Еве јас потполно те разбирам за жал. Многу години имам проблеми со камчиња во бубрези и се молев да не ме фати во бременост некој напад ама се случи во 17та и 19та недела. Буквално надвор беше ладно октомври некаде на крај, а јас бев мокра препотена од болки. Се појавив во болница како зомби, да не ги распознавав болките ќе мислев дека раѓам. И двата пати бев хоспитализирана, примав секакви лекарства за болки + антибиотици кои ги продолжив и дома, и бев преплашена. На ехото се виде застој и во двата бубрега, полно камчиња по бубрези, канали, бешика...катастрофа. Добив совет од докторката да не паничам доколку ме фати јака болка, туку да се напијам аналгин во комбинација со спазмекс, да лежам на болната страна и да дишам правилно. Се удавив во чаеви, пиев уве микс и брусница, јадев брусница константно и пиев вода на сила колку што можам повеќе. Еве сега сум 31+ и нема се повторено до толку да е страшно, освен кога ми мава бебето горе па осеќам тапа болка, а камчињата ги проверив на ехо скоро, ги имав пак, не сум ги исчистила сите. Немој да трпиш болки, многу не има со таква дијагноза, болно е и си викаш зошто мене, кај најде сега, да не му се случи нешто на бебето, дали осеќа кога ме боли и слично, барем јас тоа си го мислев. Обавезно оди си на редовни контроли, стегај заби, пиј си лекарства по потреба, ќе истуркаме до крај, не си сама
Ako imas uredna bremenost ednas mesecno ti e dovolno, pregled, krvna slika, mokraca. Jas odam pocesto od sto sum na patoloska i zamorno mi stana iskreno.
Да ти кажам мене како под тврдо ми се гледа. Не знам дали би требало на толку тврдо бебе да спие. А зошто не се става не горното ниво душек, нема да го држи ? А перничка се става на почеток?
Ист имам јас од едната страна е потврд за новороденче, од другата страна е помек. Има такви комбинирани.
Земавме транспортно креветче и ставивме душек купен од Лококроко, баш со напомена дека е за транспортно креветче и баш си дојде таман на највисокото ниво. Димензии искрено појма немам, тие работи мм. Иначе, од 31 недела сѐ ми е испрано, испеглано, здиплено зошто ме фати некој страв дека нема да можам како ќе се ближи времето. Деновиве и тробата за болница ќе ја спремам и нозе у вис.
Нема да го држи плус се смета за небезбедно дека нели душекот е висок. Моето не ми личи стварно толку многу тврдо. Апсолутно не е ко душек, ама не е до толку тврдо. Ќеркичката спиеше на него, сега и синчето.
Изгледа е повисоко горното ниво кај твоето креветче, кај моето негде на средина доаѓа и наменето е така за да има и повисок душек. Јас дури не можев со раната на почеток да ја кревам ми беше ниско и од таму, а за погоре нема опција. Ќе си видат според креветчето најверојатно кај сите е различно.
Zdravo, dali nekoja od vas imala miom i kako ja isterala bremenosta, na sekoj pregled mi go potenciraat miomot deka postoi a ne kazuvaat sto moze da napravi
Може, се става. На двете транспортни ставав душек и на двете нивоа, не го ставав да спие на тоа како картон што оди со креветчето. Ќе си земеш тврдо душече, не меко, има разни димензии во висина.
Оф леле многу ми е жал што има и други како мене. Вчера коа ми се случи тоа реков леле зар и други жени вакви болки трпат. Не сум знаела дека бубрег може да боли така. Јас неможам на таа страна кај запушувањето да лежам многу боли. На спротивната лежам и подобро ми е некако. Синоќа изгурав некако денес помалце ме боли од вчера ама упте боли,вљљда треба неколку дена за да се смири скроз. Се надевам нема да ме фати вакво нешто пак. Истрпев без кетонал тоа најјакото,незнам ни сама како ама успеав. Сега ептеен е смалена болката од вчера ама уште е присутна. Се надевам утре задутре ке се смири скроз. Фала ти многу на одговорот
Како се справувате со mood changes? Има денови сум ок, ама има денови сум темпирана бомба. Немам трпение ни дома, ни на работа. Дома ајде некако мм колку толку сфаќа и се трга, не навлегува во дискусии. Ама на работа веќе мислам дека се приметува, ептен сум snappy на моменти. Денес ме фати таква нервоза, ми доаѓа да се соберам и да си одам пошо имам некоја нервоза и ми е страв да не се истурам на некој од колегите.
Јас имам и истерав бременост, имам двомесечно бебе. Зависи каков ти е миомот, треба да прашаш дали е ризичен или не.
Каде се наоѓа и колкав е? Можеби ти го спомнуваат чисто бидејќи го гледаат, како информација. Да бил нешто проблематичен, претпоставувам дека ќе кажеле. И јас имам миом, истерав една бременост нормално, а сега оваа ми е втора. Ако не прашам сама, не ми го ни спомнуваат. Пред првата бременост, правев хистероскопија за септум и докторот што ми ја правеше, ми рече дека не го ни чепкал миомот бидејќи не пречи. И при породување (царски), докторката кажа дека си стои и не пораснал. Мојот е на надворешен ѕид, не е внатре во матка.