Многу тешко, јас ем сум изолирана, сама, ем пак избувнувам за глупости, особено ако ме побараат моиве на тел и ме прашуваат глупости. А ако одиш на работа, секоја чест како се воздржуваш, јас да одев ќе ме избркаа досега. Моментално ич не комуницирам со никого (не дека е решение, ама ги штитам односите). Гледам да избегнувам да зборам за бременоста со други, затоа што ако ме прашаат и се пожалам (а стварно ми е мачна, еден ден немам мирен и за фалење) одма муабетот е ај со помин да е, ни прва ни последна. Е од таа узречица коса ми се крева! Вчера мм си го окрка, ги отворив душечињата што ни ги доставија со креветчињата и беа пожолтени, грозни и плачев 2 саати дека не средив тоа на време, дека маж ми ме избрзал со купување без да видам, па дека нема една асална веб продавница со сите потребни информации и со плачење натегнав хеланки и се однесов во Симпо да купувам други. И така, многу весело, среќа пак ќе речам што претежно сум сама.
Исто... или "ееее чекај, уште сега ти е мачно, ами кога ќе се роди хехе? Одмарај сега додека уште можеш ХЕХЕ." Море марш. Избегавам луѓе генерално. А на маж ми јака му душа, се труди да ме разбере ама не му успева баш што е и реално. И тако сваки дан, само чекам нешто да помине, а што да помине неам поима, секој ден има по некој предизвик...
Девојки од која недела почнавте да осеќате менструални болки? Јас сум полна 33 недела и денес почнав да ги осеќам
Јака им душа на тие околу мене, само тоа ќе кажам. И на работа ме примеќаат и дома и другарки... Имам среќа што се многу толерантни, инаку сум многу многу незгодна. Трпение никакво, избувнувам за 100% повеќе. Не ми се беше случило да се скарам со медицинска сестра, сега и тоа се случи. Двапати. Ама се искритикував па и јас... Ама да, како натемпирана бомба сум голем дел од времето и не се снаоѓам баш и се крстам на тоа да ми се прогледа низ прсти.
Катастрофа, и јас се повлеков од многу интеракции со луѓе баш поради вакви коментари. Не ни давам мое мислење во дискусии веќе бидејќи не можам да се објаснувам со луѓе, само се нервирам. Кој како мисли нека си тера, само да ме остават со совети, демек за мое добро. А со мм знам дека на моменти се понашам многу дрско, само ако не се истурам на него немам на кој. А на работа воздржувањето ми е многу голем предизвик, посебно пошо иам краен рок за проект кој треба да се заврши пред да заминам на трудничко, а колегата кој е со мене на проект не се замара воопшто. Ми доаѓа да кренам раце одредени денови, ама не сум таков човек.
И јас се приметувам на работа дека подрска станувам. Повеќе трпение имав, сега веќе не. Мислам дека е и заради притисок што си ставам зошто имам поодговорна позиција, доста обврски и работи што треба на други луѓе да предадам и малце и мене ме фаќа паника како ќе се заврши се а немам уште многу време. А дома обратно од тоа, со маж еднаш не сме се скарале. Ама и он е срцка некако и не ме нервира. Ама работава... си викам да издржам уште малце пред да направам некоја глупост
Јас пак сум многу смирена, не ме нервира ништо, трпелива сум и расположена најчесто, ме фаќа од време на време анксиозност и тогаш имам емотивни испади, ама ќе си поплачам и ќе ми помине. Генерално сум изненадена од тоа колку сум чил.
Тука веќе и не е само до твоите хормони, баш кога треба да имаат разбирање дека си под притисок и со рокови, ти имаш колега кој никако не може да ја сфати ситуацијата во која се наоѓаш, не соработува и нормално дека тоа фрустрира. Стварно се безобразни. Мене на почеток дел од колегите се обидуваа да ме вадат од колосек, за се оставено уредно упатство и во електронска и во печатена форма, ем најавено дека ќе ме нема подолго и пак за глупости ме бараа. Све сум откачила, вадејќи се на хормони и сега ретко ама пак се обидуваат да ме добијат и да ми набијат грижа на совест што сум ги "оставила" во густо. Ко божем можев да бирам јас.
Хаха истиов колега ме прашува дали сум требала толку често да јадам ако сум трудна.... а јас си гризнувам мали оброци цело време пошо ми се лоши ако имам голем оброк наеднаш. Абе ми крева притисок на работа секој ден, можам и да не се замарам воопшто, си има менаџер тој нека се справува со вакви работи, ама не сум таков човек едноставно, сакам да го завршам проектот навреме како што треба.
И јас имам миом. Ми го виде Докторка на ГАК лани кога имав вонматерична, кога лежев таму. Матичниот пак никогаш ми го нема спомнато, ниту пак некој друг во оваа бременост. А ни пак мене ми текнало да прашам. Сега си викам ако растел или бил опасен сигурно ќе ми кажеа. Колку што знам на мајка ми и се отстранил со порајѓај.
А ти да му вратиш "а ти мора да сереш на секое". Идиотлаци. Јас сум раздразлива, особено деновиве кога лежам повеќе, ги набив колковиве од лежење. И прееска уште сестра ми на телефон ми вели "ајде, нема абер тоа" демек за бебето да излезело. Па да сум шетнувала по малку. Не се закарав, немав сила, ама си мислам сестро, ај гледај си го своето. Ама инаку, главно како што ми доаѓа така си зборувам со околниве луѓе, што на ум тоа на друм. И користам прилика и пред свекорите да бидам директна Сѐ одзема енергија, и зборување и нервирање. Мака ми е да се објаснувам со други, затоа не ги ни барам, нејќам да ме бараат.
Сељак. Тој гарант и на жена му ќе и брои залаци кога ќе биде трудна и ќе и попува за нејзината матка.
Правев позитивни тестови за бременост, но уште сум 4+6 дена и плодот не се гледаше на ехо денес. Денес прокрварев малку и многу ми е страв, гинекологот ми даде упат за да потврдиме бременост утре па да ми даде терапија, кој ќе дочека…
Јас во прва бременост бев катастрофа со расположение, не знам како ме трпеа во околина Сега поокеј е, не знам зошто така Се наоѓам некогаш ќе се замислам што см нервозна, и иствари мене не ми ни текнива Полна 34та денес мешиња, следна недела безбедна зона сметам и веќе да почнам да спремам, да чистам итн. Добро беше до сега, како што се плашев премнг поради конизацијата, ич позитивно не размисливав, ми беше страв, а си остана 2.4/5цм долго грлото до сега Бев релаксирана цела бременост психички во дел на царски итн, сега па се ближи па ми е малце страв Болка доле осеќам ептен, не знам што ќе беше ова, да не можам да кренам нозе да се облечам, не можам да стојам на една нога, тогаш е најсилна болката И се осеќам тапа во последно време, ништо не можам сама, се зависам од некого, се изнаплакав пред некој ден, ако не е дома мм, малава ми помага ми вади алишта од машини итн, оти не можам да клечам Тоа па сака ептен да чепка се, по машини, да мие садови, поголема сатисфакција за неа од тоа нема Од бебето мора се да прочепка, прво да види она, да проба дали и е таман, што ќе правиме ко ќе стигне оф мори мајко Не оди в градинка моментално и не знам дали да оди, не се навикна до сега, секој ден солзи А сега и бебе мало, ќе носи вируси она дома, на 100 мислења см, а реално имам кој да ги причива и двете здравје ако ми притреба нешто И на работа да тргнам, па пак има кој... може догодина би одела сосе брат и во градинка Не знам што да праам, давајте совети вие со две дечиња што ќе сте, како планирате, што праите Тоа е од мене мешиња Поздрав
Епа затоа и најчесто се исклучувам од се и не комуницирам со никој, пошо ми одзема енергија. Ме нервираат и совети и замерки, се ме живцира. Некогаш и мм ми се лути зошо сум чутела дома ама поарно да чутам него да се искараме за нешто. Вчера баш ми беше лош денот, неспиена, уморна, и само шо влегов дома после работа осетив нервоза кога ме праша мм како си поминав на работа. И после цела вечер бев нервозна кон него, а човекот нишо не направи стварно. Ај тој донекаде ме разбира, ама не знам на работа како ќе издржам, многу се нервирам за ситници и ми се собира на крај на денот и на раб на нервен слом сум, мислам дека ептен малце фали да се истурам на некој ни крив ни должен. И периодот се погоди стресен со многу рокови, и јас хормонална, со Господ напред на колегите, не знам.
До кога си на работа? Што те ослободува психички и релаксира, тоа да правиш. За контакти и муабети колку можеш веќе и одбегнуваш. Друго што да кажам, не сум паметна, пошо и јас сум со краток фитиљ. Б6 пиј си
Уф имам уште бајаги на работа, скоро уште 3 месеци може. Ќе видам како ќе биде периодов, ако продолжи вака ќе барам или порано да го отворам трудничкото или некако да работам сама, изолирана од останатите. Физички можам да кажам дека лесно ми помина бременоста, ама хормонално ме потепа ептен. Тотално сум непредвидлива, има денови мотивирана сум ептен, денови од дома не ми излегува, раздразлива и нервозна сум константно, ич не си се свиѓам во понашањето моментално. Ни килажата, ни промените на телото, ништо апсолутно не ме допира колку оваа промена. Се надевам се ова се средува после пораѓај.