Јас витамините не ги земам веќе 2, 3 недели. Не можев, ми се повраќаше од нив. Мислам дека не ти се исплати да купуваш за малку. Односи и јас сакам ама истото ме кочи, страв од инфекција, а и мојов ко твојот не е баш ЗА.
Denes bev na kontrola 35+4 i bebeto e so glavata nagore i zakazavme za carski rez. Malku se ispaniciv koga doktorkata kaza deka papocnata vrvca mu e zavitkana okolu vratot. Normalno tuka ne kazuvaat takvi raboti no kaj mene morase, bidejki imase opcija da go zavrtat bebeto vo stomakot, no bidejki papocnata vrvca e okolu vrat ne smeat. Ja prasav kolku pati e zavitkana kaza ednas i kaza deka nema potreba od panika poveke od 25% od bebinjata se taka. Milo ke mi bide ako spodelite iskustva.
А и ова тегнење боли мешлиња, ауу, ќе ми пробуши низ матка. Не е баш најпријатно чувството. Последниве недели повеќе растат, се тегнат и најверојатно ради тоа е таквото тегнење и болка. Да замислиме дека секоја недела ставаат по 200 грама плус од прилика и се издолжуваат по цел сантим. Па оттука и ваквите менструални болки и стврднувања.
Немаш потреба да купуваш нови, допиј ги тие што ги имаш. Едино ако сакаш по породување, за доењето да ги земаш, дека и тогаш телото ќе бара калории, витамини и минерали. Ама ќе јадеш повеќе протеини, умерено шеќери здрави, течности и телото ќе произведува млеко. За односи јас еднаш имам кажано. Не сум за, од таа причина со инфекции. Како да знаеме дали маживе се баш чисти во моментов? Или па со кондом да пробате. Мене пак ич не ми е удобно со бебе внатре. Значи јас и ти сме исто по недели. Кај мене во првата бременост беше со замотана врвца, се роди природно со малку помош од докторката. Можеби и самото ќе се намести, ако пробаш со малку вежби. Ај и тебе да те прашам. Менструални имаш?
Па буквално болки како менструални имам и де трпат, во половина само доколку се движам повеќе, а имам некој болки како бодежи доле од страните ама ништо од овие не е породилни болки
@elenaklasik Не можеш да пукнеш водењак со ставање утрогестан Физички не е возможно. @gothchick Кога веќе си ги направила брисевите седи мадро за односи дека планираш природно сепак. Бар јас би играла така, ако не си направил маж ти уретрален брис или спермокултура скоро.
Во четврток. Има ли некоја трудница со втора бременост,на која во првата и бил скратен цервикс? Ме интересираат искуства дали ви се повторило во втората. Јас денес бев на преглед 16+1 сум, го мереше цервиксот докторката рече одлично е се,а самата видов мерка 4.34см. Но сепак не можам мирно да спијам,во првата бременост во 20та недела ми открија 24мм цервикс и си одлежав 10 недели. Тогаш не ја откривме причината од што се скратил, сега сум цело време на штрек да не се случи повторно. Ми рече докторката мораш да пиеш магнезиум навечер (не знам зошто) а јас уште имам гадење и повраќање едвај понекогаш и витамините ги пијам,уште допивам фемибион 1 Болки ретко имам ,како слаби пецкања во јајници или долен дел на стомак. Инаку бебе одлично напредува,со мерките е два три дена понапред,но рече не е воопшто загрижувачко тоа. Уште едно куре за тегнење ќе имаме, второ момче Во која недела правевте втор скрининг?
Мислам нема правила за кратење. Може и да се скрати пак може и да си остане така. Следете само и практикувај да не се наведнуваш многу, да не креваш тешко (ако е возможно нели зошто имаш и тодлерче сега). Најчесто нема причина. Медицински викаат кај третирана матка, цервикс се крати, ама не мора да значи. Магнезиум пиј си јас и 2 пати на ден пијам, ја опушта матката и мускулите тој. Исто ферона капсули влагаат во терапија за цервикс и прогестерон. Сега за сега немаш потреба од се тоа претпоставувам. Чувај се, се надевам до крај ќе си остане грлото затворено, ама следете го.
Мене матичнава ми напишала во 20+2 да закажам. Во претходната бременост исто во 22ра бев,па се мислам сега да не е рано во 20та. Ја знам терпијата,поминав низ тоа. Не дај боже да дојде пак истото,ќе си прашам на време за серклаж,минатиот пат се размислуваа,па ај као доцна е. Не го кревам баткото,знае дека не смеам,ретко некогаш за во седиште или за на шоља. Исто така избегнувам и физичка работа со кревање или со тешко. Немам интервенција во смисла на конизација и сл(знам од тоа се крати) имав само една биопсија пред 10год бидејќи имав високоризични хпв. Но рекоа тоа дека не е причината. Денес прв пат ми го измери,секако ќе си барам и на секој следен преглед. Да се надеваме на позитивно,што да кажам друго.
Јас во 16та имав добра должина ама сепак во 18 ставив превентивен серклаж заради претходна историја. Веќе во 28 почна да попушта грлото и уште си имам фанелинг и сега во 30та ама под терапија сум и си лежам. Плус серклажот држи а фанелингот е до конецот веќе. Инсистирај на чести мерења и имаш фора да размислиш за серклаж до 22,3. Ако видиш дека се крати мој совет е да ставиш за мирна психа.
Моето беше така свртено. И до крај не се сврте како што треба. Продолжија природно но детето ми е родено со асфиксија. Сега да ми е овој памет и низ се што поминав би барала добар доктор што ќе ме породи. А не кој ќе ми се падне. Инаку не боли повеќе. Брзо беше породувањето но имаше последици.
Што е тоа асфиксија? Има сега последици по детето во психофизичка смисла? А кај се породуваше и не бираше доктор туку кој беше на смена? Не пробаа да го завртат?
Што знам што да кажам. Докторкава што ме следи прави скрининзи во Ремедика, ми рече подобро е подоцна бидејќи кога е поголемо бебето, поубаво се гледа сè. Ми велеше дека дури и 23 може, но не можев да издржам повеќе од 4 недели од еден до друг преглед. Во 22+ бев и во првата бременост.
@Sofi.ja и мене исто како @0ли докторката на клиника ме советуваше покасно да е вториот скрининг за бебето да има поголема маса за да може подобро да се видат сите органи.
Имаше последици.Асфиксија е задушување.Остана без кислород за време на породувањето. Имавме проблеми со моториката. Бевме на невролог. Имаме вежби за стимулација. Јас да сум сега не би ризикувала. Би одела на царски. Сепак ова е мое искуство. Не значи дека кај сите ќе е така.