Добра е бебушка. И помагаат вежбите. Бевме со адвокат да видиме што се случило за тоа што е испишана како здраво бебе.Случајот е пријавен но засега нема ништо.не верувам ни дека ќе има. Ќе се заташка. Битно ми е бебка да е здрава. И да заборавам на ова лошо искуство.
Како е сега бебенцето? Се надевам ќе си напредува добро, и со вежби ќе го надмине овој предизвик од породувањето. Имаш пишувано во породилни приказни? Не сум те прочитала.
Мама те имам читано во други теми, посакувам многу здравје на бебушка А нив, правдата ќе ги стигне кога тогаш.
Здраво, како си? Те прочитав случајно низ темава. Ќе сакаш да ми кажеш како испадна кај тебе случајот? Како се породи, се сврте самото, го свртеа докторите или царски?
Е мене сега ова ми ствара толкава паника.. Значи знаеме на државно дека до последно тераат природно и со триста маки пак гураат природно. Џабе, која сум јас да им кажувам царски заради положба на детето. Стварно немам избор за на приватно, ни кредит да земам ни домашна заштеда ни ништо. Останува на Господ цела работа не ми се отвара форумов веќе. Толку работи имам научено ама и толку паники створено од разни искуства Не ми пишувајте дека не мора да значи дека кај секоја дека ќе е така, секоја бременост е различна, секое пораѓање е различно. Јасно е, биди позитивен после 1000 негативни работи. Знам дека не е пишано до лоша намера, ама што е со нас што немаме избор да бираме каде ќе се пораѓаме и каков ќе биде пораѓајот. Нервози до крај, да не помислиш на второ веќе Психа -100000
Не се секирај, ете мене на државно од старт ми рекоа мора царски заради положбата на бебето. Не се нервирај
Царски. Не се сврте до крај, мада докторот ми рече може и така природно само што е многу потешко и може да има последици одн бебето да се повреди а може и се супер да помине.
@elenaklasik постои ризик. И пак ќе појдам од мене. Сега да треба да раѓам бебе во таква положба би отишла на договорен царски. Не би ризикувала.
21+5 по истата логика, покасно за да е што поразвиен плодот. Исто и прв скрининг правев покасно, накај 13+4 бев. Но не за џабе е даден тој прозор од-до, секако дека може и порано, особено за искусен доктор не е проблем да увиди ако не дај боже нешто треба да се види и иследува понатаму. @gothchick не сакам напразно да те тешам, туку ќе ти го кажам она што и самата го мислам. Вистина е дека не е најпожелна позиција, но не е ни толку страшно. Јас верувам дека телото наше е паметно и дизајнирано за овој процес. Ако веќе се друго оди како што треба со пораѓајот, положбата најчесто се корегира ако не претходно, тогаш во текот на самиот пораѓај. Тука е и персоналот да помогне, има квалитетен персонал секаде. И јас читав пошто се заинтересирав, помалку од 5% од бебињата нема да се свртат, но и тоа секогаш не е индикација за сериозни последици. Многу работи може да тргнат наопаку во различни ситуации за кои не сме свесни, но се мали проценти и се надеваме дека нема да сме дел од такви статистики. Останува она клишето да сме позитивни и да се надеваме на најдоброто, затоа што најчесто и се излегува како што треба. Ти посакувам најлесен пораѓај и да дојдеш да не бодриш тука со позитивно искуство
Никакви вежби. Докторот ми е куќен пријател рече некој друг може би ги пораѓал вака, тебе не, сепак ти одлучи и џабе колку и да сакав природно се породив царски.
Која иронија сум. Кога беше трансверзално, се молев да се сврти надолу и правев вежби. И навистина до 31ва се сврти, ама како? Обратно. Бар тогаш не ми ни кажаа како е завртено, можда правилно беше, можда обратно. Еве на последен преглед, 35та недела исто беше надолу, ама завртено обратно. И докторов мој знае колку ми значи да е поставено правилно за природно, тука пред него се молев, издишував, ми велеше смири се, таман е. Викам само да е вака. И ќе биде рече. Тој пак, познавајќи го колку е внимателен и детален и воочува ризици, воопшто не ми навести за ваквата положба. Рече вака како што е ќе можело природно. Е ај сега. Дали дека ме знае паничарка или навистина не претставува голем проблем, не знам. Како и да е, со Господ напред, како треба да биде, така. И со царски ќе се помирам, само да сме во ред, здрави живи.
Немаат ли некој протокол? Индикации за царски? Или ако ми е пријател или ако платам ќе не породи како што треба. Ако не што биде нека биде.
Која недела си .. не толкувам сонови и се трудам да не ги мислам... можеби нема со сигурност да ти го кажат полот машко па женско или обратно... или ако одиш на повеќе мислења овој доктор вака овој друго и така нема шо да му ја мислиш уживај си..
Сигурно има протокол и царски се прави строго по индикација, а не по желба. Е сега, многу е важна стручноста на докторот кој треба да процени кога да пресече и да одлучи да се оди на царски.
Има некоја во бременост проблем со бубрег? Страшни болки имам од сабајле ,бев на нефролог има запушување,хидронефроза од втор степен. Рече или е камче заглавено во каналот негде пошто во бубрегот нема,или бебето стиска на таа страна со главата на бубрег. Ама бебето не е,бев и на гинеколог. Рекоа да се следи ако не се смири ке морало стент да ми стават. Ми рекоа кетонал да пијам за болките или спазмекс ако не се издржува. Ни тоа ни тоа не сум се напила од страв. Седам и трпам. Многу боли. Некоја искуство?
Jas pravev vtor skrining na 22+2. I nemoj da se sakletisuvas nemora da znaci deka ke ti se sluci pak istoto. Od bremenost do bremenost site kazuvaat deka imalo razlika.
Оф Ме заболе пред еден месец, изгледа во спиење лошо се имав наместено и ми се врати дежа ву од периодот кога имав страшни проблеми со камења во бубрег... Како паталец со долгогодишни маткања по нефролози и тестирања јас лично ни секунда не би мислела и би пиела секакви лекарства што ќе ми препишат ако видам дека работата оди натаму. Од таа болка многу пати имам завршено на итна и не е нешто што се трпи туку-така без лекарства, особено ако потрае. Само од себе никогаш не ми поминало Не знам колку те боли моментално ама ако веќе си се консултирала со лекар следи си терапија да не си правиш стресови. Сигурно матката притиска на нешто, дали бубрег, дали уретра. Не знам ако смениш позиција и лежиш на друга страна дали ќе има некакво подобрување...