Оди на трето мислење. Мене ми измерија стомаче на малава исто многу помало, па испадна после кај Петрова да е помало ама не до толку и да не се загрижувам. Имам пишувано дека никогаш немала големо меше, а има нозе долги, лице и е како некое бебе мало, спрема некок врсници.
Ам ако си ти ситна што се секираш. Крај краева ја сум 3 кг родена, ситно жгоњаво, сега сум на жениште. Абее нее знам, не можи секое бебе да е машала или стандард кг и цм кога ќе се роди, само да е се во ред, да е живо и здраво. А знаеш, има бебиња кои имаат кратки ноџиња, големо главче, некој па обратно, како што растат така и не се приметува повеќе.
Фала ти многу,каква сака нека е душата лубеница ми бара од вчера. Летоска ниеднаш не ми се пријаде,сега ми текна.
Prvata bremenost cela bremenost bebeto mi go vodea za 1-2 nedeli nazad,ne e strashno tie se samo merki i ne se 100% tocni.na krqj ja rosiv vo 39ta nedela a spored merkite odgovarase na 35ta .plus sekoj organizam e razlicen nekoi se sitni nekoi sredni nekoi krupni ne e toa merilo.jas sum epten sitna nemozam da ocekuvam bebe od 3500kg da izleze od mene.da si pomirna odi i na vtoro mislenje
Женски ве читам за мерките на ехо и да ви кажам да не си ставате многу на срце и стресови да си правите зошто на крај краева апарат мери. Живеам во Германија и кога бев со првото трудна нит знаев мерки нит ми кажуваа си го родив 3700 во 38 ма недела нормална тежина и јас и мажот ми сме си крупни. Сега со второто ми открија гестациски дијабетис и покрај сите ригорозни внимавања на исхрана и се завршив со инсулин. Ради прегледите кај Дијабетологот морав да носам мерки од ехо. Секое одење стресови јадев, бебето го водеа како големо бебе- макрозомија, мерките беа коса да ти се крене, стомакот за 2-3 недели поголем, бутната коска за 2 недели а главчето за скоро 4 недели понапред. Сите доктори беа скрос кул и матичниот и специјалистите у болница коа праев план за пороѓај а ја се трескав не ми беше јасно зошто не се замараат. Одговорот на сите им беше бебето е пропорционално големо значи целосно е покрупно и нема простор за паника, лошо било ако само една мерка отстапувала а и да е тој случај ништо неможе да се направи. Се оболев од секирации што дете ќе родам дали ќе е се во ред. Последните прегледи матичниот го измери 4300 а на болница 4500. Отидов на закажан царски во 38 баш ради дијабетисот и големината на бебето и родив бебе од 3750 гр значи само 50 гр потешко од првото со нормално главче…Муабетот ми е секаде на секој апарат дали во 2 болници, дали кај мојот матичен го мереа големо бебе на крај излезе нормална големина според нас. Не се замарајте до толку никогаш апаратот неможе 100% да измери а стресовите се огромни.
И јас бев со скратен цервикс со лежење 10 недели. Од 36та турбо пешачење,39+1 се породив На бит пазар имаше пред некој ден.
@Lina-Detelina како си? Дали имаш лажни контракции? Какво ти е чувството, непријатно или поболно? Те пристегнува половина?
Уфф, имам стврднувања и тоа баш во моментов. Ми е страв да не му штетат на бебето. Се надевам не? Активно си е цело време. Како нагоре да е качено ме притиска и во дишењево или па од контракциите ми е така. Половината од сабајле ме подзаболе после стоење на нозе, низ дома. Немам некои јаки болки или на интервали. Едвај чекам петок да се видам со Др што ќе ме пораѓа. Ти како си?
Мила, на бебе не штетат стврднувањата, тоа само го подготвува за правиот момент кога ќе дојде, таман работа конракции да штетат, па ни правите не му штетат камоли лажните. Ајде и ти броиш ситно, само позитива
Имам, зависи шо положба ќе заземам. Прееска на цтг покажа некаквиси контракции, не којзнае колку големи, ама малку демек почесто биле. Одма споредив со првото бебе, истава недела каде каде појаки сум имала, а сепак издржав до 38 недела. Сега здравје да ја исполнам 36та и ќе следам. Мене здивот ми се запира, некогаш се понепријатни, некогаш издржливи и брзо минуваат. Поарно цтг да не правев, умот само таму ми е, дури да поминат деновиве. Зезнато е шо докторов ми оди на одмор до 30ти, Кристинка во Плодност исто е на одмор до 30ти, и браво за мене како ми се нагоди работава. Ако нешто во меѓувреме испадне, одам во плодност, кај друг доктор ми предложи таа. А ти во петок на цтг си пак? Не штетат контракциите, иако ти нелагодно се осеќаш.
Ова отекување многу гадно било бре мешиња.. Наеднаш за еден ден отеков во раце и нозе, чаре нема нели? Мислев ќе се спасам бар од нешто, до сега требаше да имам 37 недела сум и се радував супер е бар тоа ме одмина, ама и тоа ме стигна. Ај на изглед што има отоци, него и чувството ми е гадно, не боли ама не ми е ист допирот како тромава сум во раце, и како на перници да газам, па само на ладно ми одговара и убаво ми доаѓа да ми стојат, баш ги осеќам како се дујат мислам, трнат и уште толку имам нервозни нозе нека му ја пази мм вечер исшутиран да не биде
Здраво девојки, сакам да прашам дали некоја од вас бременоста и ја водел д-р Митко Ивановски и дали скринингот што е во 20 недела го правеше докторот или ве упати кај друг доктор да го правите?