Мислам дека е гипсот што го користат забните техничари за моделирање. Ако имаме некој забен техничар нека ни каже кој е.
Чепот мора да е со крв/кафено помешан? Ми истече густо нешто ама жолта боја. До сега имав исцедок ама прозирен или бел, не вака жолт.
Нема сега ништо. Баш беше густо и се осети како паѓа протекува од мене и истрчав во вц. Ќе следам како ќе е денес утре, би требало да е така со крв, конци или кафено гледам кај сите така. Може желбата е преголема па очекувам нешто, ама другиот исцедок до денес не ми бил таков, затоа се замислив.
@Lina-Detelina кај осеќаш најмногу движење од бебето, кај ти се прават топчиња? Значи мене на сите страни, накај јајници, на средина, а поретко над папок. Се чудам како е застанато. Ццц @gothchick и за тебе ме интересира исто
Не мора да значи дека треба да има крв или да биде кафеав, може да биде и прозирен или жолт, ама битно е растеглив, слузав. Изгуглај ќе споредиш со слики што ги има на интернет. И јас чекам некоја промена, ама нема. До некни стегавме нозе да не излезе порано, сега едвај ги чекаме. Инаку како се осејќаш, што чувствуваш?
Во 29 недела кога ме примија имав така густо како шлајм жолто зеленкаво ми било од што сум се отворила, сега во 31 беше сукрвица истото ми го кажаа.
Кај мене најчесто е околу папокот, па и над папок. Сега е погоре, додека му се плашев да не излезе порано подолу ме плашеше.
Кај мене беше жолт. Првиот дел мала количина и не обрнав внимание очекував со крв да не речам. Вториот ден, баш како да се откачи нешто е тогаш се посомневав на чепот. Следниот ден на преглед кај гинеколог, баш преглед со рака уште едно такво парче излезе и тоа беше тоа.
@elenaklasik мене со главчето и рацете ми е долу, баш баш долу. Со грбчето и газот на лева страна и нозете и стапалата на десна страна од папок и стигаат до горе до ребра. Кога се стврднува ја осеќам на лева страна во линија со папокот, значи газот или грбот, а матичната ми рече некогаш и се тегнела па така се испакнува. Кога мрда или се стапалата само (најчесто во десно ребро омилено и е) или кај главчето доле нешто буричка со рацете или баш вагинално туркање со главата. @Lina-Detelina абе да се чудиш, баш пишав пред некој ден до вчера плачки да седи внатре, сега едвај ја чекам. Почнав да пешачам повеќе нели и осеќам како грч во јајници и болка во кичма, ама се е од движењето мислам. Почнав и да отекувам а мислев ќе се спасам од тоа. И да не ја урочам два дена ми е активна како по старо. И многу сум емотивна и нервозна како на трња да седам. Еве и моментално имам како грч во лев јајник, а пред некој ден имав баш менструална болка ама слаба. Се припрема телото најверојатно, уште е рано 37+4, а ми викаа да издржам бар до 32 Инаку фала ви мешиња, ќе видиме нареден период за сигурно што е, јас одма после вц фатив тука да пишам ни гугл ни ништо, се возбудив ко да почнал процесот
Фала на поддршката девојки. Се надевам ќе се реши да се сврти. Живи и здрави да сме само сите, тоа е најважно.
Јас пак воопшто не приметив дека нешто ми паѓа, туку бев исто во Вц пред да си легнам и при бришење приметив. Чучњеви прави многу и качувај скали.
Дааа, сосема нормално. И јас насабајле се паничам лелее греота, да не им е тесно, не ги собира во ова меше, посебно сега во трето тромесечие кога наместо да се поправам јас слабеам. Ама затоа по еден оброк и неколку чаши вода одма ми е тешко да го носам Така и маж ми го извадив од памет, ме гледа само навечер и секогаш со големо меше, еден ден беше од сабајле дома и таков во паника лелеее кај ти е стомакот?
А како го осеќате икањето? Пошо осеќам како некое вибрирање, не ми личи на икање.. што ли прави? Петок имам тек контрола и едвај чекам да видам дали уште си е со главчето долу.
Ќе го препознаеш, многу е безвезе, почнува стомакот да пулсира на едно место (кај што е главчето, ако знаеш како е поставено) и тоа на идентични интервали, тк, тк, тк, тк и трае, барем кај мене многу долго икаат. Мене ми е смешно, ама кога трае подолго знам и да се испаничам, иако сум сигурна дека нема потреба.
Браво како издржа толку време! Ќе фатиш и 38ма веројатно. Јас осеќам исто туркање надолу, па и во препониве како да ми чепка со нешто. Што ли да е?! На последен преглед главчето е долу, ама и самиот доктор рече како е извртено навистина Некоја позиција имало П2, па каква да е таа позииција... Не осеќам толку силно мавање нагоре над папок. Повеќе како две бапки ми се испакнуваат по двеве страни. Можда слично е како кај тебе, од една страна со газе а од друга ноџиња, коленца. И исто точно кај папоков ми се испакнува нешто вартикално како подолго, дали е раче, ноџе. Баш ме интересира. Вакво туркање од кога осеќаш, шо рече со главче и рачиња? Ми е страв да не ми излезе деновиве