1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Ќе фатам и 40+, сите ми викаат па дури и докторов од Чаир..
    Ако е надолу со рачињата мрда те чепка. Кај мојата на секое ехо и се горе кај главчето рачињата, само се крие или ги тегне.
    Туркањето го осеќам од кога почнав да се движам, значи некои две недели, може и порано ќе почнев ама се во лежење бев и не дозволуваше тоа да се спушта надоле. А не ми е како притисок од тежина или од што е спуштена (тоа башка), туку баш кога ќе се размрда и бутка надоле а некогаш и кај цервиксот ме пецка во тие движења посебно ако сум седната и само подрипнувам, смешки сум за гледање:D
     
  2. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.595
    П2 значи дека е со главчето надолу, но наместо да е свртено со лицето кон грбот, свртено е кон стомакот.
    Може и при самиот пороѓај од контракциите да се сврти како што треба.
     
  3. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    Можеби смешно е прашањево, ама имате повеќе искуство од мене сигурно :)

    Дали на стомакот од страните видно ви се поизразени вените?
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Читав лоша положба за раѓање природно. Повеќе болело, подолг бил процесот.
    Не знам кога да почнам со вежби за вртење. Многу ми е страв, неизвесно, како ќе биде, дали ќе се заврти.
    Може ли така бебе да излезе низ канал? Да не има скраја последици?
     
  5. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.595
    На предавањето бабицата кажа дека може и во таа положба да се роди бебето, само да, е поболно и барем тука во такви случаи практикувале вакум или интервенција од бабицата преку притисок на стомакот полесно да излезе. Кажа статистика дека од 100 бебиња во таа положба, 95 се вртат во посакуваната положба од самите контракции, за останатите 5 по проценка или се оди на итен царски или се продолжува природно.
     
    На elenaklasik, Bubish26 и gothchick им се допаѓа ова.
  6. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Ej и мене ми е така:worried:, немам ништо инфо за ова, ме уплаши сега значи да не му ја брзам за пораѓање да се радувам. Јас знам за вежби ако е нагоре со главчето а не дека се гледа и каде е свртена со лицето..
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.448
    Допаѓања:
    26.894
    Пол:
    Женски
    Значи винрациите не се тоа, сигурно пафта со рацете за да ме гулицка :rofl:
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Како мрежа ми се од двете страни
     
    На Cence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.448
    Допаѓања:
    26.894
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik
    Да не ве плаши таа положба, веќе ви објаснала членката, доколку не се сврти при почетокот на пораѓаот (тоа е најчест случај) акушерот/бабицата го вртат, тој процес може да е нелагоден додека го вртат тие ама техниката ја знаат и нема да има проблем, вакум е исто една од опциите, но повеќе практикуваат вртење. Сепак, надевајте се дека самите контакции ќе го мрднат бебе да се намести во правилна положба.
     
    На gothchick, Lavender13 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Ле ле.
    А кажа зошто вака се местат?
    Плацентата ми е на преден ѕид, има тоа врска?
    И дали кажа некакви вежби за лично јас да го помогнам вртењето?
    Читав на нет една финта. На грбот да држиш пакетче мраз, а на стомакот напред нешто топло. Бебињата сакале топло и со грбот де вртеле накај топлото.
    Да верувам во природата, кога ќе почнат контракции, самата природа ќе го намести како треба, за да излезе правилно.
    Вакуум не би прифатила, а притискање на стомакот имав и со првото, така што не ми претставува нешто страшно. Ама вакуумот ми е страв.
    @gothchick значи и тебе истото. Ете затоа мене кога ми се стврднува, ми се прават две топки по страните на папокот.
    Со првото, кога ќе станев сабајле, а бе целото си беше скупчено, долж стомаков, правилно наместено. Со ова сега целата топки сум.
    Мајчице, само да биде сѐ во ред.
    Првото породување ми беше природно, би сакала и сега така, ама здравје ете :angel:
     
    На Филотеа и gothchick им се допаѓа ова.
  11. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    Даа и мене исто. Мислам дека последниве две недели како нагло да ми се зголеми стомакот и повеќе се оцртува, помислив дека е од тоа ама викам ај да видам дали сум сама или имам друштво :D
     
    На Pipismel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Ама тоа што го вртат акушерот, да не важи само за странските земји, кадешто до крај се потпираат на природно породување.
    А овде кај нас нашиве прават такво нешто ? Ете да речеме во Плодност.
    За државно сигурна сум дека не би се замарале со такви работи, ги мрзи а и за парички да земат одма царски работата ќе ја решат.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.448
    Допаѓања:
    26.894
    Пол:
    Женски
    Ее тоа не знам.. тука форсираат под секоја цена природно и тоа 2 дена оставаат жена да се мачи, царски иде во обзир само ако е карлично или во опасност да е бебето ако губи пулс, шо и тоа е ептен сурово. За Мк сум слушнала дека посебно приватните брзо се сложуваат за царски иако нема некоја причина, само може после неколку саати као не бива природно, ајде царски.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    1.850
    Пол:
    Женски
    Devojki, sto se pravese koga kje te fatat grcevi vo nozete t.e dole na muskulot?
    Nokjeska ne fatija, nemozev prsti da ispravam.
    Vi se slucuva li cesto?
     
  15. Lavender13

    Lavender13 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.595
    Абе кажа таа дека најмногу е позицијата на седење, као ако седиш во седечка позиција со рамењата позади карлицата, значи грбот ти е накосен, тоа најмногу афектирало. Јас искрено вака седам цело време.
    Као треба карлицата да ти е отворена, а линијата на рамениците да ти е понапред од линијата на карлицата.
    Има на јутуб how to turn posterior baby.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    5.795
    Пол:
    Женски
    Кај мене беше така, се породив природно без никакви последици. Во текот на пораѓајот, го свртеа бебето.
    Пробував да го свртам претходно со вежби, но безуспешно.
     
    На elenaklasik и gothchick им се допаѓа ова.
  17. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
  18. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Леле вистина?
    Значи самото не се заврти, ама тие ти го свртеа?
    Е па те молам пиши како изгледаше вртењето, дали е болно, колку трае и каде се породи,.која болница плииз пиши
    Има разлика во болката и времетраењето кога е свртено напред или назад со лицето?
     
  19. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    @elenaklasik и мене ми е напред постелката.
    Јас па на државно сум и сега ме фати малце паника(facepalm). Сега отворив на гугл, од утре може да правам вежби како што пишала @Lavender13 гуглав и така ми е бебушка поставена, ми излегоа некои вежби и позиции.
    Нема раат:sweat:
     
    На Lavender13 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  20. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    5.795
    Пол:
    Женски
    Се породив во Ремедика. Како за прворотка не траеше долго пораѓајот. Околу 12:30-1 ме примија во болница, во 5 се породив
    На бокс бев околу 40тина минути. Бев со епидурална, но кога ме качија на бокс ми ја намалија/исклучија.
    Вртењето не ми беше нешто посебно болно, не знам ни што точно правеа. :D Битно бебето се сврте, ем од контракциите, ем од нивна помош.
    Докторката ми беше многу опуштена. Првиот пат кога видовме како е свртено, не ми изреагира како нешто да е загрижувачко. Кај мене дури во 37н се сврте во оваа положба, претходно си беше правилно.
     
    На АнаМаријаД, AniSk, elenaklasik и 2 други им се допаѓа ова.