Здраво мешки Бев денес кај Др што ќе ме породува. Цтг и ехо направивме. Во извештај пишал дека нема некоја активност на матката/контракции. Јас колку што гледам има ама изглеа не се регуларни како на предходното цтг кај матичниот. Задоволна сум од Докторот, можам да го барам во секое време. И сеа си викам што ако ноќно време ме фатат болки, треба да му звонам пак? Како незгодно ми е некако. Контрола за една недела, ако во меѓувреме нема нешто. Бев и кај матичниот после тоа, толку со него за сега додека се породам. Кога ли помина времее бее...
Во државна? Ако те фатат ноќно време, ке отидеш во болница да те ѕирнат, и ако кажат ке раѓаш, ке го викнеш докторот.
Девојки дали во бременост осетивте повеќе да мирисате? Никогаш во живот немам замирисано на пот буквално преголема хигиена, но последниве месеци така чувствувам. Има врска со хормони или?
Би требало да зависи и каде ќе се пораѓаш. Јас во Систина и се договорив со докторот што и да е, секогаш да му вртам. Претпоставувам и на други места се е договор.
Чекај после пораѓај да видиш колк ќе мирисаш Јас не можев да се поднесам До хормоните ќе е, ама и сега до носето во бременост е, се ќе ти мириса ептен, барем мене така
Мешиња од која недела планирате да почнете со перење ствари,да ставите постелнина и тие работи? Јас планирам кога ќе бидам 36 та недела,дали е рано или таман е??
Од 34 ми е спремна торба и спремно што треба накнадно да ми носи мм во болница, од 35 почнато со перење до 36 испеглано средено здиплено наредено по бројки и големина. Сега 37 сум и планирам да постелам постелнина и сите ситници да се на место утре задутре. Се надевам нема да фати прашина постелнината да стои уште 5 недели до 42 недела.
И јас се мислам порано да почнам оти во првата бременост отидов на преглед и поради висок притисок ме оставија да ме породат право и затоа сеа ме фаќа паника хаха
Битно да ти е се дома од најпотребното, ќе пушти некој од твоите машина ако испадне нешто толку итно. А она што не е итно се докупува одпосле, лесна и брза работа. Јас на мм му давав лекции што и како да прави ако испадне предвремено, не да ми е 3 дена начукан по кафаниама среќа негова издржавме и средив све сама.
Хаха ти пишале веќе, после пораѓај е врвот. Ќе се потиш ненормално многу и поинаку ќе мириса потта. Јас не користам никогаш дезедоранси, стикчиња и маж ми се чуди секогаш како тоа ништо не користам и на најжешкото не сум мирисала на пот амаа кога се породив... месев-2 беше ужас и тоа туш два пати на ден.
Не брзај со постелнина, тоа може и кога ќе се породиш, кога ќе дојдете дома да ја наместиш. Ја ич не сакам да легнам на постелнина ако е стојана, пример одам на недела дена некаде и се враќам дома, обавезно ја менувам,не пак бебе. Ќе фати прашина сигурно.
Јас сум 25+3 и денес го правев. Инекцијата ке ја примам во 28недела кај матичниот гинеколог па ке рефундирам после.
одма по утврдена бременост од прв преглед уште дома не бевме дојдени ми се јави а со првото не беше така
Ајде заедно ќе одбројуваме И мене само во леле леле и чекање ми помина цела бременост. Исто си мислев, само чекам нешто да помине, ич не уживав.
Да те утешам малку, 25та недела 8кг+ и тоа искрено и не јадам многу,уживај ќе слабееме после пораѓај.(после првата бременост дека со доење мислам, во краток период ослабев 14 кг,бев 7 кг помалку од мојата нормална тежина).