Дали некоја од вас носи компросивни хулахопки? Ми ги препиша Јани и како што изгуглав многу скапи се а не ме следи потврда. Па споделете искуство
Зошто се оптеретуваш толку и мене ми се случило да седнам на тоалетот на работа па ни на крај памет не ми текнало дека нешто ќе се деси. Не си ставај на мисла, вц школките не пренесуваат така лесно бактерија како што мислиме пошто многу од бактериите не живеат толку долго без хост во надворешна средина. Стварно за многу работи се преоптерувате жени, уживајте малце во бременоста, опуштете се, знам дека се изгледа како опасност ама 90% од работите не се сериозни како што мислиме.
Јас носам, ги земав скоро 4.000 од Медикус хелп во Скопје. Во второ тромесечие ми попуштија две вени што ќе морам да ги средам здравје наредна година. Бев и на доплер и на трансфузиолог и сите се согласни дека треба да носам хулахопки за да се превенира полошо попуштање или не дај боже тромбоза да се јави. Плус примам и клексан што исто помага да не ми се направат тромбови. Инаку не ги обожавам баш пошто сум с'клетџика, некогаш и не успевам цел ден да ги носам ако ме фати нервоза. И многу се тешки за облекување, не знам како ќе го изведувам тоа кога ќе ми порасне ептен стомакот Се облекуваат сабајле, се соблекуваат пред спиење. Рачно се перат со течен детергент и се сушат природно не во сушара. Во аптека ми рекоа дека 6 месеци траел компресивниот ефект како што е фабрички пропишан, после тоа пополека опаѓа. Ако решиш да земеш треба да одиш лично таму за да ти измерат обем и да ти дадат соодветен број.
Ти благодаран наа одговорот . Мене ми ги прекина клексаните па само на аспирин и флебодија сум. А имам неколку попуштени вени и то две уште пред бременост , наследно ми е мене
Направи уринокултура ако ти е толку на мисла. Која недела си? Одмиј се со камилица да те смири бар на психа.
Вежби после 32 недела можеш да правиш, пред тоа не се препорачува зашто најголемиот процент бебиња природно се свртуваат токму во тие недели (од 28 до 32). Кај мене во 23 недела беше трансверзално поставен, од 26 до 32 беше карлично, на контрола во 34 недела веќе се имаше свртено со главчето надоле и така си остана до крај (38+3). Вежби (по YouTube туториали) имав обиди да правам после прегледот во 32 кога се виде дека сеуште е во карлична позиција, велам обиди зашто многу ми беше напорно да издржам да ги правам повеќе од 4-5 минути. Дали тие неколку обиди помогнаа или си се сврти спонтано, не знам. Во секој случај беше во тој период помеѓу еден и друг преглед.
Имам еден чуден сон и никако неможам да најдам што значи. Сонувам дека правиме откривање на полот со балони, но кога се отвара кутијата искача балон со боја розе која станува лила, и потоа искача уште еден балон кој од розе менува плава. Нешто немам баш запамтено кај боиве, ама така некако беше.
Направо си микробиологија или уринокултура ако толку си во мисла. Јас никогаш не сум седела во јавни тоалети. Било што поминало, друг пат, особено во овој период не седи на даска која што ја седеле куп луѓе пред тебе, колку сака нека изгледа чиста. Или барем ставај хартија во слоеви.
Имам менструални, посебно на сабајле и со викам ах денеска готово ќе излага, ама во текот на денот се смируваат. На вечер стврднувања многу ме тепаат. Цела ноќ имам дури паника ме фати колку беа чести. Баш тоа сакав да прашам, треба кога се така чести да се јавам на Др, или да бројам интервали само на вистински болки? И мислам дека сум метеопат. Осејќам промени на вакво време и во коски и стврднувања имам повеќе.
Денес бев на преглед, цтг покажува веќе контракции, но не сум отворена, бебе си е убаво наместено. Има ли некои вежби за полесно отварање?
Мене ми рекоа тогаш да имаме односи. Јас немав па ме чекаа чекаа и чекаа и на крај провокации ми дадоа.
И јас сум од утре 38 недела имам менструални болки но докторот кажа нормални се. Иначе сум метереопат ама буквално со секојдневни вртоглавици бидејќи имам вратна спондилоза, така да и болки во врат и се, секоја промена сум рингишпил за жал нема лек.
Сте излечиле ли уринарна со течности и природно? Ми искочи на уринокултура ентерокока, антибиограмот само со 6 антибиотици од кои јас на пола алергична(пеницилини) останатите се забранети во бременост. Лута сум си а не знам зошто и нервозна и се. Сега ќе повторам уринокултура во биотек со надеж дека ќе има опфатено повеќе антибиотици ма антибиограмот.
Имам менструални ама ретки, мнооогу послаби него кога сум требала са добијам. Ги препишувам на тоа дека се спрема телото, а и дека веќе не ставам утрогестан, не пијам магнезиум и почнав да сум доста активна. Знам дека на породилните се зголемува интензитетот, на интервали се и сите викаат ќе ги препознаеш. А ова ако ме фати е константна болка од 2-3 па и до 10 мин и ќе исчезне, после во денот уште еднаш може така и толку. Мене времето само на расположение ми влијае, болки среќа не. Него имам фемибион 2 уште за утре, а фемибион 1 останато од прво тромесечие. Не ми се купува двојката може ќе е за кратко време, а скапи ми се па си викам да си ги испијам единицата или па ич ништо да не пијам? Витамини се, не би требало да направам беља ако ги пијам кецот Знам некои ги прекинавте скрос, ама не сум толку разноврсна со храна, посебно не со здрава храна па на мисла сум. И за односи, нели се препорачува со свршување внатре, мене ми е страв од инфекции бе, направив брисеви чисти се и да не закачам баш сега, а мм се нема проверено. Он пиеше антибиотици со мене кога имав во 12 недела ама превентивно, не се испита. А желба имам голема( пишував за соновите и оргазмите) 9 месеци без интима, мада мм некако и не сака, не му била убава замислата дека бебе внатре И уште нешто, се жалев дека ја нема бебушка не ми е активна, ама од кога почнав се повеќе и повеќе да сум активна и она е во мешето. Можно ли е да поврзано дур лежев и она да се улегала внатре
Napomeni deka si alergicna na penicilin da ginisklucat niv i da opfatat drugi antibiotici sto se dozvoleni za bremeni zeni.
Да да, така и планирам. Ќе чекам до следен преглед, таман во 32ра недела ми е. Ако не се сврти ќе пробам со вежби. Во минатата бременост беше трансверзално до касно и не ни знам кога се свртело со главче доле, а се пораѓав природно во 33та недела.
А бе демек менструалните се нормални, ама ај страв ми прават. Ваква не бев за првото бебе. Сега само штрекање сум, ексик не се изнауживав. Ама вторава бременост потешка ми е малце. Само се молам до прегледот да издржиме, да ме прегледа мојот доктор па тогаш да знам што да правам. Требаше минатиот преглед да ме прегледа со прсти, ама јас нејќев а и тој не го кажа како потреба и така. Земам магнезиум и б6 уште, ќе ставам и утрогестан уште. Само ми е страв, дан го пукнам воденикот скраја. И стврднувањата мене навечер ко почести ми се. Не мора за нив на болница, ако се кратки поминуваат. Ама секако ти цтг ќе прајш во неделата, ќе се следи ситуација. Имаш болки долу меѓу јајници, во половина така? Мене сега и времето ме буни што врне, се тешам дека од него ме врти во коски, во колкови. Нема чаре, само мг и одмор. Ти со притисокот како си?