За витамините нема да згрешиш и да си ги пиеш кецот,ама и ако си ја купиш 2ката можеш да ги пиеш и после пораѓај препорачани се и за време на доење
Оффф, многу ми е жал, знам низ што поминуваш. Јас имам искуство, хидронефроза од втор степен и лево и десно. Напиј се кетонал немој никако да трпиш. Мене ми ставаа инекции кетонал и дијазепам. Камчето изгледа го исфрлив во првите недели, па сега болките се зависно од тоа како ќе се наместат бебињата, ама не се константни, се зависи од нивна положба. Напиј се апче и прави си редовно контроли на урина. Кај мене првите силни болки се јавија во 14 недела, издржав досега, сега сум 34+, на последна контрола нефрологот ми кажа дека ќе биде ок, само 2 месеци по породување да ме види пак дали се вратило се во нормала.
Може и во таква положба природно да се породиш, само потешко излегува бебе. Компликации во смисла дека лицето ке му биде смачкано малце ама ке се оправи, со тие зборови ми рече. На крај си кажав жива и здрава да е како и да ја родам. Не се секирај, јас џабе се нервирав, колку жени раѓаат царски ни прва ни последна битно да сте живи и здрави.
Кај се породи баш ме интересира? Јас и друг доктор кога ме гледаше рече ке треба царски после уште еден а јас бев толку запната што го малтретирав докторов што ме пораѓаше до последно за природно...
Оф леле И мене сабајле од спиење ме разбуди болката незнаев што ми се случува,бубрези никогаш не ме болеле. Ке се напијам вечер пред спиење кетонал,сигурно нема да можам да спијам. Пробував сега положби секако ме боли. На десна страна па нема шанси легнав и боли корне На лева страна коа лежам како подобро да ми е.
Јас имав некаде 6 месец мислам дека бев кога ми се појави пиев спазмекс болката се намали подобро да пиеш нешто за болка отколку да трпеш тоа ми беше совет од докторот
Значи и кај тебе доагаат болките од бебињата кога притискаат кга се наместени чудно нели? Кај мене прееска беше со глава надоле ама цело тело на десно свртено а мене десен бубрег ме боли. А стент тебе ти спомнуваа да ти ставаат? Мене еве од сабајле како ме фати уште ме боли. Сабајле ептен страшно ме болеше сега помалце од тоа ама пак не е подносливо. Ке пијам кетонал. А решението што е за оваа хидронефроза? Тоа со стентот што ми спомнаа мене? Искрено многу се плашам,помодрев од болки А вака со кетонали поминува и тоа е тоа? Се сомневаат дека можда има камче заглавено во каналот а тоа неможе да го видат со ехо треба рендген ама дека бремена и несмеат.
И јас сум 6 месец,ке се напијам кетонал па ке следиме понатаму. Тебе ти помина од кетоналот и не те фати пак?
13та нед и некој ден. Инаку не сакам да одам на повеќе доктори, само мојата матична што е ако успее да види, дури среден месец сум.
Да, ми спомнуваа и мене уретарен стент (др што ме води беше убедена дека ќе мора) ама среќа не дојде до тоа, на вториот преглед рекоа дека ќе биде издржливо, не се влошува, само ако дојде до такви страшни болки, да не чекам ич. Полошо беше од десно, тоа бепче што е горе буташе со главата накај бубрегот и тогаш имав најсилни болки, после се сврте, сега е трансверзално, со нозете натаму и ме тепа во ребра, ама барем бубрегот попушти. Инаку баш тоа ми кажа нефрологот, дека како они ќе менуваат положба, така ќе се менува и интензитетот на болката. Гледав да не пијам често кетонали, ама кога се засилуваше не трпев затоа што докторката што ме води кажа дека е ризик за предвремено. Плус и инекции испримив, така што џабе би трпела. Како влегов во трет триместар, се поблага е болката, не знам зошто, ако ти е за утеха... Се надевам ќе остане во поблага форма и кај тебе, само бебуш да се смести удобно и да го попушти притисокот. Ама ако не се трпи, подобро да ти стават стент и да те ослободат, ми кажуваа дека не била болна процедурата во однос на што се минуваме низ бременост. За решение тоа е, нема друго стент или породување. Е ако остане камчето не знам баш какво е лекувањето, за утврдување рентген не смее, ама мислам може да го утврдат и при анализа на урина, затоа што ќе направи инфекција. Кај мене др беше сигурен дека сум го исфрлила затоа што на контрола околу 24 недела урина и уринокултура беа чисти.
@Sofi.ja јас бев минатиот пат со скратен цервикс од 24-26та недела, и без серклаж, и лежев до крај 37+5 се породив. Сега во 15++ мереше цервикс 38мм ми бил, јас секој ден сум со болки. Чисти брисеви, освен кандида, ставав полигинакс, сега го нема секретот, урина, уронокултура чиста. Се е во ред, болки нонстоп си имам, во препони и во пубична коска. Вика се е во ред, кое ширење на матка ќе беше ова, скоро цел месец ме боли стомак. И утрогестан ставам и пијам, и магнезиум 2 пати дневно и пак исто. Дали е нерв, незнам веќе, но ме плаши. Плус ново е што повторно огтт ми е како за првата бременост, изгледа пак ќе си бидам на инсулин, таман и метилдопа и весело ептен, плус болкиве Утре сум на контрола, ќе замолам за појас некаков совет, и за 2 недели да проверам огтт со венска крв, бидејќи ова сега беше од прст. Имам чувство дека нема да дочекам термин како и минатиот пат
@gothchick дали те боли кога се тегне бебето? Мене ме болат јајниците кога се протегнува, морам да се наведнам од болка. Како над бешика да ми седи, ме пецка, истегнува нешто и тогаш притисок ми врши ама поболно. Како е кај тебе?
Мене ми рече докторов вика неќам да те снајде ова со стентов да следиме една недела како ке биде вака па ке одлучиме. Дај Боже да се смири да не се влошува. Иначе јас само што се отарасив од инфекција. Имав Клебсиела во урина пиев 3 пати антибиотик и еднаш венски. Не се исчисти со ништо само со последниов што го пиев 21 ден. Минатата недела правев уринокултура чисто беше се конечно после толку време. Ама ова со бубрегот сега што ми се деси… Се надевам ке се смири и кај мене. Утре сум 26та полна недела,уште малце и ке влезам и јас во трето тромесечие. А викаш ова после порагај олеснува? Нема да не фаќа вака?
Баш те читав дека се изнамачи со инфекцијата, и сега кога видов дека и худронефроза викам аман бе мораше ли девојчево? Ама изгледа ова на испит не става, што се може да издржиме. Мојот доктор е многу оптимист, кажа дека е убеден дека ќе биде се во ред кога ќе се породам, само да не се забаталам без да ме провери, многу трудници страдале од ова, ама нас бројка ништо не ни значи, кога боли, боли без осет. Инаку и јас никогаш претходно не сум имала проблем со бубрези, ама бременоста се можела да донесе. Пробај да менуваш позиции, мислам и друга членка ти пиша, како ќе се вртиш ти така и бебе ќе се поместува, ако е само до неговата положба, ќе попушти болката. Јас и ја увиткував во ќебе таа страна што повеќе боли, ме смируваше топлото, иако ме фатија болките крај на август и беше и така претопло. И обавезно оди да те провери за една недела, дури и да помине болката, пак нека видат.
И јас тоа си викам незнам уште што може да ме снајде.. Ама тоа е ке издржиме се само да бидеме добри двајцата на крај. Ке одам обавезно да ме види пак,рече во контакт ке бидеме докторов. Ке видам што како ке биде,само нека поминува побрзо. Не сум знаела дека ваква болка може да постои искрено. Фала ти многу
Нема проблем, се надевам дека оваа ти била најсилната болка и понатаму ќе ја снема или ќе се ублажува ❤
@АнаМаријаД а што бидна со постелката, виде ли дали ти е крената нагоре? Прашувам пошто знам дека лежиш голем дел од времето, па ако веќе смееш да се раздвижиш можеби ќе му помогнеш на бебето да фати друга позиција што нема да ти прави притисок на уринарните канали. Ако не, барем со лежењето пробај да смениш. Убави совети ти даде Тес, пиши ни како си деновиве дали е подобрено.
Денес ја виде постелката рече ниско е уште ама во среда имам регуларен термин закажано за детално да види убаво со вагинална сонда. Ова денес беше набрзина за да ја видиме позицијата на бебето дали тоа стиска негде па ми прави болки вакви. Со глава надоле си е свртено се супер,понапредно за три дена ама постелкава уште е ниска. Да видиме во среда убаво што како па ке пишам обавезно. Фала што помисли