Јас здравје во плодност ќе сум. Ќе молам за да помогнат и тие ако треба. И тебе постелката ти беше на преден ѕид? И кога почна со вежби, која недела? Јас во среда ќе бидам 36та полна. Да полна од сега? Гледав положба на четири помагала и ползење по подот исто така. Грбот да не е навален наназад и спиење на страна со една нога подадена над перница. Нешто друго од вежби вака да не знаеш? Фала ти многу
Постелката беше на заден ѕид. Вежбите ги правев кога дознав како е наместено бебето, значи 37+ сум била. Се породив 39+3. Ја правев вежбата на сите четири, некогаш неколку пати во денот, некогаш ич.
Сигурно, тие вибрации ми звучат како она кога ќе се затресат во стомак, баш почнаа отприлика во таа недела која си ти. Се сеќавам дека цело време прашував имаше земјотрес? А уствари они само ме тресеа, а и сега ги осеќам како се стресуваат и не знам што им значи тоа ете што викаш може се закачаат. А икањето сигурно ќе го разликуваш, кај мене почна покасно, може така ќе биде и кај тебе.
Нема раат друшка. Дај вежби да правиме, почнувај ти од сега. На државно си на Гак? Ај таму би требало да ти ја почитуваат желбата, да помогнат. Со Господ напред да нѝ е!
Во Чаир се префрлив во последен момент пред да одам на цтг, демек заради врски ама мислам дека непотребни се, докторот е префин и со сите исто се однесува. Во државна не се гледаат желби, ама се надевам дека ќе биде се во ред, јас уште утре ќе правам вежби бар еднаш во два три дена. Ти имаш уште недела две може ќе се смени, може и мојава да смени. Само ми е чудно зошто никој не ми спомна за положбата, матичната во 36 ме виде зар не е фер да ми објасни како стојат работите или си викаат има време ќе се смени. А не зимаат во предвид дека бев ризик за предвремено. Инаку, на страна од темава за положба, за цервиксот и кратењето немам уште пишано зошто малку сум исфрустрирана, зошто искрено претешко ми паднаа два месеца лежење и стравот што ми направи на психата. Димчев од Систина не го смета за ризик 30мм во 27 недела и нема рестрикции во движење, Дракулевски исто од Систина не го смета за опасно ама со препорака да одмарам при секоја можност. Докторка од Гак во 30 недела исто рече супер е, во 34 недела доктор од Гак ми рече не морам утрогестан повеќе да користам. И сега докторов од Чаир откако му ја кажав ситуацијата ми рече не било воопшто сериозно и страшно и направи некоја фаца и ми рече епа вие што сте на лежење терате плус 40 недела.. Дали матичната сакаше да е посигурна и заради тоа добив поддршка до 36 недела и строги рестрикции за лежење до 36+ (искрено не ја послушав почнав да се движам од 35 недела). Не се каам за лежењето би лежела пак ако треба, ама психата ми беше уништена од тој страв да не се роди порано. Си викам може да не ја слушав може ќе се породев порано ама што ако беше се тоа преувеличено од претпазливост.
Ќе цитирам само на овој пасос, бидејќи иста мака си имам.. Имам пишано и во другата тема за можно предвремено породување.. Грлото како што читав од 27ма до 34та ти останало со истата димензија од 30мм, јас разбирам дека тоа значи со самото мирување и терапија стагнирало. Доколку не си ја послушала матичната мислиш дека би се кратело сеуште? Не го разбрав делот за реакцијата на докторот од Чаир.. Си требала или не си требала да лежиш?! Инаку и мене поише на психа ме мавна, првите неколку дена ми беше многу тешко. Сега лежењево го прифатив и тоа е тоа. А инаку доста ситуации слушнав каде вака со лежење некои терале и 40+. Во прво време се плашиш да не излезе порано, па после абер нема.. Ама од многу фактори зависи и тоа.
И мене кога ме гледаше докторот (тој не е матичен, приватно работи), кажа дека е долу со главче. Ок, јас издишав и ме утеши "не се секирај, ќе биде сѐ таман" значи ич не спомна ваква и ваква е положбата да знаеш дека може ќе треба вртење...блабла... Не. Јас како шо сум цепидлак, ај викам да прашам грпчето каде е. И ми вели положба п2 ако ти значи нешто. Велам не. Може природно со таква положба? Вели да, може. Матичната на 30 мм цервикс во 30та недела те советуваше да лежиш? Па и мене ми беше толку, никој ништо не ми рече. Којзнае...
Верувај подобро е да си претпазлив него нешто да се случи. Ова од искуство Сега движи се, вежбај, се прави, последни недели ти се. Лежењето на психа да, делува неубаво, ама за некој ден/недела ко ќе држиш бебче во раце се ќе заборавиш.
Не ми се верува дека уште толку утепана може да се чувствувам од кошмар од сабајле што го сонував. И дека трудничкиов мозок може така безвезе да функционира. Вчера пак се преморив со припреми и ме фати некоја чудна болка долу скроз лево. Со саати се убедував дека само ќе лежам уште 10 дена, ако помине, не поминуваше цела ноќ и сабајле кога сум успеала конечно да заспијам сонував дека бебе излегло низ кожа со рачињата од таа страна. Толку му беа тенки и силни, ми ги дофаќаше моите раце, ме стискаше, па сме отрчале на болница, па таму нејќеле да ме породат други доктори додека не дошла мојата. Па сум се разбудила со вриштење и цел ден ми е се така бош некако и лошо и грдото чувство уште ми трае, страв ми е да си легнам пак
Сонувам и јас кога повеќе кога помалку. Ти работи и стравот и психата и потсвеста. Сонот е само еден начин да се исфилтрира психата од мислите. Исто се имам осеќано грдо по цел ден а и наредни дена. Си велам што ми требаше ова да го сонувам и сега да го памтам. Најчесто сонувам тоа што сум го мислела во денот, вечерта имам одма верзија друга. А и познато е дека трудниците сонуваат повеќе ради хормоните. Што правите кога не спиете навечер? Јас се префрлив во дневна, ставив утрогестан за помирна психа колку толку, пуштив тв на Да Винчи и форумов го листам. Ваљда не спиете сите, а?
Девојки ме фаќа паника незнам дали е само во мојата глава или има некој искуство денес бев во јавен тоалет т.е во мек доналдс секако носев дезинфекциско си издезинфицирав и стигнав дома касно уморна не се истуширав ниту се одмив можно ли е да постоело некоја бактерија па да имам проблем незнам паника во фул ве молам совет
Тоа самата си се чудам, што психа ќе беше оваа и нели можев само да го заборавам сонот кога се разбудив? Ама очигледно хормони и стрес работат на најјако, особено кога одбројуваш денови и само на тоа мислиш. За неспиењето, и јас си лежам во дневна, на книги како се ближи крај веќе не можам да се сконцентрирам, баталив, ги исчитав темите по форуми што ме засегаат, гледам од ова медицинскиве серии која ќе се погоди таа без ред. И паничам нормално.
Ја со денови имам несоници до 3-4 сабајле некогаш и покасно. Незнам како да си помогнам,само ми брчи мозоков 300 на саат и дремам ко идиот.
@Cence се трудам да не мислам што би било кога би било ама ми дојдоа такви мисли откако нема кој освен матичната не ми рече дека не било баш до толку опасно како што ми долови матичната. Докторот од Чаир се сложи дека не било страшно и ми го кажа истото што си го пишала дека ние што сме поминале период со лежење сме го поминувале на крај и терминот. Не се каам, не ми е криво за бебево све ќе направам ама да слушам дека не било така опасно упорно некако не ми станува сеедно зошто многу истрпев психички. Може матичнава знае и има лошо искуство со тие што не биле претпазливи па затоа, не дека не и верувам и ја окривувам за нешто. Сепак ја изгуравме бременоста заедно до 36 недела со хематоми, упорни инфекции што не се тргаа, болки, исцедоци, на крај цервиксот. И да, тие денови ми беше тешко ама уште сега почнаа да се тргаат од глава тие лоши моменти, а верувам кога ќе дојде бебушка скрос ќе исчезнат. @Tess36 често имам многу реалистични сонови, мислиш стварно се дешаваат. И со бременост поврзани и вака општ живот. Опушти се, мене често ми зависат од тоа денот каков ми бил и поврзани се со некои мисли ако сум ги имала. @elenaklasik мене ритамот скрос ми се смени. Спијам по 2-3 часа навечер и најчесто сум на телефон. Па преку ден преспивам уште еднаш некогаш и два пати. Последниве недели имам страшни несоници, претходно раат си бев. И коментари од сите што ќе слушнат…абе спиј сега после нема да можеш. Ни сега не можам
@gothchick се согласувам со мислењето на @Thinkerbell. Истото и јас ќе го пишев, дека подобро со време да се реагира. Ете мене сеуште не ми е јасно како во 25та ми беа мерките супер, а после во 29та да дојдам до 19,7мм. Еве незнам.. Од нервоза што ме пукна мислам да си го земам упатот од кај матичната со сета документација и да си видам детално како течел секој преглед. Зошто кога некој ќе ти каже дека се е во ред, не препрашуваш. Ама кога ќе те здрват со некое неубаво инфо, баш и не е пријатно. Сосема те разбирам како ти е, човек на сè се навикнува. Битно исходот да е се во ред. Тоа е најбитно. @Tess36 Инаку со спиењето и јас некако од мисли не можам да заспијам. Касно легнувам, а рано станувам. Дали дека лежам цел ден и не сум уморна бидејќи не трошам енергија незнам.. А сонови оддамна не сум сонила, баш пред некој ден прокоментиравме со мм дека оддамна немам ништо сонето. @elenaklasik и јас божем книги ќе читав.. ама се префрлив и јас во дневна и нетфликс по цел ден, мислам дека го прегорев. Гледам на нет барам работи за бебе, форумов добро ми дојде за поддршка и гурам некако со окупирани мисли на друга страна
@Tiny Love вртат над стомакот така? Или и внатре буричкаат? Извини шо те потеков. @gothchick @Lina-Detelina и другите шо сте крајни недели, имате менструални болки, колку чести и непријатни? Вчера ноќта ми се случи меѓу јајници да имам. Дали од утрогестанот е, од гасови, дали од спиење на една страна повеќе... А всушност ве има трудници метеопати? Ме вијат колкови, нозе, една рака или двете раце, рамењата, половината ми е здрвена од лежење... До преглед да издржам сакам. Уште 7 дена
Еве ме неможев петок сабота буквално да одам од болки во колено , ни да седам ни да спијам ... многу ми влијае промената на време ....