И јас да се пријавам во Среда сега 35 недела ќе бидам и имам менструални болки и малце болни стврднувања и ме фаќа паника понекогаш ,во Петок сум на контрола пак ,ајде од следна недела планирам да почнам да се спремам полека па со Господ напред.
Боли тегнењето, големи се бебушки и јаки. А тоа што те боли е дека притиска некој јајник, мене секој пат нешто ме притиска и јајник и надоле да се стегам и ребро, се нешто наоѓа. Мене ми се мили маки овие, обожавам дур мрда
Ти благодарам многу, и јас така знам, ама на некои форуми на фб, прочитав некои други мислења и затоа се испаничив. Фала ти најмногу на споделеното искуство, среќа излезе дека не се сипаници, но со оглед дека оди во градинка не е исклучена можноста да фати.Вака барем знам дека се ќе биде во ред. Фала ти најмногу, сега баш ми е полесно, среќа излезе дека не е сипаници, но и ако фати барем ќе знам дека јас не можам да фатам.
Девојки како се справувате со вагинални инфекции?Во првата бременост ништо немав, ама сега сум катастрофа.На брисеви во 12та недела ми излезе Гарднерела Вагиналис.Користев ацидосалус, ги повторив брисевите и пак истата инфекција а плус и кандида.Користев Неопенотран Форте, плус Ацидосалус.Два три дена беше ок, после пак исто.Страшно многу голем исцедок и непријатно чувство.На преглед сум во петок, па ќе видам што ќе ми даде матичната, но имам чувство дека ова никако не поминува.Дали имате вакво искуство и како сте се решиле од овие досадни инфекции? дали би можело да има било какво влијание на бременоста или плодот? Ужасно се чувствувам.
Земи и Лактогин пробиотик за вагиналната флора многу помага за инфекции такви баш. Нема штета пробиотик е само специјално намемет за флората доле што се уништува ради бактериите,ке ја обновиш и полесно ке ги излечиш.
И јас ја имав, со Амоксицилин таблети и Флажил вагиналети се тргна. Еритромицин не сакаше, Нео што си ги пишала исто не ми помогнаа ставав и макмирор, полигинакс и уште едни ги заборавив веќе, ројазол, белогент креми и јас од 12 до кај 20 недела се мачев имав уреоплазма, гарднерела и кандида заедно и гарднерелава не се тргаше никако. Од ДМ земав гел за миење и секоја вечер се плакнев. На плодот нема влијание, на бременоста може но не е морално. Може да скрати цервикс, да пукне водењак и слично ама ова ти го кажувам со цел да не се откажеш од третирање, зошто мачно е знам по себе од толку сменети терапии вагиналети и антибиотици.
Уживај си пол и не е толку битно битно е да си расте живо о здраво. Еве мене од 12 недела сакат да ми кажат што е јас несакам сега сум 32+ и сеуште незз какво ќе е ...
Алал да ти е што можеш да издржиш до крај без да знаеш А твојата интуиција што вели? Јас од старт имав некоја интуиција, ама додека не дојдоа резултати од пренаталниот си молчев да видам дали сум погодила.. и погодив
Хелоу мешиња Во петок 26 недела, утре сум на преглед на ендокринолог да види со малку покачениов шеќер во 120 мин. Инаку си ги најдов документите од првата бременост, тогаш ми правеле само на 60мин, ова прв пат вака со три боцкања. Ве читав за тоа скратување на грлото на матката, од страв реков да ми мерат иако не е практика без индикации некакви. Сѐ беше во ред, е сега ве читам за како било свртено напред назад само стресови ми правите не ми текнало бе мене да прашувам волку во детаљи, си се водам кон тоа дека ако има нешто ќе каже доктор што треба да направиме. Туку ноќеска многу лошо спиев, ме болеше доле лево како да ме затега и не можев место да си најдам. Се напив Ношпа и помина, сега ме боли десно лигаментите од страна најверојатно Малку ме фаќа паника и дека сум поправена веќе 9кг, овој период повеќе отколку во првата бременост. Ако значи нешто, бебето ми се водеше помало а сега понапред малку па се тешам дека од тоа е. Имајте убав ден
Многу сум нервозна, напната, ме иритира присуство на други луѓе. Не ми се зборува со никој, сѐ ми е непотребно замарање. Како сум на штрек овие дена, само чекам симптоми. Вчера една пријателка ѝ текна да сме се виделе оваа недела Сега им текна, а ги нема со месеци. Сигурно сега со трчаната доаѓам, ќе цврцкам кафе со стомакот до колена. Јас до во вц се влечам, не пак да одам по кафичи. Повеќе не ми се излегува ради напнатоста, инаку ми прекипе дома, ама ради што ми е сѐ неизвесно, немам волја за ништо. Плус, не ми е спремно дома. Ај за перење имам од првово дете алишта, ќе ги исперам и исушам во машина. Да ги средам во плакарче. Вчера, елката ја раскитивме, уште да ја здипли маж ми после и тек чистење со машина од прашини, менување постелнина. Жена сѐ и е на терет, ако не е средено. Транспортно купивме. Еј @Lina-Detelina ти реков кога ќе стигне, ќе ти кажам. Стигна, ама во подрум е. Да го качиме дома, да го отвориме и ќе ти сликам. А да си земеш во меѓувреме, дека толку е времето? или си зеде веќе? Па и да го видам треба, да знам душек дал ќе треба плус. Кај да барам душек сега..требаше со истата порачка. 3 цм душек од самото креветче е малку, така? Транспортер битно зедовме, и количка. И за останати работи, мене ми е ко во магла. Како ќе дојде - така. Реков, немам волја, немам сила од психички што сум изморена. Докторе, знам дека си уживаш на скијање, ама враќај се! 6 дена
Да, не знам што чекам и јас. Ќе нарачам онлјан од Тополино, Енци менци. Ќе се погоди, да се надеваме.
И мене ми стигна, транспортно нарачав. Подлогата нема ни 3цм. И цврста е како штица. Секако ќе треба душек.
Зависи од креветчето, на моето немаше ни 1 цм таа подлогата, тврда како штица, мораше душек за двете нивоа.
И јас имам две транспортни креветчиња, ќеркичката спие на првото ниво ( тоа што е за поголеми деца), ама мора душек.Сега не знам за горното ниво (тоа што е за новороденчиња) дали тука може да се стави душек?Планирам транспортното да го користам за новото бебе исто се надевам дека ќе биде добро.