И моево бебе во последно време константно ика, по неколку пати во денот и е баш непријатно цел стомак ми игра тк тк тк . По муабети од другарки нормално било
Три дена неизлезена од дома. Нит дома ми се седи нит надвор ми се оди. Ја мислам положбава на бебево, којзнае како е стуткано. Стрчат од секаде бапки, јас појма немам шо положба е оваа. Пратам каде тупка кога ика, а докторот ми рече тоа не било показател како е завртено. Треба да собирам елка, украси, да се чисти ама ќе почекам. Уште 9 дена до преглед.
Женски, имате исцедок млечен во 35та 36та недела? Како кругче на ѓаки остава. @Lina-Detelina @gothchick
Јас да, уште од пред два месеца имав и мислев дека е од утрогестан, сега не користам а пак имам и воден и белузлав. Последните брисеви од 36 ми беа чисти.
Цела бременост имам. Матичниот се сомневаше на кандида ама брисевите чисти беа. Сега последните ко ми ги земаше пак забележа и пак ми даде вагиналетки, ама брисевите пак чисти беа.
Јас почнав тогаш и со вежби па се откажав. И мене ме тешеа дека може да се сврти за на крај мојот матичен да ми каже реално дека е тешко да се сврти на крај зашто нема место...и излезе во право. Не сакам да те обесхрабрам3 нормално. Дај боже да се сврти ...ама и да не се сврти не е важно. Јас многу се потресував ама сега кога е до мене заборавам на се
Нешто брзо и ефикасно да препорачате за надворешни хемороиди? Само да не се апчиња, се отрув, се што можеше да биде болно и досадно во бременост преживеав. И колку дена пиете пробиотик по завршување со антибиотик? Мислам дека пробиотикот ми ја доправи цела беља.
Некоја специјална или било која? Имам една што си ја користам за после депилација на надусници, да ја пробам ако не.
Лекот е да се породиш. И јас многу се мачев со нив, и факту, и ректовенал и невен користев, ништо не помогна. Кога се породив, мачкав пак факту, за брзо се повлекоа.
Мене модолекс многу ми помогна, после првиот пораѓај мислам дека повеќе од раната ме болеа, со второто во болница си ја земав маста одма почнав да се мачкам и немав проблеми
Сум се запнала како мало дете на Шапка да ја однесеме малава да поужива на снег. Епа и тоа се деси, 6ти месец трудница по снег да чапа на Шапка. Амаа супер си поминавме, не беше чизгаво и се искачив до кафичот, само мислев кога влегов внатре не можев воздух да зеам, се преморив. Аххх в година не ни бега скијање со бебе плус, милинаа беее. Затоа сега, преморени ќе гледам да ја успијам мала сега и јас хоризонтала. Утре е ден за одмор пак лет,се враќаме конечно малце дома. Туку, ми стасало писмо на адреса дека ме примиле овај пат за пораѓај во болницата кај што си имав желба и со првово дете, ма како мала се израдував.
Не знам дали смееш.. мора да прашаш ама планински мелем за хемороиди, за ден два немаш ништо, маж ми мислам вриштеше од болка, од аптека ништо не помогна само овој мелем.
Јас ставав од таа од Фармаси и после две ставања одма осетив олеснување претходно сва и свашта пробував и не ми помогна. Знам дека е добра онаа од ДМ во голема кутија мислам беше со портокалово капаче, ќе пробам да најдам слика ќе ти пратам. Оваа
Фала ви на сите паталци Ќе пробам со ова масти, креми, првпат во живот ми се јавуваат и не сум помислила дека толку боли и пече. Ајде уште малку остана, ваљда ќе се истрпи
Вие со киселини, имате пробано лути мастики да џвакате? Мене мноогу ми помагаат, сега случајно открив. Пробајте, може единствена сум ама ништо не губите
Здраво Јас сум 6 недели бремена и ги пијам pregnacare витаминските таблети секој ден по една во нив има 400 фолна вика дека е доволно на ден толку Сега дали треба во овој период повеќе или плус некој додаток со нив, нешто незнам. Што пиете вие во почетокот на бременоста ?