На клиника не пуштаат, кај мојата матична до сега два пати го пуштија само. Ако сте во можност да си закажете во приватниве Ремедика или Систина ние така правиме за да ги гледа и он.
Кај мене не беше планирано, собата кај што ми се падна кога ме примија во болница имаше цакузи, па после 6-7 саати шеткарање по ходници, ме праша бабицата пошо ме виде изнемоштена дали сакам да се опуштам малце во вода. Водата беше башш жешка, цела бев испотена од жешко ама така ми се опушти телото, не дека не ги осеќав контракциите, болката си беше тука али измеѓу затварав очи и мислам дека на момент и задремав, ептееен наполнав батерии. После тоа излегов за цтг и преглед и кога виде дека сум отворена и бебе почнува со туркање, ме праша дали сакам во вода, одма прифатив, е тој дел беше краток најмногу 10мин. Интересно беше кога излезе бебе со главчето, со косичката почна да ме гулицка по нозе и прашав само дали може да се угуши оти плива така и насмеа ми рече оно се додека не излезе на воздух не знае да дише, уште еден напон и бебе-делфин беше надвор. Не знам дали имаше врска водата ама јас воопшто не распукав, нд бев сечена и ни еден конец не ми ставија на крај. Се надвем дека и овој пат ќе имам среќа за во вода, а ако можам да си резервирам,обавезно. Не знам како е Плодност и општо за пораѓање Мк ама Австрија нема класичен бокс, туку само кревет, џакузито, тросед со масичка и пригушено светло, баш домашна атмосфера, тоа плуус мислам дека ми деловаше на психа иии ако сте во можност, обавезно да прифатите пораѓај во вода.
Kazano mi e deka sum kaj dr kocoski na upatot ne pisuva ime na lekar, ama maticnite gledaat koj koga e. I taka mi kazaa od kaj maticnata.
Здраво. Чепкајќи, ти го најдов коментаров. Кажи ми која недела се породи и како се породи? Со оглед на положбата на бебето што пишуваш дека било незгодно застанато.
Дали вие што испитувате ддимери на трансфузиологија во државна сте отишле некогаш порано од терминот и ве примиле порано?
Баш тоа испадна, ама страшно беше последниве три дена, мислев мозочен удар ќе добијам од такви болки. Вчера ми дадоа сумамед и кетонал, и уште вечерта по едно апче ми беше подобро.
На хематологија се испитуваат и не се чека воопшто, првиот пат бев на 16.12 а упатот ми беше на 15ти не ни знаев време, а пред некој ден кога бев имаше неколку пред мене ама завршив за три минути, на шалтер се пријавуваш и одиш во соба да те боцнат и таму кажуваш во колку имаш закажано за да те најде на листа, ти земаат крв и си одиш, толку. Со лесно
Ne mozam tolku cesto da odam na pregledi, odam vo stip radi bolovanjeto, odam vo srbija, nikade ne go pustaat pa se nadevam za utre deka ke go pustat.
Мешиња како сте само ве читам денеска.. цел ден низ дома домашни обврски јас и некако поспана... а сум дома мрза ме фаќа и симптоми си наоѓам... нешто страх ме фаќа како бодежи осеќам во вагината не се јаки ама голем ми е стравот.. ај вие што сте 31+ и 32 пишејте како се осеќате.. иначе бебе ми е со главчето надоле..
Менструални болки само многу послаба болка, на нередовни интервали што значи? Може да се префрлат во редовни или само си се спрема телото?
На мене со второво дете почна некој минимални болки и дека последниот ден од датата и викам ај ќе одам и некаде за пола саат дојде мм од работа и во колата нагло ме фатија на често и појако и едвај седев во колата... во болница не осеќав некој јаки болки а цтг покажувало мн јаки болки и бебето веќе туркало надоле и за некаде 20 мин ме породија ни клизми ни ништо немаше време..
Во приватниве секаде пуштаат. Јас скрининг праев Мк, Ремедика и маж ми и ќеркава си беа и на двата присутни. А државна.. не верувам