Хаха е кај мене бее друг случај, јас тогаш имав негде 82кг 172 висока, бабицата 160 ако имаше и 40кг, самаа без помош, тука кај нас нема доктори, не виси никој над глава само маж и бабица, во еден момент на сред туркање ја снема, јас напони онааа нигде, како сум се дерела да се врати, мислев маж ми ќе мора да го вади, а он па тапа германски тогаш и ми вели не се секирај сега ќе дојдат со маски сите околи тебе ахааа обавезно му велам , се врати она со уште една таа задолжена само за да држи ножици, крпа и саат. Не знам како успеа бабицава да ме додржи мене, а да не ја нурнам ја неа во вода, свака част хах.
Едно прашање до вас дали некоја чувствува промени во дишење пример јас веќе некое време кога лежам на грб најчесто, при земање имам некој како звук на хрчење во грлото душникот не знам точно а веќе сум 27 недела. Бев на лекар ме слушаше но вели нема ништо на плуќа а јас секој ден речиси така навечер се осеќам
Вие друшки после 36 недела, пиете магнезиум иста доза како претходно? Мене ми беше накачен до 800мг, па и 1200 дозволено ако имам грчеви и болки. Еве 10 недели пијам 2 х 400, ама прочитав дека треба да се прекине после 36 за баш да ги имаме тие грчеви и да ги осеќаме, да не се прикриваат со магнезиумот и матката да си работи најнормално. Матичната на последниот преглед во 35+2 ми рече само утрогестан и б6 да прекинам, а магнезиум не. И сега цела нестрплива за да си ја видам бебушка порано си викам дали да ги прекинам за да убрза и олесни процес Колку е чуден цел овој период на бременост, колку ни е потребна психата да е цврста и низ што се поминуваме. До пред 2-3 недели бев секој ден со месеци во страв и плачење за да седи повеќе бебе во мене, а сега…секој ден се молам да ја видам побрзо
Ајј, ова со икањево секој ден понезгодно станува и се подолго трае, не знам дали е нормално? Едното бебе што е скроз доле кога ќе се заика не знае да престане, а мене во тие моменти ми се мочка на 15 секунди. А со другото наизменично икаат, таман ќе речам се смирија добро е, почнува нова рунда. Од една страна ми е смешно, од друга скроз непријатно.
Поминавме и трет скрининг, сѐ си е уредно и како што треба. Карлично е поставено сеуште. Димчев рече има време да се сврти, ама јас би сакала и некои вежби да правам за да му помогнам. Од кога може да почнам да ги правам знае некој?
Која недела си точно? Јас мислам од кај 33та 34та можеш. Ама од сега можеш да правиш онаа положба на четири, да застануваш како мачка, а стомакот да е слободен да виси. Да вртиш со колковите, кога седиш или лежиш да не си навалена наназад. Секогаш нанапред положба е подобра за да може бебето да има простор да се врти. Засега таа на четири е најбезбедна, за разлика од други шо гледам, да застанеш со нозете на кревет и да се спружиш со цело тело надолу кон тепихот, како лизгалка положба. Тешка ми се гледа мене @gothchick ако сакаш земај по едно магнезиум. Ама пак вистина, веќе си 37ма, има реална потреба од нив? Како се осеќаш, имаш стврднувања, лежиш сѐ уште?
И јас тогаш планирам и да купам и да перам дека чекам да се почувствувам во сигурно.. сеуште страв и неверување ме мава..
Јас земам по едно на вечер од 375мг. Зошто на крајот од денот се ме боли и стврднувања имам, па да можам да подзаспијам, а и не знам некако ги навикнав ме опуштаат. Колку да можам да спијам, ако почнат родилни, сигурно нема магнезиумот да ги прикрие.
@Bella_Stella таа вежба што ти ја пишала Елена и на братучетка ми и ја имаат дадено и тоа од болница како предлог што да прави за да се сврти. Не знам дали е до тоа, ама внукот беше свртен и си се породи природно и прилично брзо. @elenaklasik ќе свртам по интернетов и по темиве тука да видам за магнезиумот. Вчера само едно земав, најверојатно и денес. Почнав уште од крај на 35 недела да се движам по дома, за да еве 37+3 веќе сум доста активна да правам и по 3-4км пешачење, плус активности по дома. Планот ми е да продолжам така, зошто само полесно ќе ми е, а и не можам да издржам веќе легната. Мада вака сум поуморна па и си преспивам на два пати преку ден, дека навечер по 3-4 саати врзувам сон. Од симптоми за големо чудо ми се намалуваат стврднувањата и баш сега помислив иначе скрос занемарив. Сега 2 пати дневно по 4-5 стврднувања имам и толку. А стомакот ми е тврд камен само при стоење. Болка во кичма налик ишијас и имав менструални болки минимални ама поминаа, не се повторија и зголемија. Бебето стандард како почна да е понеактивно така остана, битно доктор ми кажа 10 пати во 24 да се јави и засега е така фала богу, слаби и нежни удари. @Lina-Detelina еве и јас така ќе почнам, колку да покријат нешто од нешто, па наредна недела кога ќе одам на цтг ќе прашам и доктор. Мене во 37 недела на прво цтг ми закажа за 10 дена второ. Ти имаш почесто? Се надевам и мене ќе ми ги зачести, иако се чека многу на ред во Чаир, подобро ми е да знам до каде сум.
Мојте се разлика 16 месеци супер се иначе се снаоѓаме да малце почетокот беше тежок додека се прилагодиме и додека големкава го засака ама па сега не се дели од него вие како сте?
@Звездичка30 немој да ме сфатите погрешно, не сакам да наметнувам мислење, ама мислам дека е подобро малку порано да се почне, од мое искуство деновиве. Не знам како сте со помош од страна, ако имате на кој да кажете што како да среди, ок, таман сте, ама ако сте сами на себе и сопруг, тешко е на крај, средете си барем основни работи, па за другото после. Еве јас две недели не можам никако да завршам, а треба да седам мирна, т.е да лежам, а не да тупкам околу даската за пеглање, ама немам никој дома, сама цел ден, двои, реди машина за перење, па за сушење, па и да се испеглало (ова повеќе од параноја), па дипли, тегни се горе доле во плакар и синоќа веќе не можев, после пеглање три чаршафчиња ме фатија ужасни болки, тежи стомак, од топлото од пеглата уплав ме фаќа. Ама ако имате помош, ич да не се потресувате, седнете и само кажете си што како треба.
@elenaklasik @gothchick фала ви за советите, за почеток ќе ја пробам таа вежба на сите четири. Инаку сум 28+, си викам ваљда имам време, ама сепак да направам тоа што е до мене.. Секако на крај ќе биде така како што ќе си реши бебе.
Па искрено сите работи по дома сама си ги средувам и немам некоја помош баш ама ете да влезам во 36 та па едно по едно ќе почнам да средувам. ❤️
Да да, баш гледав статистики дека 90% од бебињата до 32ра недела се вртат. Живи и здрави да сме да само, како треба да биде така.
29+ го имам истиот, периодично низ цела бременост го имам исцедокот некогаш погуст некогаш поводенест. На форумов читав дека е нормален.