Уште не сум осетила бракстон контракции, а еве од денес полна 28. Инаку @1209 и мене ми е наместена со главчето надоле и најсилните удари најчесто ги осеќам или лево од папокот или во бешика. Погоре имам удари не дека не, ама никогаш не ме извадило од памет кога клоца во таа регија. Ама затоа кога мава во бешика толку незгодно знае да ме ѕвекне што некогаш ме тера дури да се свиткам. Си мислам за нијанса посилно да ме мавне веројатно ќе се помочам Фала богу уште не ровари накај цервикс, ама како и да е не мислам дека е невообичаено.
Јас правев кумбсов тест и баш и напоменав дека јадев бидејќи станувам рано и не можев да издржам рекоа не е проблем.
Не е,се е индивидуално некој ќе почне од 20та некој од 30та.Не се страшни не се плаши,порано покасно сите ќе ги осетиме а тие се тука уште од почетокот на бременоста.
Јас искрено исто како да ми е прва бременост за некои работи. Нит сум имала да осетам стврднување, нит болки до пред краен месец, нит повраќање абе милина, сега имам буквално се. Инаку не се болни, јас само гледам дека се стврднал и како да ме затега такво чувство. Дечки и ја сум со мокрење ужас, на секој 15 мин трчам за вц и не дек нешо мочам а ама не можам да додржам. Во 2 си легнувам, како навиен саат станувам во 5, чим одам вц толку е ја сум будна до 7 саат. Ме фати еден глад сега, се вртев низ фрижидер око ништо не ме фати како Атлатисот, 6 ги изедов во еден здив. Туку сега при мокрење изгледа оти 3 саати не сум била вц, кога се измочав ме здоболе после тоа стомак ама брзо попушти.. И не можам и не можам да спијам на лева страна, џабе ќе се наместам се наоѓам на грб секогаш.
Од денес полна 33та недела, но 3-4 дена осеќам болка под ребра. Не клоца бебе туку како мускулна болка ја осеќам. Дали тоа е од што бебе се спушта надоле и веќе тежи повеќе или ?
Здраво мамички пак јас. Ова ми е прва бременост и добив термин дури за две недели. Јадам нормално, болки немам, се осеќам супер и пијам фемибион. Денес заприметив воден исцедок и малку сум исплашена. Незнам дали е нормално. Немам чешање или нешто слично само исцедок од време на време кога одам во вц. Пробав да го добијам телефонски гинекологот ама безуспешно. Исто така многу ми се спие во последно.
Нормално е да имаш исцедок, ќе го имаш до крај некогаш помалу некогаш повеќе, тој исцедок штити од инфекции. Битно да не те чеша,пече или да мириса непријатно. Сите симптоми или и да немаш никакви симтпми се нормални, поспаност, немаш енергија, менструални благи болки, апетит или па немаш апетит, повраќање или имаш среќа да не повраќаш, се е нормално. Нормално не е само да пролрвариш и да имаш ужасни болки кои не се поднесливи.
Фала ти многу. Не ме боли ништо само ме исплаши исцедокот оти негде пишуваат можело да е и плодовата вода. Ме утеши малку да не паничам одма ❤️
Pomina vtor skrinig, se se vo red so bebus moj, mi olesni na dusickata. Doktorot fin pristupacen jas sum zadovolna. Dur me pregleduvase molcese ama posle se mi objasni.
Во која недела го правите,и кој ќе ве боцне со инекцијата?Матичен па ќе рефундирате или сега може на клиника?
Јас го правев во 29 недела и потоа ја купив инекцијата од зегин и таму ми дадоа потврда колку сум платила и отидов кај матичната да ме боцнат и таа стави уште некои документи и така комплет ги однесов во фондот и ми ги вратија парите ,инекцијата беше околу 2800 а враќаат околу 2300 денари.Да ти напоменам мора да имаш документ со крвна група од трансфузиологија државно од приватна болница не ги прифаќаат во фонд
Фала,знам втора бременост ми е....така направив минатиот пат ама некако разбрав дека на клиника ги имаат нели и таму може да не боцнат(ако сакаат )...
Денес ми зедоја вагинален брис но многу се стегнав и ме здоболе Но сега многу ме боли не можам да одам во вц дали му се случило на некој? Бремена сум 20+2 брисот беше поради бел исцедок
Го виде ли татичко момчето? И мојот скрининг помина и се е во ред, рече Димчев немам никакви замерки.Неможевме да ја сликнеме госпоѓицата цело време се криеше со рачињата на лиценце,битно рече се е добро.Колку се плашев ми олесна малку дур не ме фатиле пак будалите.