нервира. И он како матичната исто ми рече, се е нормално освен ако те фатат менструални болки, да пукне водењак или крварење тогаш право во болница. За намаленото движење океј, можно е, ама во 24 часа да има 10 движења, за помалку од тоа да се јавам за цтг. Искрено мислев дека денес ќе ме задржат, си помислив сега толку сум активна, а нели со скратен цервикс и ризик бев, сега ми е нервозно дури што нема никакви индикации за пораѓање. Многу ми е доле бебушка и ме притиска и боцка, баш е незгодно, а стомакот уште не ми е спуштен.
Здраво и од мене Јас од вчера го чувствувам бебето како доста качено горе, т.е притисок под гради баш горе над ребра. Многу тешко чувство особено навечер кога секогаш сум подуена како балон, мислам дека не можам да дишам. Не вечерам касно, не се прејадува и пак како цело прасе да сум изела во текот на денот. Плус сега заради малку покачен шеќер никакви јаглехидрати, теста не јадам и пак исто. Запекот малку почна да се средува Тие магнезиумот што ми ги препорачувате не можам сега да ги земам дека не живеам во Мк, меѓутоа после неколку дена од сирупот од смокви и глицерински чепчиња станува подобра ситуацијата. Се надевам дека нема до крај вака бебе да ме стиска под гради, многу е непријатно и ново ми е со првото не памтам вака да ми било. @Lavica2602 честитки!
Апликација 'What to expect'. Интересна е и мене многу ми се поклопуваат симптомите по недели што се опишани таму. Доза на паника секогаш ќе има за жал зошто бременоста сама по себе е голем предизвик. Но потруди се да ја насочиш енергијата кон позитивни мисли. Заблагодарувај му се на телото што расте нов живот во него, зборувај му на бебето, визуелизирај си ја иднината во глава. Мене вакви мисли ме водат напред и полесно ми е. Слушај повеќе музика, некои лабави филмови/серии, прошетки. Не читај непотребно за сечии проблеми во бременоста зошто сите сме различни. Ти посакувам многу среќа, лесна бременост и живо и здраво бебенце.
Здраво девојки. За многу години денов! Денес бев на контрола. Истите думања ги имам со меркиве. Претходно главчето поголемо беше (на преглед во Плодност), сега помало. Мешето е нон стоп поголемо. Ама ме загрижуваат и овие коските што ги мерат, надлактична и бутна. Тие пак се помалки, ама не коментира ништо особено. Јас дека го споредувам со претходната бременост, син ми за разлика од ова бебе, коските му беа малку подолги. Ако има врска со растот генетски. Дека еве син ми го гледам ситничок за разлика од врсници пример. Ама си го има изгледа генот на свекорот. Сега ова здравје боже ќе видиме. Засега си велам можда поситно бебе ќе биде, здраво живо право само да биде. Аман веќе, ова со растов ми е набиено од порано. Кога се породив со првото, кога ми се јави свекрва ми да ми честита, ме праша колку долго беше. Ѝ велам 50 цм. Ее добро вика висок ќе си е, и татко му толку беше. муабетов. А сега син ми како што е ситничко, сигурно којзнае што си мислат. Дека и јас сум поситна во градба. Знаете, она стравот ако снаата е ситна, да не е и бебето такво маљо кутро Глупости старски. Не знам, не можам веќе со меркиве да се замарам, ако требаше докторов ќе кажеше. Одличен доктор е, со ново ехо, приватно работи, ама посветено секогаш. Бебето е со главчето надолу. И кога го прашав дали со грбчето е кон мојот стомак (антериор) или навнатре (постериор), тој рече дека е во позиција П2, ако ти значи нешто рече. Велам кажете дали е поставено за природно, вика да. Ок. Пак си чачкав на интернет, изгледа моево е постериор. Па ако имате искуство ваше или од други, споделете. Планирам вежби да правам за вртење од постериор во антериор. А можда има врска и плацентата дека ми е на преден ѕид. Којзнае како ќе биде. Здрави живи само, убав ви ден